Сите спецификации и функции
HT-A9
Сите спецификации и функции
Засилувач
- Тип на засилувач
- Дигитален засилувач, S-Master HX
- Канали на засилувач
- 12-кан.
- Излезна моќност (вкупна)
- 504 W
Интерфејс
- Влезни и излезни приклучоци
- USB typeA(само за ажурирање на фирмвер), етернет, S-Center Out
- Верзија IEEE802.11
- IEEE 802.11 a/b/g/n/ac
- Bluetooth®
- RX(приемник)/TX(предавател)
- HDCP2.2
- Да
HDMI®
- Број на влезови/излези
- 1 / 1 (eARC/ARC)
- eARC
- Да
- 4K/60p/YUV4:4:4
- Да
- HDR
- Да
- Компатибилност со Dolby Vision™
- Да
- HLG (Hybrid Log-Gamma)
- Да
- VRR (Taux de rafraîchissement variable)
- Да
- ALLM (Автоматски режим со мало доцнење)
- Да
- BRAVIA Sync
- Да
- HDMI® CEC
- Да
Аудио формати
- HDMI влез
- Dolby Digital, Dolby Digital plus, Dolby TrueHD, Dolby Atmos, Dolby Dual mono, DTS, DTS HD High Resolution Audio, DTS HD Master Audio, DTS ES, DTS 96/24, DTS:X, LPCM
- HDMI eARC
- Dolby Digital, Dolby Digital plus, Dolby TrueHD, Dolby Atmos, Dolby Dual mono, DTS, DTS HD High Resolution Audio, DTS HD Master Audio, DTS ES, DTS 96/24, DTS:X, LPCM
- BLUETOOTH®-КОМУНИКАЦИЈА (ПРИЕМНИК)
- AAC, SBC, LDAC
- BLUETOOTH®-КОМУНИКАЦИЈА (ПРЕДАВАТЕЛ)
- SBC, LDAC
Функција за звук
- Режим на звук
- Автоматски звук, кино, музика, стандардно
- Звучен ефект
- Ноќен режим, режим за гласови, Immersive Audio Enhancement
- Технологија за виртуелен опкружувачки звук
- 360 Spatial Sound Mapping, Dolby Surround, Nural:X
Мрежна функција
- Мрежна функција
- Chromecast built-in, Spotify Connect, копче за услуги за музика, Google Home, може да се користи со Google Assistant
Детали
- ПОТРОШУВАЧКА НА ЕНЕРГИЈА *ПРИБЛ
- Контролна кутија 15 W / Звучник 22 W
Функции за PlayStation®5
- Компатибилност со АВТОМАТСКИ HDR СО МАПИРАЊЕ НА ТОНОВИ (проследување)
- Да
- Компатибилност со РЕЖИМ НА СЛИКА СО АВТОМАТСКИ ЖАНР (проследување)
- Да
Еколошки функции и заштеда на енергија за контролната кутија
- Потрошувачка на енергија (исклучен режим)
- недостапно
- Потрошувачка на енергија (режим на подготвеност)
- 0,5 W
- Потрошувачка на енергија (режим на подготвеност во мрежа) - приклучоци
- 2,4 W (Ethernet, WiFi, Bluetooth, сите приклучоци и мрежи поврзани*) **Wi-Fi-приклучокот има функција за рутер со која може да се проследуваат аудио податоци до друг аудио производ од Sony (SA-SW3, SA-SW5).
- Режимот на подготвеност е активиран
- По 20 минути
- Режимот на подготвеност во мрежа е активиран – приклучоци
- По 20 минути (етернет, Wi-Fi®, Bluetooth®)
- Преклопник за вклучување/исклучување на безжична(и) мрежа(и)
- За да ги вклучите функциите за WiFi и BT, притиснете го копчето „HOME“ и изберете го следното. 1. [Setup] - [Advanced Settings] - [Network Settings] - [Wi-Fi Connection] - [On/Off] 2. [Setup] - [Advanced Settings] - [Bluetooth Settings] - [Bluetooth Mode] - [Receiver/Transmitter/Off]
Еколошки функции и заштеда на енергија за активни звучници
- Потрошувачка на енергија (исклучен режим)
- 0,5 W
- Потрошувачка на енергија (режим на подготвеност)
- Не е достапно
- Потрошувачка на енергија (режим на подготвеност во мрежа) - приклучоци
- 1 W (Wireless Sound Specification верзија 4.0, сите приклучоци и мрежи поврзани)
- Режимот на подготвеност е активиран
- По 20 минути
- Режимот на подготвеност во мрежа е активиран – приклучоци
- По 20 минути (Wireless Sound Specification верзија 4.0)
- Преклопник за вклучување/исклучување на безжична(и) мрежа(и)
- За вклучување/исклучување на безжичната мрежа, вклучете/исклучете го звучникот со притиснување на копчето за вклучување на долната страна.
Функции
360 Spatial Sound што се прилагодува кон вашето опкружување
Нашата револуционерна технологија 360 Spatial Sound Mapping создава максимум дванаесет фантомски звучници со помош на четири реални звучници.
Доживување со 360 Spatial Sound - чувствувајте се како да сте во сцената
Системот ќе ве опкружи со повеќе фантомски звучници од сите страни и ќе го оптимизира звучното поле за да ги слушнете сите замавнувања на крилјата и шумови на ветерот со неверојатен интензитет. Исто како вие и вашата дневна соба да сте во филмот.
Различен распоред за сите дневни соби
Нема потреба од преуредување на мебелот или прецизно поставување на звучниците. HT-A9 има по два микрофони во секој звучник со кои паметно ја мери нивната релативна висина и положба, овозможувајќи му на системот да генерира дванаесет фантомски звучници и да ја исполни целосно вашата соба со прекрасен просторен звук.
Поврзете се безжично
Ставете ја контролната кутија покрај телевизорот и поврзете ја преку HDMI. Четирите звучници ќе се поврзат безжично со контролната кутија за да нема кабли низ вашата просторија.
Оптимизација на звучното поле
Активирајте ја оптимизацијата на звучното поле во секое време со активирање на функцијата за лесно поставување од почетното мени на телевизорот. Системот за домашно кино HT-A9 интелигентно го мери растојанието помеѓу звучниците и таванот заради лесно и паметно поставување.
Иновативен дизајн на звучници
Нашите звучници се дизајнирани со најсовремени технологии за да испорачаат врвен квалитет на звук и високо ниво на насочување што се потребни за 360 Spatial Sound Mapping.
Звучник насочен нагоре (X-Balanced Speaker Unit)
Овој X-Balanced Speaker Unit го одбива звукот од таванот за да добиете прекрасен звук што се распространува над вас.
Вуфер со високо ниво на насочување (X-Balanced Speaker Unit)
Го намаливме ефектот на шуплина на новиот X-Balanced-вуфер со високо ниво на насочување преку минимизирање на длабочината на неговата конкавна форма.
X-Balanced Speaker Unit
Уникатната правоаголна форма на овие звучници максимално ја зголемува површината на мембраната за да добиете побогат бас. Исто така, го намалува движењето на мембраната без да го намали звучниот притисок што резултира со помало изобличување и поголема острина на вокалите.
Високотонец од 19 мм од тип со мека купола
Овој високотонец од 19 мм од тип со мека купола работи заедно со вуферот за да создаде јасен и природен звук со средни до високи фреквенции.
Предна плоча со засечени рабови
Предната плоча е дизајнирана со засечени рабови за да се намали прекршувањето на звукот што се одвива на рабовите на звучникот.
Уживајте во музика со врвен квалитет
Уживајте во музиката така како што замислиле изведувачите, со звук со висока резолуција и кристално чиста прецизност. Или, пак, откријте нов начин на слушање со 360 Reality Audio што ќе ви овозможи да се чувствувате како на концерт во живо или во музичко студио. Со системот за домашно кино HT-A9, вашата музика ќе биде реална како никогаш досега.
Обновување на сите компресирани датотеки во реално време
Користејќи Edge-AI (вештачка интелигенција), DSEE Extreme™ (процесор за подобрување на дигиталниот звук) го подобрува квалитетот на компресираните датотеки со музика во реално време. Вршејќи динамичко препознавање на инструменти, музички жанрови и посебни елементи од сите песни, како вокали или интервали, тој ги обновува високите фреквенции на звукот што се изгубиле при компресијата и создава побогато и целосно доживување при слушањето.
Филмовите и игрите се многу реални
Гледајте живописни сцени исполнети со реални бои и длабочина. Оригиналниот квалитет на сликата се зачувува при репродукција преку системот за домашно кино HT-A9 за да можете да уживате максимално во филмовите. И игрите се повозбудливи и пореални поради поддршката за најновите формати, како што се променливата стапка на освежување (VRR) и автоматскиот режим со мало доцнење (ALLM) на HDMI 2.1
Изборен сабвуфер SA-SW5
Длабок и богат бас од 300 W преку звучник од 180 мм со пасивен радијатор.
Изборен сабвуфер SA-SW3
Компактен сабвуфер со рефлективен бас и звучник од 160 мм за звук со моќност од 200 W.
Најдобри перформанси со телевизори од Sony
Ако го впарите со телевизорите BRAVIA™, HT-A9 ќе ви го понуди најдоброто аудио-визуелно доживување со нашата најдобра слика и квалитет на звук. Совршен систем за опкружувачки звук за BRAVIA.
Уште поголемо уживање со Acoustic Center Sync
Ако го поврзете со телевизори BRAVIA користејќи го испорачаниот кабел, тогаш звучникот на телевизорот ќе добие улога на централен канал за звук во вашиот систем за домашно кино и ќе стане дел од системот за 360 Spatial Sound Mapping. На овој начин, звукот се усогласува прецизно со сликата на екранот и добивате прекрасно доживување.
Лесна контрола преку телевизори BRAVIA
Компонентите се поврзуваат совршено со телевизорите BRAVIA. Контролирајте ги поставките и јачината на звукот преку далечинскиот управувач на телевизорот и проверувајте го статусот на системот за звук додека ги гледате омилените програми. Благодарение на вградениот кориснички интерфејс, поставките на системот за домашно кино се појавуваат автоматски во менито за брзо поставување на телевизорите BRAVIA.
Уживајте во музиката со целото семејство
Добијте лесен пристап до популарните услуги за музика како Spotify и проследувајте ги сите ваши омилени албуми и листи за репродукција преку Chromecast и Apple AirPlay 2. Поканете го целото семејство и забавувајте се.
Поврзување преку Bluetooth®
Проследувајте музика безжично од вашиот паметен телефон, таблет-уред или лаптоп преку технологијата Bluetooth®.
Проследување преку Wi-Fi
Поврзете се на интернет преку вградениот Wi-Fi или LAN и проследувајте музика од уреди на вашата домашна мрежа.
Spotify Connect™
Репродуцирајте од Spotify директно преку вашиот звучник користејќи ја апликацијата Spotify Connect™ во вашиот уред како далечински управувач.
Chromecast built-in
Проследувајте музика, онлајн радио и podcast содржини од вашиот паметен телефон, таблет-уред или лаптоп кон вашиот аудио уред. Само допрете го копчето за проследување.
Apple AirPlay 2
Споделувајте музика од вашите уреди од Apple кон вашиот систем за домашно кино. Сето тоа е можно со допир.
Гласовна контрола
Системот за домашно кино е компатибилен со уреди со Google Assistant и Chromecast built-in и уреди со Amazon Alexa. Треба само да го додадете HT-A9 во вашата група звучници преку апликацијата Google Home за да репродуцирате музика, да ја промените јачината на звукот или многу други функции користејќи го вашиот глас.
Блок за повеќенасочен дизајн
HT-A9 е еден од нашите најнови системи за звук за во домот, дизајнирани со концепт за повеќенасочен блок. Цилиндричната форма претставува цврст блок и создава 360 Spatial Sound. Совршен е за поставување до ѕид поради неговата рамна задна површина. Светлата бисерно-сива боја одговара на ѕидови, полици и други елементи од ентериерот.
Поставување за неколку секунди
HT-A9 е речиси подготвен за користење штом го извадите од кутијата. Треба само да го приклучите во струја, да го поврзете во приклучокот HDMI на телевизорот и да го вклучите напојувањето. Приклучоците LAN, HDMI IN и HDMI OUT (eARC) ќе ви овозможат да уживате во ново доживување со просторен опкружувачки звук.
Уживајте во прекрасно доживување со игрите и филмовите
Уживајте во прекрасни игри и филмови со оптимизирани поставки за слика од автоматскиот HDR со мапирање на тонови и режимот на слика со автоматски жанр, кога ќе поврзете телевизор BRAVIA XR™ и PlayStation®5 преку овој производ