За напредоците во перформансите на фотоапаратите и за големите креативни идеали е потребен нов пристап кон технологијата за објективи.
Објективите мора да еволуираат за да бидат подготвени за иднината.
Имајќи јасна замисла за фотоапаратите од иднината, Sony одново ги дефинираше објективите.
Конечно, комбинација од висока резолуција и прекрасни ефекти на дефокусирање од лидерот во иновациите за обработка на слика.
G Master нуди неверојатна резолуција и прекрасни ефекти на дефокусирање. Контролата на фокусот е многу брза и прецизна, носењето е лесно, а фотографирањето е безгрижно благодарение на компактноста, малата тежина, големата сигурност и интуитивното ракување.
За максимално искористување на сè поголемиот број на пиксели кај најновите фотоапарати со сензор за целосна слика се потребни постојани подобрувања на резолуцијата на објективите. Палетата G Master нуди моќна комбинација од висока резолуција и меки ефекти на дефокусирање.
Површината на XA-леќите е изработена со неверојатна прецизност од 0,01 микрони за да добиете неверојатна резолуција од центарот до рабовите на сликата, како и прекрасни и меки ефекти на дефокусирање што се подобри во однос на стандардните и G-објективите.
[1] Површина на стандардна леќа
[2] Површина на XA-леќа
Од воведувањето на брендот G Master, технологијата за производство на XA-леќи еволуира и овозможува создавање извонредно широкоаголни објективи со голем дијаметар и решетки со мал F-број.
[1] Екстремно асферична леќа (XA-леќа)
Освен поголеми дијаметри, елементите XA имаат и посложени форми, како кај FE 16-35 мм F2,8 GM II. Тоа придонесе за дополнително подобрување на квалитетот на сликата, без промени во компактната големина.
(1) Конфигурација на леќи [1] Екстремно асферична леќа (XA-леќа)
(2) Табела за MTF [1] Контраст (%) [2] Растојание од оптичкиот центар на објективот (мм) [3] При 16 мм / макс. решетка [4] При 16 мм / решетка F8 [5] При 35 мм / максимална решетка [6] При 35 мм / решетка F8 [7] Просторна фреквенција [8] 10 пара линии / мм [9] 30 пара линии / мм [10] Радијални вредности [11] Тангентни вредности
Sony користи симулации поткрепени со емпириски правила и искуства за да го оптимизира квалитетот на ефектите на дефокусирање, а притоа да ги намали аберациите и да обезбеди високи перформанси за MTF (резолуција).
Исто така, сите објективи се калибрираат посебно во процесот на производство заради оптимизирање на квалитетот на ефектите на дефокусирање.
[1] Нагласени и [2] Меки
Креаторите на содржини обично купуваат по неколку нови фотоапарати во текот на работниот век на нивните омилени објективи. Иновативните механизми за придвижување во објективите од Sony нудат погон за фокусирање со голема брзина и прецизност, што ви овозможува да ја реализирате вашата креативна замисла дури и при надградба на вашиот фотоапарат.
Ексклузивните механизми за придвижување на фокусот од Sony подлежат на постојан развој и се во потрага по посилен погон и подобри перформанси за динамичко следење. Најновата серија G Master е опремена со линеарен XD-мотор (екстремно динамички) што нуди врвна технологија за контрола.
Употребата на магнезиумска легура и многу цврста инженерска пластика во комбинација со карбонски и стаклени влакна овозможува цврстина и сигурност, како и значително намалување на тежината, особено кај извонредните телефото објективи со голема решетка.
Лесниот дизајн нуди сигурност за безгрижно користење во лоши услови или опкружувања со ниски/високи температури низ целиот свет, а отпорен е и на прав и влага.
① * Не се гарантира 100% отпорност на прав и влага.
② *На сликата е прикажано опкружувањето за тестирање, не се гарантираат условите за работа во опкружувањето.
Различните прстени за контрола, копчиња и преклопници се внимателно дизајнирани и распоредени за полесно ракување и компактност, а нудат и чувство на задоволство при кликнувањето и ракувањето.
Заради одлично ракување при фотографирањето и снимањето, достапни се прстени за фокусирање, зумирање0 и за решетката1, што се распоредени исто како кај другите објективи. Тоа им овозможува на корисниците да ракуваат интуитивно и да се концентрираат на фотографирањето, независно кој објектив е прикачен.
[1] Прстен за фокусирање [2] Прстен за зумирање [3] Прстен за решетката