Снимајте најостри фотографии досега со 4D FOCUS.
Стандардниот автоматски фокус (AF) го обработува само просторот. 4D FOCUS оди чекор понапред со иновативниот сензор за слика кој го мери и просторот и времето за да ги долови објектите во движење со нова острина, овозможувајќи ви да снимате фотографии со најголема јасност досега. Стариот обичен AF му припаѓа на минатото. Иднината на фотографирањето е во движењата.
Снимајте движења на широка површина, дури и оние што се подалеку од центарот на кадарот.
Фокусирајте брзо, независно дали вашиот објект се приближува или оддалечува.
Четвртата димензија на 4D FOCUS е времето, односно прецизно предвидување и стабилно следење на следниот потег на вашиот објект.
Снимајте го вашиот објект насекаде низ кадарот. 4D FOCUS активира AF точки низ широка површина, така што фотоапаратот може да ги забележува објектите низ целиот кадар, а не само во центарот.
4D FOCUS веднаш го мери растојанието до вашиот објект, а потоа фокусира брзо и прецизно со напредниот алгоритам за AF, за никогаш да не ги пропуштите одлучувачките моменти.
Никогаш не испуштајте го од вид вашиот објект. Нашиот алгоритам за AF ги фокусира движењата, па дури и го предвидува следниот потег на вашиот објект, без да му пречат какви било пречки во кадарот.