α7R III
Подобрете го вашето чувство за реалност со α7R III - идеален партнер што нуди извонредна брзина, слики со висока резолуција, професионално ракување и сигурни перформанси дури и во лоши услови.
α7R III
Подобрете го вашето чувство за реалност со α7R III - идеален партнер што нуди извонредна брзина, слики со висока резолуција, професионално ракување и сигурни перформанси дури и во лоши услови.
Достапна е надградба за софтверот со поддршка за новата функција од Sony за AF на очи во реално време за животни. Таа автоматски ги открива и следи очите на животните за да добиете прекрасни портрети од домашни миленичиња и диви животни.
Добредојдовте во нов свет за обработка на слика со уште подобра резолуција, чувствителност, динамички опсег, брзина на обработка и одзив за фотографирање. α7R III нуди професионално ракување и цврсто и компактно куќиште за да добиете поголема флексибилност за снимање прекрасни слики во секоја прилика. Со толку голема моќ, прецизност и потенцијал во вашите раце ќе можете да снимате уникатни моменти од животот.
Комбинацијата од сензор за слика со 42,4 ефективни MP (прибл.) и напреден процесор за слика ви нуди обработка на слика со максимални авантуристички граници.
Двојно поефикасното следење со AF, дури и при континуирано фотографирање со 10 fps, ја забрзува еволуцијата на стабилни и неверојатно брзи перформанси за фотоапарати.
Значително подобрениот AF на очи фокусира и следи очи со одлична прецизност и брзина, дури и кога објектот се движи, гледа надолу или странично или, пак, кога е осветлен од задната страна.
SuperSpeed USB 3.1 Gen 1 со USB Type-C™ приклучок овозможува брз далечински пренос на податоци во компјутер за практично ракување со големи RAW датотеки.
Повеќекратното фотографирање со поместување на сензорот нуди огромна резолуција, прецизни бои и репродукција на текстури за да го доловите амбиентот на опкружувањето и објектот.
Иновацијата што поддржува 4K HDR слики со висока резолуција, широк динамички опсег и широка палета на бои создава видеоснимки што оставаат неверојатен впечаток.
Системот за обработка на слика еволуираше за да обезбеди висока резолуција и мал шум во поширок опсег на ISO. Фотоапаратот го одредува амбиентот на опкружувањето во секоја сцена и текстурата на деталите.
Дизајнот на Exmor R сензорот со задно осветлување без простор помеѓу чипот и леќите ја зголемува чувствителноста на светлина и нуди широк динамички опсег и покрај високата резолуција од 42,4 MP.
Новиот преден LSI и BIONZ X™ ја зголемуваат брзината за обработка, а во комбинација со сензорот Exmor R™ создаваат динамички опсег со 15 чекори при ниска ISO чувствителност за фотографии, овозможувајќи приказ на побогати тонови.
Стандардниот опсег на ISO е проширен до ISO 100-32000 (може да се прошири и до ISO 50-102400), а шумот е намален за приближно цел чекор во средниот опсег на чувствителност.
14-битниот RAW формат содржи богати тонови, од најсветли површини до најтемни сенки, а достапен е и при фотографирање во бесшумен или континуиран режим .
[1] Сензор за слика
[2] Најнов преден LSI со голема брзина
[3] 16-битна обработка на слика
Quad-VGA OLED Tru-Finder визирот со висока резолуција нуди природен и прецизен приказ. Функционалните придобивки со EVF, како добрата видливост во темнина и можноста за AF при зумирање на сликата, се збогатени со моќна поддршка за фотографирање. Малото и лесно куќиште на α7R III е доволно цврсто и издржливо за да се користи во лоши услови и да понуди уште поразновидни опции.
Доловувајте движења со континуирано фотографирање со брзина до 10 fps и следење со AF/AE. Огромните слики со 42,4 MP имаат висок квалитет што е соодветен за вашето креативно прилагодување.
Овој фотоапарат овозможува бесшумно фотографирање со брзина до 10 fps и следење со AF/AE. Тишината е неопходна за фотографирање диви животни, кога дури и најтивкиот шум може да уништи прилика за идеална снимка.
Перформансите на AF се подобруваат поради искористувањето на перформансите на AF со кои се одликува α9 и нивната оптимална примена, па затоа штом α7R III фокусира диво животно што се движи непредвидливо, нема лесно да го изгуби.
399-те AF точки за откривање фаза опфаќаат прибл. 68% од ширината и висината на сликата, а 425-те густо позиционирани AF точки со откривање на контраст го подобруваат фокусот што во некои случаи не може да се одреди.
Благодарение на подобрениот брз хибриден AF со многу побрз одзив, брзината на AF е приближно двојно поголема во услови со недоволно осветлување.
Алгоритамот за AF преземен од α9 овозможува двојно попрецизно следење со AF за континуирано фотографирање, дури и сложени и ненадејни движења.
Напредните алгоритами за AF овозможуваат прецизен AF дури и при мали нивоа на светлина до EV-3, за посигурно автоматско фокусирање во темни сцени.
Новото копче за избор, копчето AF-ON и функциите за фокусирање на допир овозможуваат брзо и интуитивно ракување. Со двата отвори за картички и компатибилноста со батеријата на полнење NP-FZ100 со голем капацитет, α7R III ќе ви овозможи да фотографирате со помалку прекини бидејќи ќе нема потреба од често менување на медиумот и батеријата.
Снимете макс. 76 компресирани RAW или JPEG слики во непрекината серија. Тоа ќе ви овозможи да се концентрирате само на секвенцијалното фотографирање.
Со двата отвори за медиуми, од кои едниот е компатибилен со UHS-II за брзо запишување податоци, α7R III може да снима истовремено или со пренасочување, да снима посебно RAW/JPEG податоци и слики/видеоснимки и да копира податоци помеѓу картичките.
α7R III може да користи NP-FZ100 батерија со прибл. 2,2 пати поголем капацитет од батеријата NP-FW50. USB Type-C™ и повеќенаменскиот/микро USB приклучок овозможуваат поврзување надворешни батерии за подолго фотографирање.
Со функцијата за рангирање може да ги рангирате снимените слики со опсег од 1 до 5 ѕвезди во секое време. Оваа функција, доколку е доделена на прилагодено копче, се врши преку екранот за репродукција.
Сериите фотографии снимени во континуиран режим може да се прегледуваат во групи, приказот на индексот за репродукција е подобрен, а континуираните групи може да се бришат или заштитуваат истовремено.
Регистрирајте најмногу 30 често користени опции на новото Мое мени за моментално активирање. Создадете и прилагодувајте оптимално мени по ваша желба.
AF на очи кај α7R III нуди двојно побрзо и ефективно откривање и следење очи, дури и кога снимате портрет од лице што се поместува.
Благодарение на подобрената стабилизација на слика со 5 оски, секогаш кога ќе сакате да се движите слободно и да снимате, високата резолуција и преносливоста на α7R III ќе ви овозможат да се концентрирате на објектот без да се грижите за различните видови на тресење на фотоапаратот.
Новите жироскопи/алгоритами/систем за стабилизација нудат ефикасни 5,5 чекори. Компензација се врши за пет вида тресење на фотоапаратот - аголно тресење (движење/вртење), поместување по X/Y оска и ротациско тресење (ротирање).
α7R III располага со USB Type-C™ приклучок компатибилен со USB 3.1 Gen 1 и приклучоци за синхронизација што овозможуваат директно поврзување на фотоапаратот со надворешни уреди без доцнење. Овие приклучоци придонесуваат за подобри и посмирени работни процеси, дури и во студијата каде што се активира блиц или се фотографира преку компјутер.
Овозможува фотографирање преку компјутер за лесно управување со големи RAW датотеки, за да можете брзо да прегледувате слики на компјутер и да продолжите да фотографирате без долготрајни преноси на датотеки.
Достапен е стандарден приклучок за синхронизација за практично синхронизирање со блицови во студио и друга надворешна опрема за осветлување.
Подобрете ги фотографиите со Imaging Edge. Користете „Remote“ за контрола и следење на фотографирањето преку компјутер; „Viewer“ за брзо прегледување, оценување и избирање фотографии; и „Edit“ за претворање RAW-податоци во висококвалитетни фотографии. Извлечете максимум од RAW-датотеките на Sony и управувајте со снимените материјали поефикасно.
Imaging Edge Webcam овозможува користење на фотоапарат од Sony како висококвалитетна веб камера со широка компатибилност, за одлични проследувања во живо и конференции.
Повеќекратното фотографирање со поместување на сензорот создава фотографии со реални детали, текстура, бои и амбиент.
[1] Обична слика [2] Слика добиена со повеќекратно фотографирање со поместување на сензорот
Ве молиме прифатете ги колачињата на Youtube за да го погледнете видеото
Отворете ги опциите за колачиња подолу и вклучете ги колачињата на Youtube во делот „Functional“ (Функционални).
Освен снимање прекрасни видеоснимки со 4K резолуција користејќи прекумерно семплирање со 5K (15 MP), фотоапаратот нуди и нов профил за слики HLG (Hybrid Log-Gamma) што поддржува моментални HDR работни процеси со широк динамички опсег за неверојатно прецизни и реалистични подвижни слики без промена на тоновите на боите.
α7R III нуди S-Log за флексибилен приказ на слики по снимањето и HLG за моментални HDR работни процеси - комбинација што задоволува различни потреби за снимање во HDR.
[1] Голема флексибилност за прилагодување слики по ваша желба (потребна е градација на боите)
[2] Моментално снимање висококвалитетни слики (не е потребна градација на боите)
Овој производ е компатибилен со Final Cut Pro X и iMovie.
Што има во пакетот
Кабел за напојување, Батерија на полнење NP-FZ100, Заштитник за кабли, Полнач за батерии BC-QZ1, Лента за на рамо, Капаче за куќиште, Капаче за приклучок за галантерија, Капаче за окулар, USB Type-C™ кабел