Пријавете се веднаш за да ги добивате нашите најнови вести и ограничени понуди. Кликнете на линкот подолу за да не пропуштите ништо.
Нашата револуционерна технологија 360 Spatial Sound Mapping создава максимум дванаесет фантомски звучници со помош на четири реални звучници. Еве како.
Дали сакате да го погледнете видеозаписот за 360 Spatial Sound Mapping на вашите омилени уреди? Ставете ги вашите слушалки и уживајте.
Во овој видеозапис, двајца професионалци за звук од Sony Pictures Post Production Services говорат за нивното искуство со HT-A9 и како 360 Spatial Sound Mapping ги прави филмовите пореални.
Ве молиме прифатете ги колачињата на Youtube за да го погледнете видеото
Отворете ги опциите за колачиња подолу и вклучете ги колачињата на Youtube во делот „Functional“ (Функционални).
Продуцентот и креаторите на Gran Turismo, популарна игра за трки со автомобили, говорат за нивното искуство со телевизорот BRAVIA XR и HT-A9.
Системот ќе ве опкружи со повеќе фантомски звучници од сите страни и ќе го оптимизира звучното поле за да ги слушнете сите замавнувања на крилјата и шумови на ветерот со неверојатен интензитет. Исто како вие и вашата дневна соба да сте во филмот.
Нема потреба од преуредување на мебелот или прецизно поставување на звучниците. HT-A9 има по два микрофони во секој звучник со кои паметно ја мери нивната релативна висина и положба, овозможувајќи му на системот да генерира дванаесет фантомски звучници и да ја исполни целосно вашата соба со прекрасен просторен звук.
Ставете ја контролната кутија покрај телевизорот и поврзете ја преку HDMI. Четирите звучници ќе се поврзат безжично со контролната кутија за да нема кабли низ вашата просторија.
Активирајте ја оптимизацијата на звучното поле во секое време со активирање на функцијата за лесно поставување од почетното мени на телевизорот. Системот за домашно кино HT-A9 интелигентно го мери растојанието помеѓу звучниците и таванот заради лесно и паметно поставување.
Нашите звучници се дизајнирани со најсовремени технологии за да испорачаат врвен квалитет на звук и високо ниво на насочување што се потребни за 360 Spatial Sound Mapping.
Уживајте во музиката така како што замислиле изведувачите, со звук со висока резолуција и кристално чиста прецизност. Или, пак, откријте нов начин на слушање со 360 Reality Audio што ќе ви овозможи да се чувствувате како на концерт во живо или во музичко студио. Со системот за домашно кино HT-A9, вашата музика ќе биде реална како никогаш досега.
A = Проширена динамика на звукот (жици и детали тивки како шепот)
B = Обновени високи фреквенции (реални вокали и акустика)
Користејќи Edge-AI (вештачка интелигенција), DSEE Extreme™ (процесор за подобрување на дигиталниот звук) го подобрува квалитетот на компресираните датотеки со музика во реално време. Вршејќи динамичко препознавање на инструменти, музички жанрови и посебни елементи од сите песни, како вокали или интервали, тој ги обновува високите фреквенции на звукот што се изгубиле при компресијата и создава побогато и целосно доживување при слушањето.
Гледајте живописни сцени исполнети со реални бои и длабочина. Оригиналниот квалитет на сликата се зачувува при репродукција преку системот за домашно кино HT-A9 за да можете да уживате максимално во филмовите. И игрите се повозбудливи и пореални поради поддршката за најновите формати, како што се VRR и автоматскиот режим со мало доцнење (ALLM) на HDMI 2.1.
Уживајте во прекрасни игри и филмови со оптимизирани поставки за слика од автоматскиот HDR со мапирање на тонови и режимот на слика со автоматски жанр, кога ќе поврзете телевизор BRAVIA XR™ и PlayStation®5 преку овој производ.
Ако додадете изборен сабвуфер за ниски фреквенции во вашиот систем, тогаш системот ќе репродуцира звуци со голема јачина како никогаш досега. Достапни се два модели што се дизајнирани да создадат подлабок бас, појасни вокали и поголема реалистичност во сите содржини што ги слушате.
Длабок и богат бас од 300 W преку звучник од 180 мм со пасивен радијатор.
Компактен сабвуфер со рефлективен бас и звучник од 160 мм за звук со моќност од 200 W.
Моќен бас преку звучник од 130 мм.
Ако го впарите со телевизорите BRAVIA™, HT-A9 ќе ви го понуди најдоброто аудио-визуелно доживување со нашата најдобра слика и квалитет на звук. Совршен систем за опкружувачки звук за телевизорите BRAVIA.
Ако го поврзете со телевизори BRAVIA користејќи го испорачаниот кабел, тогаш звучникот на телевизорот ќе добие улога на централен канал за звук во вашиот систем за домашно кино и ќе стане дел од системот за 360 Spatial Sound Mapping. На овој начин, звукот се усогласува прецизно со сликата на екранот и добивате прекрасно доживување.
Компонентите се поврзуваат совршено со телевизорите BRAVIA. Контролирајте ги поставките и јачината на звукот преку управувачот на телевизорот и проверувајте го статусот на системот за звук. Благодарение на вградениот UI, поставките за системот за домашно кино се појавуваат во менито за брзо поставување на телевизорите BRAVIA.
Добијте лесен пристап до популарните услуги за музика како Spotify и проследувајте ги сите ваши омилени албуми и листи за репродукција преку Chromecast и Apple AirPlay 2. Поканете го целото семејство и забавувајте се.
Проследувајте музика безжично од вашиот паметен телефон, таблет-уред или лаптоп преку технологијата Bluetooth®.
Поврзете се на интернет преку вградениот Wi-Fi или LAN и проследувајте музика од уреди на вашата домашна мрежа.
Репродуцирајте од Spotify директно преку вашиот звучник користејќи ја апликацијата Spotify Connect™ во вашиот уред како далечински управувач.
Проследувајте музика, онлајн радио и podcast содржини од вашиот паметен телефон, таблет-уред или лаптоп кон вашиот аудио уред. Само допрете го копчето за проследување.
Споделувајте музика од вашите уреди од Apple кон вашиот систем за домашно кино. Сето тоа е можно со допир.
Системот за домашно кино е компатибилен со уреди со Google Assistant и Chromecast built-in и уреди со Amazon Alexa. Додајте го HT-A9 во вашата група звучници преку Google Home за да репродуцирате музика, да ја промените јачината на звукот или многу други функции со помош на вашиот глас.
HT-A9 е еден од нашите најнови системи за звук за во домот, дизајнирани со концепт за повеќенасочен блок. Цилиндричната форма претставува цврст блок и создава 360 Spatial Sound. Совршен е за поставување до ѕид поради неговата рамна задна површина. Светлата бисерно-сива боја одговара на ѕидови, полици и други елементи од ентериерот.
HT-A9 е речиси подготвен за користење штом го извадите од кутијата. Треба само да го приклучите во струја, да го поврзете во приклучокот HDMI на телевизорот и да го вклучите напојувањето. Приклучоците LAN, HDMI IN и HDMI OUT (eARC) ќе ви овозможат да уживате во ново доживување со просторен опкружувачки звук.