Објективи од иднината, од Sony
Мост помеѓу сликите и фантазијата
Концептот за еден приклучок за објективи ја воведува најнапредната технологија за обработка на слика од Sony преку платформата со E-приклучок, овозможувајќи непречено поврзување на сензорите за целосна слика со APS-C, фотографиите со видеоснимките и аматерите со професионалците.
Ве молиме прифатете ги колачињата на Youtube за да го погледнете видеото
Отворете ги опциите за колачиња подолу и вклучете ги колачињата на Youtube во делот „Functional“ (Функционални).
Еден приклучок за објективи. Поврзување со E-приклучок.
Компактниот и лесен E-приклучок ги поврзува сензорите за целосна слика и APS-C, фотоапаратите без огледало Alpha со професионалните видеокамери и основната опрема со професионалната опрема. Користете објективи за целосна слика со APS-C-куќишта и прикачувајте објективи со E-приклучок на професионални видеокамери.
E-приклучок. Ослободете ја неговата моќ.
Интегриран дизајн што е подготвен за иднината
Дизајнот ги искористува алгоритмите на куќиштето за да овозможи брз и прецизен автоматски фокус со голема брзина на фотографирање, стабилизација на слика и друго. Беспрекорниот оптички дизајн и нашите куќишта со висока резолуција овозможуваат извонредна острина низ целата слика.
Идеален и за фотографии и за видеоснимки
Снимањето видео отсекогаш било интегрален дел во дизајнот на објективите со E-приклучок. Најсовремените алгоритми за AF и механизмите за придвижување, заедно со нашите фотоапарати, нудат сигурен и рамномерен фокус. Предизвиците како промени во аголот на гледање и оскино поместување се минимизираат, а бесшумната контрола на ирисот нуди соодветно ниво на ракување за снимање видео.
Неограничени можности
E-приклучокот им нуди неограничени можности за изразување на фотографите и видеографите. Слободно преминете од APS-C на целосна слика, снимајте видеоблогови со вашите објективи за фотографии или прикачувајте извонредни телефото објективи на видеокамери за да снимате документарци за диви животни.
Создавајте сè со еден приклучок за објективи
Фотоапарати без огледало Alpha
Објективи со E-приклучок за Alpha
Професионални видеокамери
Технологија за еден приклучок за објективи
Зачекорете во нашите волшебни светови