Слика од XM-GS4 | 4-канален стерео засилувач
Слика од XM-GS4 | 4-канален стерео засилувач
Слика од XM-GS4 | 4-канален стерео засилувач
Слика од XM-GS4 | 4-канален стерео засилувач
Така како што замислиле изведувачите

Уживајте во најситните детали од звукот со поголем квалитет отколку кај CD дисковите, благодарение на звукот со висока резолуција. Страста за музика ги обединува сите компоненти, па затоа ќе помислите дека изведувачот настапува пред вас.

Внесете реалистичност во звукот во вашиот автомобил

4-каналниот засилувач XM-GS4 е изработен за да ја подобри секоја песна, вклучувајќи ги и фајловите со звук со висока резолуција, со помош на извонредно широкиот фреквентен опсег до 100 kHz. Врвните електронски компоненти заедно овозможуваат извонредна ефикасност и совршена репродукција на звукот, за да ги збогатите патувањата со соодветен звук.

Media Object

Погледнете како тоа функционира

Извонредно широк фреквентен опсег
Прецизни детали низ целиот опсег на звукот

Слушајте моќни ниски тонови и неверојатно високи тонови со огромна реалистичност, благодарение на извонредно широкиот фреквентен опсег кој достигнува до 100 kHz.

Звук со 4 канали
4 канали за динамичен звук

Уживајте во моќен звук низ целиот автомобил, благодарение на излезната моќност од 70 W x 4 RMS.

Создадени за исклучителен звук

Врвни електронски кола за оптимални перформанси

Извлечете максимум од звукот во автомобилот, благодарение на висококвалитетните електронски кола за звук на XM-GS4. Сите елементи се изработени за минимален шум и максимална ефикасност - вклучувајќи го и цврстото алуминиумско куќиште кое ја одржува стабилноста за да не се зголеми изобличувањето.

Кондензатори
Кондензатори

Висококвалитетните електролитички кондензатори помагаат во добивањето на моќен и разновиден звук.

Транзистори
Транзистори

Транзисторот за висока струја овозможува брз и ефикасен пренос на енергија заради функционирање со брз одзив.

Намотка за придушување
Намотка за придушување

Намотките за придушување со мал проток во делот за напојување овозможуваат висококвалитетна репродукција на звук со мал шум.

Повеќе звук, помалку шум

Потенциометри отпорни на шум

Нашите внимателно избрани потенциометри нудат голема сигурност и константен минимален шум. Структурата на каблите со испреплетени жици нуди дополнителна отпорност на шум од електромагнетни пречки.

Потенциометри
Диоди со бариера Schottky
Максимална ефикасност на системот

Диодите со бариера Schottky ја подобруваат стабилноста на звукот

Нашите врвни диоди се одликуваат со мал пад на напонот во споредба со стандардните диоди и овозможуваат побрзо менување и подобра ефикасност на системот за порамномерен и постабилен звук.

Нископропусни и високопропусни филтри

Нашите нископропусни и високопропусни филтри го разделуваат опсегот на звукот за да создадат прецизно звучно поле кое се одликува со моќен бас, јасни средни тонови и беспрекорни високи тонови.

Нископропусни и високопропусни филтри
Моќта зад секоја песна

Засилете ги омилените песни со овој 4-канален засилувач

Уживајте во моќност од 70 W од сите четири канали посебно, за поголема флексибилност при создавање идеално звучно поле во автомобилот. Користејќи врска со двојно засилување, може да одредите два канала за бас фреквенции и два канала за високи фреквенции, за да го минимизирате изобличувањето. Исто така, можете да ја прилагодувате јачината на различни фреквенции за да пронајдете совршена рамнотежа за секоја песна.

Набавете го целосниот систем

Направете комбинација со нашите врвни компоненти за ненадмината акустика

Подобрете го звукот во автомобилот уште повеќе. Нашите врвни аудио производи за во автомобил се дизајнирани да се надополнуваат меѓусебно, за да можете да создадете совршено звучно поле во автомобилот.

RSX-GS9
Медиумски приемник RSX-GS9

Добијте го најдоброто звучно доживување во автомобилот, со првиот приемник во светот кој нуди стандардна DSD репродукција.

XS-GS1
Компонентни супер високотонци XS-GS1

Уживајте во извонредни високи тонови со овие иновативни супер високотонци кои се поставуваат нанапред.

Опции за монтирање
Флексибилна инсталација

Изберете една од опции за монтирање

XM-GS4 може да се постави на повеќе различни места во автомобилот. Инсталирајте го во предниот дел за лесен пристап до контролите или ставете го во багажникот за да заштедите простор.

Уникатно аудио доживување

Дознајте како одново го дефиниравме квалитетот на звукот во автомобилот

Нашата нова палета на аудио уреди за во автомобил - вклучувајќи го и медиумскиот приемник RSX-GS9, засилувачот XM-GS4 и супер високотонецот XS-GS1 - засекогаш ќе го променат начинот на кој слушате музика во автомобилот.

Спецификации и функции

4-каналниот засилувач XM-GS4 е изработен за да ја подобри секоја песна, вклучувајќи ги и фајловите со звук со висока резолуција, со помош на извонредно широкиот фреквентен опсег до 100 kHz. Врвните електронски компоненти заедно овозможуваат извонредна ефикасност и совршена репродукција на звукот, за да ги збогатите патувањата со соодветен звук.
  • Компатибилност со звук со висока резолуција

  • Фреквентен опсег до 100 kHz

  • Номинална излезна моќност од 70 W x 4 RMS

  • Врвни компоненти за врвни перформанси

  • Филтри за ниски и високи фреквенции за прецизен звук

Конфигурација на канали
4-кан./3-кан./2-кан.
Макс. моќност на канали при 4 оми
150 W x 4
Maкс. број на канали во конфигурацијата при 4 ohm BTL (звучник поврзан со два засилувачи)
350 W x 2
Maкс. моќност на каналите во конфигурацијата при 2 оми
175 W x 4
Фреквентен одзив
10-100 kHz
Тежина
2,7 кг

Што има во пакетот

Гарантен лист, Упатство за употреба

Компанијата Sony не само што е посветена да ви обезбеди производи, услуги и содржини кои нудат возбудливи доживувања, туку работи и кон исполнување на целта да постигне искористување на животната средина еднакво на нула преку своите деловни активности Дознајте повеќе за Sony и за животната средина