сензор за целосна слика
Сјајот на окото. Тоа е белегот на секој портрет; краток поглед во душата на објектот. Уникатниот AF на очи од Sony ви ја нуди оваа извонредна функција во сите портрети, континуирано следејќи го не само вашиот објект, туку и окото - за беспрекорни слики, од спонтани фотографии до професионални портрети.
Фотографирањето миленичиња и диви животни никогаш не било полесно! AF на очи во реално време од Sony го опфаќа и светот на животните - автоматски ги открива и следи очите и на животните и на луѓето.
Со брз објектив, наградениот портрет и секојдневната фотографија може да се разликуваат само во должината на трепката. Професионалците знаат дека сјајот на совршено фокусираното око внесува неверојатна реалистичност во сликата и токму поради тоа AF на очи од Sony е револуционерна иновација.
Следете го окото за неверојатни портрети. AF на очи ја користи извонредната широка површина за AF од Sony и прецизното откривање на очи со цел да овозможи незамислива слобода на обликување на композицијата, за да можете да уживате во креативно изразување како никогаш досега.
Очите на објектот може да се откријат веднаш по половично притиснување на копчето за блендата, а потоа се следат континуирано во режимот AF-C. Кога снимате видеоснимки, AF на очи во реално време ви помага да се концентрирате на објектот.
Сега можете однапред да изберете лево око, десно око или автоматски од менито, за да можете да се посветите на кадарот. Овие опции може да се доделат на приспособените копчиња за да можете брзо да ги избирате за време на фотографирањето.
Ве молиме прифатете ги колачињата на Youtube за да го погледнете видеото
Отворете ги опциите за колачиња подолу и вклучете ги колачињата на Youtube во делот „Functional“ (Функционални).
[1] Стандардни DSLR-фотоапарати [2] Фотоапарати без огледало од Sony
Како водечки производител на сензори за слика, технологијата за обработка и сензорите на Sony нудат откривање објекти во реално време, одредување на положбата на очите и совршен фокус. AF-точките со голема прецизност - далеку пошироки отколку кај стандардните DSLR-фотоапарати - ви помагаат да ги следите објектите во кадарот и пореално да ги доловувате.
Фотоапаратите без огледало не се создадени еднакви. Перформансите на AF на очи од Sony се овозможени преку повеќедецениски напредок во технологијата за обработка на слика - од развојот на сензори за слика, процесори и објективи до софтверски алгоритми за откривање на очи.
[1] Објектив [2] Сензор за слика [3] Процесор за обработка на слика [4] Софтверски алгоритам
Фотоапарати со заменливи објективи
сензор за целосна слика
Компактни фотоапарати