α9
Страста ги проширува границите на фантазијата
Но дали алатките го попречуваат процесот?
Вистинскиот потенцијал може да се реализира само ако му дозволите
Сонот се вкрстува со технологијата и се раѓа нов фотоапарат
Иднината е во ваши раце
α9
Страста ги проширува границите на фантазијата
Но дали алатките го попречуваат процесот?
Вистинскиот потенцијал може да се реализира само ако му дозволите
Сонот се вкрстува со технологијата и се раѓа нов фотоапарат
Иднината е во ваши раце
Со верзијата 6.0 (или понова) на софтверот се воведува новата функција AF на очи во реално време за животни.
Револуционерниот сензор за слика од Sony ги прави непотребни стандардните механизми за фотоапарати и нуди брзина и перформанси што ги надминуваат можностите на механичките уреди. Освен тоа, отстранувањето на механичкиот шум и вибрациите отвора нов свет на можности за обработка на слика.
Иновативен CMOS сензор со подредена структура за целосна слика со внатрешна меморија
α9 ве ослободува од ограничувањата на конвенционалните SLR уреди кои се потпираат на механичките системи. Прв кој користи дизајн со подредена структура со висока брзина, неговиот сензор за целосна слика со 24,2 милиони точки привремено зачувува голема количина податоци во внатрешната меморија за вкупно 20 пати поголема брзина на читање. Комбинацијата на CMOS сензор и подобрениот процесор за обработка на слика BIONZ X ви носи целосна дигитална слобода.
[ Подредена структура со задно осветлување со внатрешна меморија ]
(1) Површина со точки (2) Внатрешна меморија (3) Електронско коло за обработка на сигнали со голема брзина (4) Процесор за обработка на слика
Exmor RS CMOS-сензорот за целосна слика и процесорот BIONZ X ги здружуваат силите за континуирано фотографирање до 20 fps со AF/AE со следење. Неверојатните перформанси и големата меѓумеморија ви овозможуваат да доловувате одлучувачки моменти.
Електронската бленда го елиминира затемнувањето со типичното дејство на SLR. Непречен поглед на објектот е достапен дури и при активирањето на блендата, со можност за прегледување во живо со 60 fps и минимално доцнење на приказот.
(A) Фотографирање без затемнување (B) Фотографирање со затемнување
Забелешка: овој фотоапарат е опремен со електронска и механичка бленда. Функциите опишани во овој дел се главно поврзани со ракувањето со електронската бленда.
Светлото достигнува до сензорот за слика без механички прекини. Генијалниот спој на конструкцијата без огледало и технологиите за подобрување на брзината овозможуваат AF/AE на целосната фокусна површина.
(1) AF/AE пресметки (2) 60 пати/сек. (3) 20 слики/сек.
Брзината на електронската бленда до 1/32000 сек. ги надминува механичките бленди. Исто така, можете да одржувате мала длабочина на полето без ND филтер, дури и во услови на силна светлина.
(A режим 1/20000 сек. F8,0 ISO 1000)
Забелешка: овој фотоапарат е опремен со електронска и механичка бленда. Функциите опишани во овој дел се главно поврзани со ракувањето со електронската бленда.
Електронската бленда спречува изобличувања и овозможува тивко фотографирање без шум од механичкото огледало и блендата. Таа е идеална за спортови и објекти за кои е потребно тивко ракување и значително ја зголемува употребливоста на фотоапаратот.
При фотографирање со SLR, потресите од активирањето на блендата и огледалото предизвикуваат мали вибрации. Но, α9 има електронска бленда што не вибрира поради што тој е стабилен и снима неверојатно остри слики.
Забелешка: овој фотоапарат е опремен со електронска и механичка бленда. Функциите опишани во овој дел се главно поврзани со ракувањето со електронската бленда.
Благодарение на новите функции на AF што се дел од ажурирањето на софтверот, напредниот AF ќе овозможи прецизно фокусирање и доследно и стабилно следење.
Интелигенцијата на AF еволуира со препознавањето објекти врз основа на AI
Следењето во реално време и AF на очи во реално време се дизајнирани за брзо, прецизно и паметно следење на објектите, користејќи алгоритми основани врз AI и обработка на огромни количини на податоци во реално време.
Перформансите за следење објекти на фотоапаратот се подобруваат уште повеќе со функцијата за откривање на очите на објектот веднаш по половичното притиснување на копчето за блендата или по притиснување на копчето AF-ON, а потоа очите се следат континуирано.
Доловувајте објекти со висока прецизност на AF во услови со слаба светлина до EV-3 при ISO 100, благодарение на сензорот за слика со голема чувствителност.
AF системот за откривање на фаза во фокусната површина со 693 AF точки функционира сигурно. Уживајте во континуираното фотографирање до 10 fps со AF/AE следење дури и кога користите објективи со A-приклучок со адаптер за монтирање (LA-EA3).
Постабилниот AF за видео е резултат на поефикасната употреба на системот за откривање фаза во фокусната рамнина на брзиот хибриден автоматски фокус. Дури и објектите што минуваат пред главниот објект нема да го поместат автоматскиот фокус.
Сензорот за целосна слика со 24,2 милиони точки со чувствителност до ISO 204800 и широкиот динамички опсег нудат исклучителен квалитет на сликата.
Чувствителноста, конфигурацијата со задно осветлување, дизајнот без простор помеѓу чипот и леќите и другите иновации од Sony нудат широк опсег на ситуации за фотографирање. Стандардниот ISO опсег е ISO 100-51200, со можност за ISO 50-204800 со минимален шум.
Алгоритмите за обработка на слики на фотоапаратот се надградени со најновото софтверско ажурирање и овозможуваат повисоки нивоа на природни градации на тонови и постабилен AWB за континуирано фотографирање.
Квалитет со висока резолуција на 4K видеоснимки
Обработката на сите точки без соединување на точките овозможува компресирање од приближно 2,4 пати на податоците потребни за 4K (еквивалентно на податоците потребни за 6K) во 3840 x 2160 4K репродукција. Овој процес на семплирање и целосната слика со обработка на сите точки без соединување го даваат највисокиот можен квалитет на 4K сликата.
Освен куќиштето од легура од магнезиум што го прави фотоапаратот цврст и сигурен, многубројните значително подобрени функции го олеснуваат ракувањето и овозможуваат обемна употреба при професионално фотографирање
Електронскиот визир со 3686k точки и висока резолуција прикажува чиста слика со фини детали. T* слојот од ZEISS® ги намалува одблесоците во голема мера. EVF сликите остварени преку стапката на слики од 120 fps ви овозможуваат да го следите објектот при голема брзина. Слојот со флуор на најнадворешниот објектив нуди заштита од нечистотии.
Единицата за стабилизација на слика со 5 оски нуди предност во брзината на блендата од 5,0- чекори. Мониторот со прегледување во живо е стабилизиран, за да можете лесно да фотографирате објекти во движење. (1) Вртење (2) Движење (3) Ротирање
Батеријата NP-FZ100 нуди двапати поголема трајност од претходната NP-FW50. Снимајте до прибл. 480 слики со едно полнење — и дополнително зголемете го бројот на снимки со прикачениот опционален вертикален држач (се продава одделно) којшто може да држи две батерии.
Благодарение на двата отвори за медиуми, од кои едниот е компатибилен со UHS-II, α9 може да снима истовремено или со пренасочување, да одвојува RAW- и JPEG-податоци, да одвојува слики и видеоснимки и да копира податоци помеѓу картичките.
За да ги задоволи потребите на професионалците за итна испорака на слики, фотоапаратот поддржува пренос во заднина преку FTP во текот или по завршување на фотографирањето. Методот на пренос и методите за филтрирање се подобрени за да го олеснат избирањето на датотеките што треба да се префрлат.
Функцијата за оценување ви овозможува да ги оценувате фотографиите со 1 до 5 ѕвезди за пофлексибилен работен процес. Фотографиите може да се оценуваат на екранот за репродукција, а функцијата може да се додели на приспособено копче.
Групите слики снимени во континуиран режим може брзо да се прегледуваат, бришат или заштитат. Може да го отворите менито на екранот и да ги менувате поставките, како и да репродуцирате слики додека запишувате податоци.
Регистрирајте елементи од менито со Мое мени, користете ги приспособените копчиња, режимот на придвижување со подредена структура и вртливото копче за режим на фокусирање, копчето AF-ON за автоматски фокус и копчето за избор за поместување AF-точки.
Подобрете ги фотографиите со Imaging Edge. Користете „Remote“ за далечинска контрола на фотографирањето; „Viewer“ за брзо прегледување, оценување и избирање фотографии; и „Edit“ за претворање RAW-податоци во висококвалитетни фотографии. Извлечете максимум од RAW-датотеките на Sony и управувајте со снимените материјали поефикасно.
Imaging Edge Webcam овозможува користење на фотоапарат од Sony како висококвалитетна веб камера со широка компатибилност, за одлични проследувања во живо и конференции.
Овој производ е компатибилен со iMovie и Final Cut Pro X.
Што има во пакетот
Кабел за напојување, Батерија на полнење NP-FZ100, Заштитник за кабли, AC адаптер: AC-UUD12, Полнач за батерии BC-QZ1, Лента за на рамо, Капаче за куќиште, Капаче за приклучок за галантерија, Капаче за окулар, Микро USB кабел