Општи карактеристики

USB
Да (тип A: за напред/назад, uB за напред)
AUX
Да (предна страна)
EQ
Да (EQ10)
Филтер за високи фреквенции
Да (ИСКЛУЧЕНО/50/63/79/99/125/158/198/250[Hz])
Излез за предзасил. со висок напон
Да
Нископропусен филтер
Да (PCM:ИСКЛУЧЕНО/50/63/79/99/125/158/198/250, DSD:ИСКЛУЧЕНО/150[Hz])
Излез за предзасилувач
Преден/Заден/Сабвуфер
Подобрување на заден бас
Не
Излез за сабвуфер
Да
Однапред поставено подред. на време
Да

Функции на приемникот

Меморирана станица
FM18/MW6/LW6
RDS / EON
Да

Дизајн на панел

Боја на екран (промена на боја / негатив или позитив)
Монохроматски (2 тона)
Уред за прикажување (LCD / FL / OEL / TFT)
OEL (со акрил)
Осветлување на копчињата
Да (бело)
Боја на завршница на панел
Монохроматски (2 тона)

Контрола на музика од iPhone/iPod преку USB

Пребарув. листи
Не
Контрола-совозач
ДА (секогаш вклучено)
Пауза
Да
Повторување
Не
Продолжување
во зависност од iPod
Мешано
Не

Bluetooth®-функции

Надворешен микрофон
Испорачан
Засил. на микрофон
Да (ниско/средно/високо)
Верзија
3.0

Bluetooth®-функ. за звук

Аудио кодек
SBC/AAC/LDAC
Прилагодување на нивото на звукот
Да (-6dB - +6dB)
Подред./Преглед.
Да
Пауза (Bluetooth® звук)
Да
Песна +/-
Да

Функции за контрола на USB-уреди

Режим на прескокнување
Не
Комп. формат на датотеки(кодек)
MP3/WMA/WAV/AAC/FLAC/ALAC/AIFF/DSF/DSDIFF
Пребарув. листи
Да (контролирано со APP)
Пауза
Да
Повторување
ИСКЛУЧЕНО/ПЕСНА/АЛБУМ/СИТЕ (контролирано со APP или далечински управувач)
Продолжување
ДА (продолжување од почетокот)
Мешано
ИСКЛУЧЕНО/АЛБУМ/УРЕД (контролирано со APP или далечински управувач)

USB-профил

USB уред за масовно складирање
Да

Што има во пакетот

  • Приклучок ISO
  • Украсен прстен (ремен)
  • Гарантен лист
Placeholder

Функции

Слика од RSX-GS9 | Дигитален медиумски приемник

Звук со висока резолуција за беспрекорен звук

Уживајте максимално во дигиталната музика со звукот со висока резолуција. Снимајќи ја музиката со повисока стапка отколку кај CD дисковите, поради што се зголемуваат аудио примероците во секунда и прецизноста на бит-стапката на секој примерок, звукот со висока резолуција овозможува беспрекорна репродукција на музиката која се изведува. Уживајте во секој здив и дискретно движење за навистина емотивно доживување.

Слика од RSX-GS9 | Дигитален медиумски приемник

Direct Stream Digital (DSD) репродукција за звук со висока резолуција

Уживајте во висококвалитетен звук со аудио кодекот Direct Stream Digital (DSD) - специјално дизајниран за звук со висока резолуција. Овој 1-бит. формат применува низа високофреквентни 1-ци и 0-ли за создавање звучни бранови форми со поголема резолуција од стандардните кодеци. Резултатот претставува појасен и поостар звук со висока резолуција. 

Слика од RSX-GS9 | Дигитален медиумски приемник

ESS дигитално-аналоген конвертор за високи перформанси

Познатиот дигитално-аналоген конвертор (DAC) ES9018S ви овозможува да уживате во обработка на сигналите без изобличување и ненадмината јасност на звукот. Напојувана преку сопствено електрично коло, со ненадминат динамички опсег, сите карактеристики на ES9018S се оптимизирани за чист звук со извонредни детали. 

Слика од RSX-GS9 | Дигитален медиумски приемник

Засилувач за длабочина на звук

Уживајте во разновиден и реалистичен звук благодарение на електрониката на врвниот засилувач MUSES 8920E. Вграден во аналогните електронски кола на RSX-GS9, оваа компонента овозможува реалистична длабочина и детали за сите содржини што ги слушате, со голем избор на музички стилови и жанрови.

Слика од RSX-GS9 | Дигитален медиумски приемник

Подобрувањето со DSEE HX ги обновува малите детали

DSEE HX (процесор за подобрување на дигитален звук) технологијата го надградува квалитетот на вашите компресирани музички фајлови. Кога оригиналниот музички извор е компресиран, се губат делови од високите фреквенции на вашата музика. DSEE HX ги обновува тие делови за добивање на висококвалитетен звук кој е поблиску до оригиналната снимка.

Слика од RSX-GS9 | Дигитален медиумски приемник

Цврсто двослојно куќиште за чист звук без изобличување

Куќиштето на RSX-GS9 нуди четири пати поголема цврстина од стандардните главни уреди, така што надворешните вибрации не предизвикуваат изобличувања. Дигиталните и аналогните електронски кола се поставени во посебни слоеви, на максимална оддалеченост, спречувајќи го шумот кој може да се појави поради електромагнетните пречки, за да ви овозможи звук со врвен квалитет во возилото.

Слика од RSX-GS9 | Дигитален медиумски приемник

Уживајте во чист звук со висока резолуција преку предниот микро USB приклучок

Уживањето во репродукцијата со највисок можен квалитет со RSX-GS9 е лесно: само поврзете го паметниот телефон или плеер компатибилен со звук со висока резолуција во предниот микро USB приклучок и тоа е сè. Со користењето на овој приклучок, аудио сигналите преминуваат директно низ дигитално-аналогниот конвертор ESS кој е водечки во својата класа, така што ќе можете да уживате во одлична репродукција на Linear PCM и DSD без загуби. 

Слика од RSX-GS9 | Дигитален медиумски приемник

Оригинални кондензатори од Sony

Специјално дизајнирани за користење со врвни аудио производи, нашите врвни кондензатори нудат веродостоен звук со јасни тонови.

Слика од RSX-GS9 | Дигитален медиумски приемник

Генератор на тактни импулси за висококвалитетна репродукција

За висококвалитетен звук без компромиси. Нашиот прецизен генератор на тактни импулси од 80 MHz е поставен покрај дигитално-аналогниот конвертор за да ги намали вибрациите и тресењето и да ја подобри прецизноста на конверзијата и општата стабилност на звукот.

Слика од RSX-GS9 | Дигитален медиумски приемник

Безжично проследување со Bluetooth®

Безжично проследување на вашите омилени песни преку Bluetooth®. Впарете го вашиот паметен телефон или таблет-уред со RSX-GS9 и ќе можете да уживате во музиката и да ги контролирате листите за репродукција и јачината на звукот преку вашиот уред.

Слика од RSX-GS9 | Дигитален медиумски приемник

Голема поддршка за кодеци за практичност при слушањето

Уживајте во поголема музичка слобода, благодарение на големата компатибилност на RSX-GS9 со кодеците. Можете да репродуцирате звук од различни видови на компресирани или некомпресирани фајлови, така што секогаш ќе можете да составувате совршени листи за репродукција за патувањата.

Слика од RSX-GS9 | Дигитален медиумски приемник

NFC со еден допир за брзо поврзување

Благодарение на технологијата NFC (поле за комуникации во близина), сложените поставувања се дел од минатото. Со уредите кои поддржуваат NFC допрете ја ознаката N на куќиштето за брзо и лесно поврзување, а потоа започнете со проследување содржини преку Bluetooth®. Немате NFC? Нема проблем. Ќе можете рачно да се поврзете преку Bluetooth® во менито со поставки на вашиот уред.

Слика од RSX-GS9 | Дигитален медиумски приемник

Извлечете максимум од Bluetooth® со LDAC

LDAC е кодек создаден од Sony за проследување звук преку Bluetooth® со највисок квалитет. Тој поддржува: до три пати поголема бит-стапка од стандардното проследување преку Bluetooth®; стапки на семплирање до 96 kHz; и поефикасен начин на кодирање. Како резултат се добива врвен звук со помала компресија кој овозможува безжичен звук со подобар квалитет од звукот со CD квалитет.