Зачекорете во потполно нов свет на фотографско изразување со неспоредлив квалитет на слика и брзина на обработка. Нов и моќен модел се приклучува на серијата α7R со понапредни опции за поврзување и поголема сигурност каква што им треба на професионалците.
Creators' Cloud е платформа за креативна работа - од фотографирање до продукција - што спојува технологии за фотоапарати од Sony и AI-апликации на Cloud. Ова е место за откривање и соработка со креатори од целиот свет. Разгледајте апликации на интернет, за мобилни уреди и за компјутери што овозможуваат интеграција на фотоапаратите со услуги и апликации за снимање и продукција.
Новосоздадениот Exmor R CMOS-сензор за слика нуди неспоредливо висока резолуција. Дизајнот со задно осветлување нуди висока чувствителност и мал шум, и покрај големата резолуција од 61,0 MP.
Процесорот за обработка на слика BIONZ X и предната LSI овозможуваат максимални перформанси на сензорот со висока резолуција и динамички опсег до 15 чекори.
Независно од поголемиот број на точки, α7R IV нуди највисока стандардна вредност ISO 32000 и го намалува шумот во опсегот на ниска и средна чувствителност, создавајќи висококвалитетни слики.
Фактори за максимална и извонредна резолуција
Алгоритамот за стабилизација на слика со 5 оски е оптимизиран за да ги максимизира перформансите на сензорот за слика со резолуција од 61,0 милиони точки. Тој овозможува стабилно рачно фотографирање со повисока брзина на блендата за 5,5 чекори.
Бесшумното фотографирање ви овозможува да фотографирате на места каде што е потребна тишина и ги намалува вибрациите што предизвикуваат заматување. Блендата без вибрации ја максимизира високата резолуција на α7R IV за да добиете остри и јасни слики.
За максимизирање на резолуцијата достапна со α7R IV, мора да се намалат и најмалите вибрации. Sony го реконструираше склопот на блендата со апсорбирачки шрафови што ги ублажуваат потресите. Подобрениот алгоритам за стабилизација на сликата нуди значително помала заматеност и неверојатно остри детали доловени со голема прецизност.
Далечинското ракување со блендата преку изборниот и безжичен далечински управувач (RMT-P1BT) овозможува фотографирање без тресење на фотоапаратот предизвикано од активирање на блендата. Тоа ја максимизира високата резолуција на сензорот за слика.
[1] Ultra-XGA OLED Tru-Finder [2] Quad-VGA OLED Tru-Finder
Електронскиот визир со 5,76 милиони точки прикажува детали со прибл. 1,6 пати повисока резолуција од α7R III. Може да изберете режим за квалитет „High“ за да добиете голема прецизност, а сепак природна и реалистична слика со помало заматување. Појасниот приказ со стапка на слики од 120/100 fps овозможува полесно следење на објектите што се движат.
И покрај неверојатната резолуција, α7R IV нуди брзина на фотографирање до 10 fps со механичка бленда (до 8 fps при континуирано фотографирање со прегледување во живо). Таа ќе ви овозможи да доловувате одлучувачки моменти - како движења на диви животни - со врвни детали, благодарение на обработката на слики со висока резолуција од 61,0 MP.
Добијте слики со неверојатна резолуција од приближно 26,2 милиони точки откако ќе ја отсечете целосната слика во APS-C-формат. Тоа значи дека α7R IV ќе ви помогне во проактивно искористување на фотографирањето во формат за целосна слика со 61,0 милиони точки, на пример, при фотографирање птици за кое е потребно отсекување заради зумирање на сликите.
Новиот сензор за слика нуди широка покриеност и голема густина за AF со 567 AF-точки за откривање фаза (прибл. висина од 99,7% и ширина од 74,0%). 425-те AF-точки со откривање на контраст нудат прецизно фокусирање.
Благодарение на подобрениот брз хибриден AF, α7R IV неверојатно детално го доловува објектот и нуди брз AF дури и при слабо осветлување.
Повеќе AF-точки, AF-сензор со поголема покриеност и подобрен алгоритам за AF што овозможуваат уште подобри перформанси за следење објекти заради доследно фотографирање, дури и на сложени или ненадејни движења.
Напредните алгоритми за AF овозможуваат прецизен AF дури и при мали нивоа на светлина до EV-3. Опцијата „Focus Priority in Aperture Drive“ е наменета за попрецизно фокусирање при слаба осветленост и при помала вредност на решетката.
Бидејќи меѓумеморијата е 1,5 пати поголема, фотоапаратот нуди секвенцијално фотографирање со прибл. 68 слики. Во режимот за фотографирање APS-C може да снимите приближно трипати повеќе фотографии отколку со режимот за фотографирање целосна слика.
ОТВОР 1 и ОТВОР 2 се компатибилни со UHS-I и UHS-II за брзо запишување на огромни количини податоци. α7R IV може да снима истовремено или со пренасочување, да одвојува RAW/JPEG-податоци и слики/видеоснимки и да копира податоци помеѓу картичките.
α7R IV користи батерија NP-FZ100 со голем капацитет. За да фотографирате подолго, користете го и овој изборен вертикален држач VG-C4EM во кој може да ставите две батерии NP-FZ100 за да снимите двојно повеќе фотографии отколку со α7R IV.
Благодарение на подобрениот алгоритам, α7R IV поддржува следење очи на животни и луѓе, овозможувајќи брзо и прецизно автоматско откривање и следење. Поддршката за очи на животни значително ја зголемува стапката на успешност при фотографирање животни во дивината или миленичиња во домот доколку нешто ви го попречи видикот или често го вртите фотоапаратот во хоризонтална/вертикална ориентација.
AF на очи во реално време нуди еволуција за снимање портрети. Технологијата врз основа на AI нуди прецизно откривање и следење на очи за да добиете остар и јасен фокус врз лицето на објектот, дури и ако тоа е модел што се движи брзо. Фотографот може да се концентрира на кадарот - за подобар работен процес што им е потребен на професионалците.
Кога е вклучена опцијата за AF со приоритет на лице/очи, треба само да го притиснете копчето за блендата до половина, да го притиснете копчето AF-ON или однапред приспособено копче. Фотоапаратот ќе се погрижи за фокусирањето на очите на објектот.
Сега може да изберете око по ваша желба - лево или десно - пред или за време на фотографирањето преку приспособливо копче. Изборот на око ви овозможува да се фокусирате на кадарот, осветлувањето и други детали.
AF на очи во реално време може да се користи заедно со функцијата за следење во реално време, што реагира на динамички движења на објектите. Оваа комбинација овозможува прецизно следење за лесно снимање портрети.
Безжични и жични решенија за поврзување наменети за професионалците
α7R IV поддржува различни опции за далечинска контрола и начини за пренос на податоци како што е Wi-Fi од 5 GHz. Искористете ги придобивките од големиот избор и практичноста на далечинското фотографирање и правење резервни копии на податоците.
Контролирајте го α7R IV далечински преку компјутер или префрлувајте податоци во компјутер со функцијата „Remote“ на апликацијата Imaging Edge™ (вер. 2.0 или понова). Достапна е побрза опција на Wi-Fi од 5 GHz за пофлексибилно фотографирање.
Користете го приклучокот USB Type-C™ што е компатибилен со USB 3.2 Gen 1 за побрз пренос со нов алгоритам за жично далечинско фотографирање преку компјутер. Префрлувајте големи некомпресирани RAW-слики без да го прекинувате работниот процес.
За да ги задоволи потребите на професионалците за брза испорака, α7R IV поддржува пренос на датотеки JPEG и RAW во заднина преку FTP во текот или по завршување на фотографирањето. Може однапред да регистрирате до девет FTP-сервери.
Доцнењето за активирање е минимално и овозможува брзо фотографирање со блиц и континуирано фотографирање со блиц со 10 fps. Изберете бавна синхронизација или синхронизација со задна завеса при користење безжичен блиц за поразновидна примена.
Стандардниот приклучок за синхронизација овозможува практично синхронизирање со блицови во студио и друга надворешна опрема за осветлување за да поставите соодветно осветлување за фотографирање во студио.
Подобрете ги фотографиите со Imaging Edge. Користете „Remote“ за контрола и следење на фотографирањето во живо преку компјутерот; „Viewer“ за брзо прегледување, оценување и избирање фотографии од големи колекции на слики; и „Edit“ за претворање RAW-податоци во висококвалитетни фотографии.
Capture One Express (за Sony) е бесплатен и награден софтвер што нуди обработка на RAW, лесно управување и алатки за уредување. Capture One Pro(за Sony) може да го купите за да добиете повеќе алатки за уредување и опција за фотографирање преку компјутер.
Imaging Edge Webcam овозможува користење на фотоапарат од Sony како висококвалитетна веб камера со широка компатибилност, за одлични проследувања во живо и конференции.
Сега поддржува спојување 16 слики снимени со поместување на сензорот
Оваа подобрена функција го поместува сензорот во чекори од половина или цела точка во програмиран редослед за да сними 16 слики со поместување на сензорот што ќе ги спои во прецизна слика со прибл. 240,8 MP од оригиналните податоци со прибл. 963,2 MP (еквивалент). Фотографиите од архитектура и уметност се репродуцираат со реални детали, текстура, бои, амбиент, сцена и реалистичен 3D-изглед.
[1] Обична слика (зголемена за 200%)
[2] Слика создадена од 16 слики снимени со поместување на сензорот (100%)
Ве молиме прифатете ги колачињата на Youtube за да го погледнете видеото
Отворете ги опциите за колачиња подолу и вклучете ги колачињата на Youtube во делот „Functional“ (Функционални).
Новата вградена функција за зачувување/вчитување ви овозможува да зачувувате поставки за фотоапаратот во SD-мемориска картичка и да ги вчитувате тие поставки од картичката за практично споделување со други фотоапарати, доколку е потребно.
Ставајте оценки со ѕвезди и заштита на сликите директно преку екранот за прегледување на содржините. Прескокнувањето на секои 10/100 прикажани фотографии и групното оценување на континуирано снимените слики нудат уште поголема практичност.
Со илустрацијата на поставките за приспособливи копчиња во менито полесно ќе ја разберете нивната функција. Освен тоа, може да ги избирате различните картички во менито со помош на предното вртливо копче или функциското копче, со една рака.
Исполнете ги условите за AF за снимање 4K-видео со подобрениот брз и хибриден AF. Добијте голема брзина, прецизност и врвни перформанси за следење и снимајте видеоснимки со рамномерен и стабилен AF. Чувствителноста за следење на AF се прилагодува.
AF на очи во реално време сега поддржува и снимање видеоснимки, а притоа ги открива очите на објектот и следи само едно око. Додека α7R IV прецизно го фокусира тоа око, вие може да се фокусирате на кадарот.
Кога снимате видеоснимки, допрете објект на LCD-мониторот. α7R IV ќе почне да го фокусира и да го следи со функцијата за следење со допир. Ако α7R IV открие човечко око, тогаш ќе се активира и AF на очи во реално време и ќе почне да го следи окото.
Приклучокот за повеќе интерфејси (MI-приклучок) е надополнет со интерфејс за дигитален звук. Користете го новиот микрофон со насочување ECM-B1M или новиот комплет со XLR-адаптер и снимајте висококвалитетен звук со минимално намалување на квалитетот.
Дознајте ги четирите уникатни предности на објективите со E-приклучок од Sony за снимање видео. Комбинацијата од објективи и фотоапарати од Sony ќе ви овозможи подобро доживување при снимањето видео.
Спецификации и функции
- Компатибилност со објективи
- Објективи со E приклучок од Sony
- Тип на сензор
- Exmor R CMOS-сензор од 35 мм за целосна слика (35,7×23,8 мм)
- Број на точки (ефективни)
- Прибл. 61,0 милиони точки
- Точка на фокусирање
- 35 мм за целосна слика: 567 точки (AF со откривање на фаза), APS-C-режим со објектив за целосна слика: 325 точки (AF со откривање на фаза), со APS-C-објектив: 247 точки (AF со откривање на фаза) / 425 точки (AF со откривање на контраст)
- ISO чувствителност
- Фотографии: ISO 100-32000 (ISO-броевите од ISO 50 до ISO 102400 можат да се постават како проширен опсег на ISO.), АВТОМАТСКИ (ISO 100-12800, можност за избор на долна и горна граница), Видеоснимки: ISO 100-32000 еквивалент, АВТОМАТСКИ (ISO 100-12800, можност за избор на долна и горна граница)
- Траење на батеријата (фотографии)
- Прибл. 530 снимки (визир) / прибл. 670 снимки (LCD-монитор) (CIPA-стандард)
- Вид на визир
- Електронски визир UXGA OLED од 1,3 см (тип 0,5) (во боја)
- Отвор за мемориска картичка
- ОТВОР1: Отвор за SD-мемориска картичка (поддржува UHS-I/II), ОТВОР2: Отвор за SD-мемориска картичка (поддржува UHS-I/II)
- Тип на монитор
- 7,5см (тип 3.0) вид TFT
Што има во пакетот
Кабел за напојување, Батерија на полнење NP-FZ100, Заштитник за кабли, Полнач за батерии BC-QZ1, Лента за на рамо, Капаче за куќиште, Капаче за приклучок за галантерија, Капаче за окулар, Кабел USB Type-CTM