Начинот на кој креаторите снимаат филмови е значително променет. Автоматскиот фокус и стабилизацијата никогаш досега не биле толку важни за високата резолуција и стапката на слики, далечинската контрола и рачното снимање. Sony ги слушна барањата на корисниците и создаде камери и објективи што се оптимално дизајнирани да се користат заедно, овозможувајќи максимални перформанси за нивните потреби. Погледнете го видеозаписот за да дознаете кои се придобивките за снимање видео што ги нудат оригиналните објективи од Sony.
Повеќе опции за фокусирање. Континуираниот автоматски фокус нуди остри субјекти во движење и резолуција до 4K со 120p и мала длабочина на полето. MF со линеарен одзив нуди повторливост и прецизност за рачна контрола. Функцијата за помош при AF овозможува моментално активирање на рачниот фокус според вашата креативна идеја додека користите автоматски фокус.
За разлика од објективите со рачен зум, објективите со моторизиран зум од Sony нудат доследна и тивка контрола на зумот заради рамномерно движење - дури и при мала брзина. Прстенот за зум, рачката и далечинското зумирање нудат врвна флексибилност.
Најновите камери од Sony имаат вградена оптичка стабилизација на слика и активен режим за да овозможат стабилно рачно снимање без дополнителна опрема. Комбинацијата од камери и објективи дизајнирани од Sony нуди извонредни перформанси за стабилизација на слика.
Одредени објективи од Sony нудат рамномерно и бесшумно прилагодување на ирисот. Во комбинација со вградениот електронски и варијабилен ND-филтер кај одредени камери од Sony, длабочината на полето се контролира практично при прилагодување на експозицијата.
Брзите напредоци во перформансите на фотоапаратите ги менуваат предусловите и барањата за објективите. G Master од Sony одново ги дефинира перформансите на објективите. Тие нудат комбинација од висока резолуција, одличен ефект на дефокусирање и брзо, но прецизно автоматско фокусирање за да ви овозможат креативни опции за снимање и фотографирање.
НОВИ ВОЗБУДЛИВИ ПРОИЗВОДИ
ОБЈЕКТИВ ЗА СИТЕ СЦЕНИ
Високата резолуција и прекрасното дефокусирање се обединуваат во објективи кои ќе ви обезбедат врвни перформанси дури и со најнапредните фотоапарати во претстојните години.
G објективите со голема решетка нудат комбинација од предности за добивање врвни перформанси. Специјалното стакло го минимизира поместувањето на боите кое може да настане кај големите решетки, а кружната решетка помага во дефокусирање на заднината.
Sony создаде палета објективи во соработка со компанијата ZEISS® заради вградување на оптичката експертиза од преку 160 години во вашите уреди. Специјалното стакло, слоевите и софистицираното производство нудат професионални и креативни алатки.
ЗА СОПСТВЕНИЦИ