Слика од RSX-GS9 | Дигитален медиумски приемник
Така како што замислиле изведувачите

Уживајте во најситните детали од звукот со поголем квалитет отколку кај CD дисковите, благодарение на звукот со висока резолуција. Страста за музика ги обединува сите компоненти, па затоа ќе помислите дека изведувачот настапува пред вас.

Најдоброто звучно доживување во автомобилот

Пренесете го звукот во автомобилот на нови височини со медискиот ресивер RSX-GS9. Обединувајќи ги врвните компоненти со нашите најдобри технологии за звук - вклучувајќи стандардна репродукција на DSD и подобрувањето со DSEE HX - ќе можете да уживате во висококвалитетен звук додека патувате.

3x USB приклучоци
Звук со најчист квалитет

Извлечете максимум од вашиот приемник со жичното поврзување преку еден од трите USB приклучоци.

Стандардна репродукција на DSD
Внесете звук без загуби во автомобилот

Со својот проширен опсег, стандардната репродукција на Direct Stream Digital (DSD) овозможува звук со извонредна резолуција.

NFC со еден допир
Моментално проследување

Поврзете се со еден допир преку Bluetooth® и NFC за моментален пристап до вашата музичка збирка.

Звук со квалитет како од студио додека возите 

Уживајте во потполно ново доживување при слушањето во автомобилот

RSX-GS9 е ремек-дело на технологијата за звук кое претставува уникатна комбинација од нашите најдобри технологии за звук - вклучувајќи ја и стандардната репродукција на DSD без загуби и дигитално-аналогниот конвертор ESS кој е водечки во индустријата.

Стандардна репродукција на DSD
Звук кој ја задржува реалистичноста од изворот до звучникот

Стандардната репродукција на DSD нуди остар звук без загуби

Уживајте во чисти детали од сите содржини што ги слушате. RSX-GS9 е првиот медиумски приемник за во автомобил во светот со стандардна репродукција на DSD - кодек кој е специјално дизајниран за звук со висока резолуција.

Создадени за врвно задоволство при слушањето 

ESS дигитално-аналоген конвертор

Уживајте во звук од калибар кој вообичаено е наменет за аудио производи за во домот од висока класа, благодарение на чипот ESS DAC - конвертор кој е водечки во индустријата и кој нуди оптимален квалитет за сите ваши дигитални музички фајлови.

ESS дигитално-аналоген конвертор
DSEE HX
Слушнете ја разликата со подобрувањето со DSEE HX

Приближете ја секоја песна поблиску до оригиналната снимка

DSEE HX™ внесува поголема реалистичност во музиката, подобрувајќи ги компресираните фајлови речиси до квалитетот на звукот со висока резолуција. Обновувајќи ги деталите од оригиналната снимка, таа ви нуди звук како од изведбите во живо..

Оптимизирани за совршенство

Бидејќи за врвен звук се потребни врвни компоненти

Под прекрасната завршна обработка од брусен алуминиум и OLED екранот се кријат внимателно дизајнирани компоненти кои ќе го подобрат начинот на кој слушате. Генератор на тактни импулси со голема прецизност ја зголемува прецизноста на дигитално-аналогната конверзија, а одвоениот дигитален блок го минимизира шумот од пречките. Секоја компонента има сопствено наменско електронско коло за оптимизирање на перформансите.

Сигурна изработка, рамномерен звук

Уживајте во почист тон од куќиште со голема цврстина

RSX-GS9 се одликува со најголемата цврстина постигната досега кај куќиштата за приемници. Тоа ги минимизира внатрешните и надворешните вибрации и создава извонредно мал шум дури и во несоодветни средини во автомобилите.

Цврсто двослојно куќиште
Чист звук без изобличувања

Одвоени блокови во куќиштето за оптимални перформанси

Двослојниот дизајн на куќиштето го одвојува аналогното електронско коло од дигиталното за да спречи појава на шум и да добиете звук со беспрекорен квалитет.

Засилувач
Засилувач

Во аналогните електронски кола на RSX-GS9 се вградени врвни компоненти од засилувачи за добивање поголема длабочина на звукот и реалистичен звук.

Оригинални кондензатори од Sony
Врвни кондензатори од Sony

Нашите специјални кондензатори за звук создаваат веродостоен звук со моќни тонови со целосен опсег.

Генератор на тактни импулси
Генератор на тактни импулси

Генераторот на тактни импулси ја подобрува дополнително дигитално-аналогната конверзија за да се добие прецизен и стабилен звук.

Повеќе начини за уживање во вашата музика

Опции за висококвалитетно жично и безжично поврзување

Уживајте потполно во звукот со висока резолуција кога ќе извршите поврзување преку еден од трите USB приклучоци на RSX-GS9 или, пак, воспоставете безжична Bluetooth® врска преку NFC со еден допир за максимална преносливост на музиката.

Директно поврзување преку USB
Чист звук со висока резолуција

Уживајте во најдоброто од вашата музика со директна USB DAC врска

За да добиете звук со најдобар квалитет од вашиот приемник, поврзете го вашиот паметен телефон кој поддржува висока резолуција во предниот микро USB приклучок за директно проследување на репродукцијата со дигитално-аналогниот конвертор ESS.

Вашата музика, ваши опции

Добијте повеќе опции за слушање со големата поддршка за кодеци

Дизајниран да ги обедини сериозното слушање и дигиталната практичност, RSX-GS9 е компатибилен со голем број популарни кодеци, компресирани и некомпресирани, за Mac или PC. 

Голема поддршка на кодеци
Репродуцирајте музика, веднаш

Брзо и висококвалитетно безжично проследување

Започнете веднаш да проследувате музика безжично од вашиот паметен телефон преку приемникот, благодарение на висококвалитетните технологии за проследување преку Bluetooth® со NFC со еден допир и LDAC.

Проследување преку LDAC
Квалитетно проследување со Bluetooth® преку LDAC

Извлечете максимум од поврзувањето преку Bluetooth®, со помош на LDAC.

NFC со еден допир
Поврзување со еден допир со NFC

Поврзете одредени уреди кои поддржуваат NFC со приемникот со еден допир.

SongPal
Обединете ја вашата музика

Sony l Music Center ви нуди лесно и интуитивно управување на слушањето. Само инсталирајте ја апликацијата Sony l Music Center на одредени паметни телефони и преземете ја контролата врз репродукцијата на музика, поставувањата на уредот и многу повеќе.

Набавете го целосниот систем

Направете комбинација со нашите врвни компоненти за ненадмината акустика

Подобрете го звукот во автомобилот уште повеќе. Нашите врвни аудио производи за во автомобил се дизајнирани да се надополнуваат меѓусебно, за да можете да создадете совршено звучно поле во автомобилот. Разгледајте ги препорачаните конфигурации подолу.

Супер високотонци XS-GS1
Компонентни супер високотонци XS-GS1

Уживајте во извонредни високи тонови со овие иновативни супер високотонци кои се поставуваат нанапред.

Засилувач XM-GS4
Стерео засилувач XM-GS4

Внесете реалистичност во звукот во автомобилот со овој моќен 4-канален стерео засилувач.

Уникатно аудио доживување

Дознајте како одново го дефиниравме квалитетот на звукот во автомобилот

Нашата нова палета на аудио уреди за во автомобил - вклучувајќи го и медиумскиот приемник RSX-GS9, засилувачот XM-GS4 и супер високотонецот XS-GS1 - засекогаш ќе го променат начинот на кој слушате музика во автомобилот.

Спецификации и функции

Пренесете го звукот во автомобилот на нови височини со медискиот ресивер RSX-GS9. Обединувајќи ги врвните компоненти со нашите најдобри технологии за звук - вклучувајќи стандардна репродукција на DSD и подобрувањето со DSEE HX - ќе можете да уживате во висококвалитетен звук додека патувате.
  • Компатибилност со звук со висока резолуција

  • Подобрувањето со DSEE HX го обновува квалитетот кај компресираните фајлови

  • Лесно поврзување преку Bluetooth® со NFC™ со еден допир

  • Проследувајте и контролирајте преку вашиот паметен телефон со Sony l Music Center

  • Репродукција преку USB и полнење на паметни телефони

Излез за предзасилувач
Преден/Заден/Сабвуфер
Излез за сабвуфер
Да
AUX
Да (предна страна)
USB
Да (тип A: за напред/назад, uB за напред)

Што има во пакетот

Приклучок ISO, Украсен прстен (ремен)

Компанијата Sony не само што е посветена да ви обезбеди производи, услуги и содржини кои нудат возбудливи доживувања, туку работи и кон исполнување на целта да постигне искористување на животната средина еднакво на нула преку своите деловни активности Дознајте повеќе за Sony и за животната средина

Кориснички оценки

Експертите велат