ИД на напис : 00278231 / Последна промена : 20.06.2022Отпечати

Како да го ресетирате вашиот телевизор од Sony со или без далечинскиот управувач (стандардно ресетирање, ресетирање на напојувањето или фабрички поставки)

    Во овој напис ќе разгледаме неколку опции за решавање проблеми на вашиот телевизор, во зависност од видот на проблемот што се појавува:

    1. Телевизорот реагира и може да пристапите до менито на телевизорот преку далечинскиот управувач. Сепак, се појавуваат специфични проблеми: на пр. апликацијата паѓа или се блокира, телевизорот неочекувано се исклучува и вклучува или се појавуваат изобличувања на сликата или звукот.
      Можете да извршите:
      1. Soft reset (Стандардно ресетирање) (Android TV и Google TV)
      2. Power Cycle (Ресетирање на напојувањето) (сите телевизори)
      3. Factory reset in the Settings menu (Враќање на фабричките поставки во менито со поставки) (сите телевизори) → прескокнете на овој дел од написот
        ​​​​​
    2. Телевизорот не реагира и не може да пристапите до менито на телевизорот преку далечинскиот управувач: на пр. телевизорот е блокиран, не се вклучува, не прикажува слика или постојано се рестартира. Не можете да направите ништо со далечинскиот управувач и не можете да пристапите до менито со поставки.
      Можете да извршите:
      1. Power Cycle (Ресетирање на напојувањето) (сите телевизори)
      2. Manual Factory Reset with buttons (Рачно враќање на фабричките поставки преку копчиња) (Android TV и Google TV)

    Обидете се со секој чекор ако одговара на вашата ситуација пред да продолжите на следниот. Ако не сте сигурни за типот на вашиот телевизор, проверете дали вашиот телевизор BRAVIA е Google TV, Android TV или друг тип [English].



    Стандардно ресетирање преку далечинскиот управувач (ANDROID TV и GOOGLE TV)

    Стандардното ресетирање не брише ниту една информација и е безбеден начин за решавање мали проблеми. Можете да го користите далечинскиот управувач за да го започнете стандардното ресетирање или за да отидете во менито со поставки на телевизорот:

    Опција 1: Принудно рестартирање на телевизорот со копчето за напојување на далечинскиот управувач. Во зависност од моделот, можете:

    1. Да го притиснете и задржите копчето POWER сè додека телевизорот не се исклучи и рестартира
      или
    2. Да го притиснете и задржите копчето POWER сè додека не се прикаже мени, па изберете Restart (Рестартирај)

    Опција 2: Принудно рестартирање на телевизорот во поставките на телевизорот.


    Ресетирање на напојувањето (сите телевизори)

    Ресетирањето на напојувањето не брише ниту една информација и е безбеден начин за решавање мали проблеми кога не можете да го користите далечинскиот управувач. Телевизорот нема да се оштети ако го извадите кабелот за напојување на телевизорот од штекер без да го исклучите телевизорот.

     

    1. Исклучете го кабелот за напојување на телевизорот од штекерот. Оставете го исклучен 30 секунди.
    2. Приклучете го кабелот за напојување во штекерот.
    3. Ако телевизорот не се вклучи, употребете го копчето за напојување на телевизорот за да го вклучите.
      (Совет: ако телевизорот се вклучи по чекор 3, но сè уште не можете да ракувате со него, проверете ги батериите во далечинскиот управувач.)

    Примери за локации на копчето за напојување


    Враќање на фабричките поставки (сите телевизори)

    Ако претходните чекори не функционираа, но можете да пристапите до поставките на телевизорот преку далечинскиот управувач, обидете се да извршите враќање на фабричките поставки. Овој вид на ресетирање го враќа телевизорот на неговите оригинални фабрички поставки и може да реши посериозни проблеми.

    Ако не можете да пристапите до менито со поставки за телевизорот, извршете рачно враќање на фабричките поставки (се однесува на Android TV и Google TV).

    ПРЕД ДА ЗАПОЧНЕТЕ: Откако ќе го завршите ресетирањето, ќе мора повторно да го извршите почетното поставување, слично како при првото активирање на телевизорот. Враќањето на фабричките поставки ги отстранува сите приспособени поставки на телевизорот, вклучувајќи ги и поставките за сметката на Google, апликациите, каналите и поставките за безжична мрежа.

    1. На далечинскиот управувач, притиснете го копчето копче Брзи поставки(копче Брзи поставки), копчето HOME или копчето ACTION MENU во зависност од телевизорот/далечинскиот управувач.
    2. Изберете го запченикот за поставкиили стрелката
    3. Следните чекори се разликуваат во зависност од опциите во менито на телевизорот (A, B или C):
      1. Изберете System (Систем) → About (Повеќе информации) → Reset (Ресетирање) → Factory data reset (Враќање на фабричките поставки) → Erase everything (Избриши сѐ) → Yes. (Да.)
      2. Изберете Device Preferences (Претпочитани вредности за уредот) → Reset (Ресетирање) → Factory data reset (Враќање на фабричките поставки) → Erase everything (Избриши сѐ) → Yes. (Да.)
      3. Изберете Storage & reset (Мемориски простор и ресетирање) → Factory data reset (Враќање на фабричките поставки) → Erase everything (Избриши сѐ) → Yes. (Да.)

    Враќањето на фабричките поставки може да трае неколку минути. Почекајте да заврши постапката. Кога ќе заврши постапката за враќање на фабричките поставки, телевизорот ќе го започне почетното поставување.

    Алтернативно: користете го копчето HELP на далечинскиот управувач за да извршите враќање на фабричките поставки


    Рачно (принудно) враќање на фабричките поставки (ANDROID TV и GOOGLE TV)

    Ако не можете да пристапите до менито со поставки за телевизорот преку далечинскиот управувач, извршете рачно (принудно) враќање на фабричките поставки со помош на копчињата на телевизорот. Овој вид на ресетирање го враќа телевизорот на неговите оригинални фабрички поставки и може да реши посериозни проблеми (на пр. неочекувано рестартирање на телевизорот).

    ПРЕД ДА ЗАПОЧНЕТЕ: Откако ќе го завршите ресетирањето, ќе мора повторно да го извршите почетното поставување, слично како при првото активирање на телевизорот. Враќањето на фабричките поставки ги отстранува сите приспособени поставки на телевизорот, вклучувајќи ги и поставките за сметката на Google, апликациите, каналите и поставките за безжична мрежа.

    Како да извршите рачно враќање на фабричките поставки со помош на копчињата на телевизорот

    Начинот на извршување рачно ресетирање се разликува во зависност од бројот на копчиња што ги има вашиот телевизор:

    1. Само едно копче на телевизорот: Копчето за напојување се наоѓа во долниот централен дел или на левата страна од телевизорот кога се гледа однапред.
    2. Три копчиња на телевизорот: копчето за напојување и копчињата за јачина на звук се наоѓаат на десната или левата страна од задниот дел на телевизорот.
    3. Повеќе од три копчиња на телевизорот.

    Ако не можете да ги најдете копчињата на телевизорот, погледнете го водичот за запознавање или водичот со препораки за телевизорот кои се достапни на страницата за вашиот производ на овој веб-сајт за поддршка.

    Следете ги упатствата според бројот на копчињата на вашиот телевизор:

    Тип A: Моделот на вашиот телевизор има едно копче

    Тип B: Моделот на вашиот телевизор има три копчиња (левата, десната или задната страна на телевизорот)

    Тип C: Моделот на вашиот телевизор има повеќе од три копчиња