ОСНОВНИ ПОДАТОЦИ ЗА ОБЈЕКТИВИТЕ

Терминологија за објективи
Објектив со флуорит [FL] / [Супер ED] Супер ED-стакло (исклучително мала дисперзија) / [ED] ED-стакло

Објективите изработени од стандардно стакло за оптика имаат проблеми со хроматската аберација, а како резултат на тоа, сликите имаат помал контраст, помал квалитет на бои и помала резолуција. За спречување на таквите проблеми создадовме ED-стакло што го вградивме во одредени модели. Тоа ја подобрува хроматската аберација во опсегот за телефото и обезбедува врвен контраст низ целата слика. Објективот со супер ED-стакло и флуорит нуди подобра компензација за хроматската аберација. Исто така, флуоритот е полесен од стандардното стакло за оптика, што придонесува за помала вкупна тежина на објективот.


[1] Стакло [2] ED-стакло [3] Објектив со флуорит и супер ED-стакло [4] Фокусна рамнина

[Асферичен] Асферичен објектив

Сферичната аберација е мало изместување на светлосните зраци проектирани на длабочината на сликата преку едноставен сферичен објектив, предизвикана од разликите во прекршувањето на различни точки на објективот. Тоа изместување може да го намали квалитетот на сликата кај објективите со голема решетка. Решението е да се користи еден или повеќе специјално обликувани „асферични“ елементи во близина на дијафрагмата за да се врати подредувањето на длабочината на сликата, одржувајќи голема острина и контраст дури и при максимална решетка. Асферичните елементи може да се користат и на други точки во оптичката патека за да се намали изобличувањето. Добро дизајнираните асферични елементи можат да го намалат вкупниот број на потребни елементи, со тоа намалувајќи ја големината и тежината на објективот.


[1] Сферичен објектив [2] Асферичен објектив [3] Фокусна рамнина

XA (екстремно асферичен) објектив [XA]

Асферичните објективи се изработуваат потешко од едноставните сферични објективи. Новите XA (екстремно асферични) елементи на објективите се одликуваат со екстремно висока прецизност на површината сведена во рамките на 0,01 микрон со помош на иновативната технологија на изработка, за ненадмината комбинација на висока резолуција и најубаво дефокусирање што сте го виделе.


[1-1] Стандардна асферична површина на објективот [1-2] Непосакувани резултати со дефокусирање [2-1] XA (екстремно асферична) површина на објективот [2-2] Прекрасни резултати со дефокусирање

Напреден асферичен објектив [AA]

Напредните асферични (AA) елементи се еволуирана верзија која се одликува со неверојатно висок сооднос на дебелина помеѓу центарот и периферијата. AA елементите се мошне тешки за изработка, во зависност од најнапредната технологија за леење што постои за константно и прецизно добивање на саканата форма и прецизност на површината. Резултатот претставува значително подобрена репродукција и рендерирање.

[Асферична, ED] Асферична леќа од ED

Асферичниот елемент од ED е асферичен елемент за објективи произведен од ED-стакло (исклучително мала дисперзија). ED-стаклото ефикасно ја намалува аберацијата на боите, а асферичниот профил врши прецизна компензација за различните оптички аберации, вклучувајќи сферична и несиметрична аберација и изобличување. Асферичниот елемент од ED ги обединува функциите на ED-стаклото и асферичниот елемент во една целина, па затоа може да се користи за изработка на компактни и лесни објективи со врвни оптички перформанси.

Аподизација [APD]

„Кај стандардните објективи, количеството светлина што се собира во периферниот дел на објективот е приближно еднаква на количеството светлина во центарот. Тоа резултира со еднакво остри точки во положбите „b“ и „c“ подолу. Меѓутоа, специјалниот филтер наречен „оптички елемент за аподизација“ собира помалку светлина во периферниот дел на објективот, што резултира со дифузија на рабовите на точките. Со оваа оптичка карактеристика се добива помеко дефокусирање.

T-броеви
Бидејќи STF-објективот со оптички елемент за аподизација собира помалку светлина од стандардните објективи, F-чекорите се заменуваат со T-броеви (пренос). Всушност, двата вида на вредности може да се користат наизменично за да се одреди експозицијата.“

[1] STF-објектив [2] Стандарден објектив [3] Оптички елемент за аподизација [4] Дефокусирање со STF-објектив (околу фокусната точка „а“) [5] Дефокусирање со стандарден (околу фокусната точка „а“)

Анти-рефлексивен нано слој [Nano AR]

Оригиналната технологија за анти-рефлективен нано слој од Sony создава облога на објективот која вклучува прецизно дефинирана регуларна нано структура која овозможува прецизен пренос на светлината, притоа ефикасно елиминирајќи ги одблесоците кои предизикуваат одблесоци и отсјај. Карактеристиките за елиминирање на одблесоците на анти-рефлективниот нано слој се супериорни во однос на конвенционалните анти-рефлективни слоеви, вклучувајќи ги слоевите кои користат неправилна нано структура, што претставува значително подобрување на јасноста, контрастот и општиот квалитет на сликата.


[1] Паѓачка светлина [2] Рефлектирана светлина [3] Пропуштена светлина [4] Стакло [5] Анти-рефлективен слој [6] Анти-рефлективен нано слој

Со нано AR

Со нано AR

Без нано AR

Без нано AR

[Анти-рефлективен нано слој II] Анти-рефлективен нано слој II

Новиот анти-рефлективен нано слој II, што може да се нанесе рамномерно на големите елементи во објективот или заоблените површини на елементите, е создаден за да ги намали внатрешните рефлектирања што предизвикуваат одблесоци и отсјај за да добиете јасни и остри слики. И покрај широкиот агол на гледање на објективот, анти-рефлективниот нано слој II овозможува голем степен на острина и контраст низ целата површина на сликата, дури и при недоволна светлина.

[A] Стандарден слој [B] Анти-рефлективен нано слој II
[1] Стандарден слој [2] Анти-рефлективен нано слој II [3] Стакло [4] Многу заоблена стаклена површина [5] Рефлектирана светлина
*Сликата претставува теоретска апликација на стандарден слој врз многу заоблена стаклена површина.

[A] Стандарден слој [B] Анти-рефлективен нано слој II

Слој со флуор [слој F]

Предниот елемент на сите објективи се изложува на вода, кал, масло, отпечатоци од прсти и други супстанци кои не само што можат да го намалат квалитетот на сликата, туку во некои случаи можат и да го оштетат објективот. Sony нуди моќно решение со обложување на предниот елемент со флуор кое овозможува поголем агол на контакт со течности со што се намалува степенот на интеракција со течности на објективот и се добива ефикасна „заштита“ од надворешни супстанци. Сите нечистотии од вода или масло што се таложат на објективот ќе можат лесно да се избришат. Освен што ги заштитува објективите, слојот со флуор ја намалува и потребата за чистење на објективите на терен.

Ве молиме прифатете ги колачињата на Youtube за да го погледнете видеото

Отворете ги опциите за колачиња подолу и вклучете ги колачињата на Youtube во делот „Functional“ (Функционални).

T* слој од ZEISS® 

Познато е дека технологијата за обложување на објективите - нанесување тенок и рамномерен слој на пареа врз површината на објективот за намалување на одблесоците и максимизирање на пропуштањето светлина - првично била патент на ZEISS. Компанијата ZEISS ги создаде и ја докажа ефикасноста на повеќеслојните облоги за фотографски објективи, а оваа технологија подоцна се разви во слојот T*.

Сè до појавата на обложени објективи, површината на објективите рефлектираше голем процент од влезната светлина, со што се намалуваше протокот на светлина и беше тешко да се вградат повеќе елементи во објективите. Ефикасните слоеви придонесоа за посложени дизајни на оптика со значително подобри перформанси. Намалените внатрешни рефлектирања придонесоа за минимални одблесоци и висок контраст.

T*-слојот од ZEISS не може да се нанесе на сите објективи. Симболот T* е присутен само кај објективи со повеќе елементи чии перформанси се соодветни низ целата оптичка патека, а тоа претставува гаранција за највисок квалитет.


[1] Извор на светлина [2] Сензор за слика [3] Помалку одблесоци

Повеќеслојна облога

Иако поголемиот дел светлината што паѓа на оптичко стакло лесно поминува низ него, дел од неа се одбива од површината на објективот и создава одблесок или имагинарни облици. За да се избегне овој проблем, на површината на објективот мора да се нанесе тенок слој на анти-рефлективна облога. α објективите користат ексклузивна повеќеслојна облога за ефикасно намалување на овие проблеми низ широк спектар на бранови должини.

Внатрешно фокусирање [IF]

Само средните или задните групи на оптичкиот систем се поместуваат за да се постигне фокусирање, што не ја менува вкупната должина на објективот. Придобивките од ова се брзиот автоматски фокус и краткото минимално фокусно растојание. Исто така, приклучокот за филтер на предниот дел од објективот не ротира, што е практично доколку користите поларизирачки филтер.

Моторизиран зум [PZ]

Објективите α од Sony кои се одликуваат со моторизиран зум нудат подобрена контрола и огромен потенцијал за снимање видеоснимки, со рамномерно, доследно зумирање кое тешко се постигнува рачно. Деталите како што е рамномерното забрзување и забавување се исто така важни, а се разбира, следењето е извонредно цело време. Сето тоа е овозможено благодарение на комбинацијата на докажаната технологија за видеокамери на Sony со врвна иновативност, од оптичкиот и механичкиот дизајн до оригиналната технологија за мотори на Sony, кои се обединуваат низ прецизна изработка во рамките на куќиштето. Внатрешниот зум е уште една корисна функција: должината на објективот не се менува при зумирање, а цилиндарот не ротира, така што може да се користат поларизатори други филтри кои зависат од позицијата, без потреба од дополнителна поддршка.

Оптика со рамномерно движење [SMO]

SMO (оптика со рамномерно движење) е концепт за оптички дизајн на Sony за заменливи објективи што е специјално наменет за постигнување највисок можен квалитет на слика и резолуција кај подвижните слики.

Дизајнот SMO отстранува три најголеми проблеми при снимањето:

- Промените во фокусот (нестабилен агол на гледање при фокусирањето) се минимизираат ефикасно со прецизен и внатрешен механизам за фокусирање.

- При зумирањето може да дојде до мали поместувања на фокусот што се елиминираат со специјален механизам за прилагодување на следењето.

- Страничните движења на оптичката оска при зумирањето се отстрануваат со внатрешен механизам за зумирање што овозможува константна должина на објективот при сите фокусни должини.

За да се добие потребното ниво на прецизност се потребни врвен дизајн и постојан надзор при производството, но придобивките за снимање со објективите со голем отвор на блендата, особено кај големите формати на сензори, се спектакуларни и многу вредни.

Внатрешен зум [IZ]

Метод на кој зумираат објективите. Придобивката од внатрешниот зум е тоа што должината на објективот не се менува при зумирање, а цилиндарот не ротира за да може да користите филтри за поларизација и филтри зависни од нивното позиционирање без потреба од дополнителна поддршка.

MF со линеарен одзив [LR MF]

MF со линеарен одзив нуди подобри контроли за прилагодување на рачниот фокус. Прстенот за фокусирање нуди врвна контрола со вртење, така што движењата на корисникот се следат прецизно при рачното фокусирање. Исто така, MF со линеарен одзив овозможува интуитивно фокусирање што е речиси исто како механичкото рачно фокусирање. Фокусот се менува линеарно според ротацијата на прстенот за фокусирање, овозможувајќи му на корисникот брза контрола каква што е потребна за брзо и прецизно рачно фокусирање.

Лебдечко фокусирање [Лебдечки F] 

Лебдечкиот механизам за фокусирање овозможува доследна висока резолуција, од бесконечност па сè до најмалото фокусно растојание. Овој систем помага во намалување на сите видови на аберации на минимални нивоа при што се добива остра слика со висока резолуција, од бесконечен фокус за пејзажи, па сè до најмалиот фокус за портрети и слични објекти.

[XD LM] XD (екстремно динамичен) линеарен мотор

XD (екстремно динамичкиот) линеарен мотор е создаден за поголема моќ и ефикасност од претходните видови за да може максимално да ги искористи сè подобрите перформанси за брзина на тековните и идните куќишта на фотоапарати. Дизајнот и распоредот на компонентите на линеарниот мотор се целосно ревидирани за да се добие значително поголема моќ.

Ве молиме прифатете ги колачињата на Youtube за да го погледнете видеото

Отворете ги опциите за колачиња подолу и вклучете ги колачињата на Youtube во делот „Functional“ (Функционални).

Суперсоничен мотор со директен погон [DDSSM]

Новиот систем DDSSM се користи за прецизно позиционирање на групата тешки елементи за фокусирање потребни за форматот за целосна слика, овозможувајќи прецизно фокусирање дури и при најмалата длабочина на поле на објективот. Системот DDSSM е и исклучително тивок, што го прави идеален за снимање видеоснимки каде што фокусот постојано се менува при снимање на сцената.

Прстенест суперсоничен мотор [RDSSM]

RDSSM е пиезоелектричен мотор кој придонесува за рамномерна и тивка работа на AF. Моторот создава голема сила на вртење при мала ротација и овозможува моментално активирање и запирање. Исто така, тој е многу тивок и овозможува тивко автоматско фокусирање. Објективите со RDSSM содржат и детектор за откривање на положби што директно ја открива ротацијата на објективот, а тоа е фактор што ја зголемува севкупната прецизност на AF.

RDSSM се состои од ротор (лево) и статор (десно) на кои се монтирани пиезоелектричните елементи.

Линеарен мотор [LM]

Специјално дизајнираните линеарни мотори нудат директен и бесконтактен електромагнетен погон на елементите за фокусирање на објективот за да се добие екстремно тивко и брзо ракување. Тивкото ракување, брзиот одзив и прецизното запирање што го нуди бесконтактниот линеарен погон не само што го подобруваат фотографирањето, туку овозможуваат рамномерно и тивко ракување што им е потребно на снимателите. 

Мотор за рамномерен автоматски фокус [SAM]

Наместо да го користат моторот за придвижување на фокусот што се наоѓа во куќиштето на фотоапаратот, SAM објективите се одликуваат со мотор за автоматски фокус вграден во самиот објектив, кој директно ја придвижува групата на елементи за фокусирање. Бидејќи вградениот мотор директно го ротира механизмот за фокусирање, функционирањето е значително порамномерно и потивко од конвенционалните прицврстени погонски системи за автоматски фокус.

Чекорен мотор [STM]

Чекорен мотор (STM) е мотор со механизам што го дели ротациското ракување во одреден број на чекори заради контролирано ротирање. Тој ротира за еден чекор секогаш кога ќе прими електричен сигнал. STM му овозможува рамномерно и тивко фокусирање на објективот при фотографирање и снимање.

Копче за задржување на фокусот [FHB] 

Откако ќе го прилагодите фокусот на саканото место, со притиснување на ова копче на цилиндарот на објективот ќе го запрете објективот на тоа фокусно растојание. На ова копче може да му се додели и функцијата за прегледување преку прилагодливите поставки на фотоапаратот.

Ограничувач на опсегот на фокусирање [FRL]

Оваа функција Ви заштедува време при ракувањето со AF со поставување на ограничување на опсегот на фокусирање. Кај макро објективите, ова ограничување може да биде за близок или за далечен опсег (како што е прикажано). Кај SAL70200G, ограничувањето е поставено само на далечниот опсег. Кај SAL300F28G, фокусирањето може да биде ограничено на далечен опсег или на опсег кој самите ќе го одредите.

Прстен за ирис/решетка [Прстен за И/Р] 

Прстенот за ирис/решетка нуди интуитивна контрола на решетката. Тој овозможува практично користење со беспрекорна контрола на решетката.

Преклопник за запирање на ирисот/решетката [звук на И/Р] 

Прстенот за ирис/решетка нуди брзо ракување какво што им е потребно на професионалците за фотографирање и снимање. Преклопникот за ВКЛУЧЕНО/ИСКЛУЧЕНО запирање овозможува активирање или деактивирање на положбите за запирање на прстенот за решетката, во зависност од потребата. Со активирање на положбите за запирање добивате повратен ефект што ќе ви олесни да одредите колку сте го прилагодиле прстенот, а тоа е одлична помош при фотографирањето. Кога положбите за запирање се деактивирани, прстенот за решетката се движи рамномерно и тивко, овозможувајќи беспрекорна и тивка контрола за снимање.

[Заклучување на И/Р] Преклопник за заклучување на ирисот / решетката

Преклопникот за заклучување на ирисот спречува несакани промени на експозицијата при фотографирањето. Кога заклучувањето е активно, решетката или ќе биде заклучена во положбата [A] или ќе може да се ротира помеѓу рачните поставки. Кога заклучувањето не е активно, прстенот на решетката ќе може да се ротира помеѓу [A] и сите други рачни поставки без ограничувања.

Преклопник за избор на насоката на ротација за зумирање [ZRDSL] 

Променлива насока на прстенот за зумирање. Сè што е потребно за да ја промените насоката на прстенот за зумирање според желбите на корисникот е едноставно механичко движење. Насоката на прстенот за зумирање може лесно да се промени по потреба.

Оптички SteadyShot [OSS] 

Достапните режими со оптички SteadyShot овозможуваат попрактично снимање остри слики при рачно фотографирање во различни услови. На пример, режимот 2 за стабилизација го олеснува фотографирањето при поместување, а режимот 3 нуди постабилна слика на визирот што го олеснува следењето и обликувањето на кадарот.

Режим со оптички SteadyShot [OSS-режим]

Достапните режими со оптички SteadyShot овозможуваат попрактично снимање остри слики при рачно фотографирање во различни услови. На пример, режимот 2 за стабилизација го олеснува фотографирањето при поместување, а режимот 3 нуди оптимална стабилизација за следење и снимање динамички и непредвидливи спортски моменти.

Дизајн што е отпорен на прав и влага [DMR] 

Овој објектив е дизајниран да биде отпорен на прав и влага за да овозможи сигурно ракување при надворешно фотографирање во лоши услови.

Кружна решетка [Кружна] 

Општо земено, доколку решетката користи 7, 9 или 11 листови на решетката, тогаш обликот на решетката станува 7-стран, 9-стран или 11-стран многуаголник бидејќи решетката станува помала. Сепак, ова има одреден несакан ефект со тоа што дефокусираните извори на светлина изгледаат повеќеаголно, а не кружно. α објективите го надминуваат овој проблем со уникатниот дизајн кој ја одржува решетката речиси совршено кружна од нејзиното поставување со широк отвор до нејзиното затворање со 2 чекора. Како резултат на тоа, се постигнува порамномерно и поприродно дефокусирање.


Споредба на дизајнот на решетките [1] Стандардна решетка [2] Кружна решетка