Звук со висока резолуција од Sony

Така како што замислиле изведувачите

Купување фајлови со звук со висока резолуција

Уживајте во постоечкиот свет на музика со висока резолуција - веднаш. Компаниите за музички услуги нудат обемни колекции на аудио фајлови со висока резолуција за продажба. Пребарајте ги и купете ги омилените жанрови.

Аудио производи - висока резолуција

Без разлика дали сакате пренослива практичност или целосна моќ на домашен систем, аудио производите со висока резолуција од Sony ви овозможуваат да слушате музика така како што ја замислиле изведувачите.

Што е звук со висока резолуција?

Звукот со висока резолуција се однесува на група дигитални процеси и формати кои овозможуваат кодирање и репродукција на музика со повисоки стапки на семплирање од оние кај CD дисковите.

звучни бранови на оригиналната аналогна снимка
Оригинална аналогна снимка
Звучни бранови на CD
CD: 16 бита/44,1kHz
Графикон со ленти за споредба за звук со висока резолуција
Звук со висока резолуција со 24 бита/96kHz

Графиконите погоре започнуваат со оригиналните аналогни звучни бранови и ги прикажуваат малите стапки на семплирање на CD дисковите во споредба со поголемата фреквенција што се користи за снимање на звукот со висока резолуција. Не постои унификација за стандардот за звук со висока резолуција, но најчесто користените спецификации се 24 бита/96 kHz (3,2x поголем пренос на податоци од CD) и 24 бита/192 kHz (6,5x поголем пренос на податоци од CD).

Создадете систем кој сметате дека е совршен

Уживајте во звук со висока резолуција преку систем од Sony кој одговара на вашите желби за слушање.

Преносливи опции
Опции за во домот и канцеларијата
Како да уживате во звук со висока резолуција

Купувајте фајлови со звук со висока резолуција од услуги за музика преку вашиот компјутер, паметен телефон или таблет-уред Xperia™ или Android Walkman® и префрлете ги во домашниот систем за звук или преносливиот уред. Исто така, можете да се поврзете со систем за звук во домот или автомобилот преку USB и да уживате насекаде.

Шест најчести аудио формати со висока резолуција
Објаснување за форматите DSD, DFF

Се користат со професионална опрема за создавање Super Audio CD дискови.

Објаснување за форматите DSD и DSF

Формат создаден за практично користење со компјутери.

Објаснување за форматот WAV

Овој формат бил создаден за оперативниот систем Windows.

Објаснување за форматот AIFF

Формат на фајлови создаден специјално за Macintosh компјутери.

Објаснување за форматот FLAC

Овозможува компресија без загуби за да заштеди простор на хард дискот и да го зачува квалитетот.

Објаснување за форматот ALAC

Технологија за компресија без загуби која ја користи Apple.