Во вашиот автомобил
Запознајте се со одличните производи за во автомобил кои ја збогатуваат нашата нова серија GS на аудио уреди со висока резолуција.
Нашите најнови производи се професионално изработени за да ви го понудат најдоброто од вашата музика и да внесат реалистичност и емоции во секоја песна.
Уживајте во најситните детали од звукот со поголем квалитет отколку кај CD дисковите, благодарение на звукот со висока резолуција. Страста за музика ги обединува сите компоненти, па затоа ќе помислите дека изведувачот настапува пред вас.
Новата серија GS на аудио уреди за 2015 година е дизајнирана да ги надмине акустичките предизвици поврзани со слушањето во автомобилот и да ви овозможи да уживате во најдоброто можно аудио доживување кое го нудиме. Разгледајте ги препорачаните опции за поставување подолу.
Погледнете го нашето видео за да ги видите техничките иновации и врвните компоненти што се вградуваат во палетата производи со звук со висока резолуција.
Од првиот медиумски приемник во светот со репродукција на DSD без загуби па сè до нашите револуционерни супер високотонци со широко распространување, секој аспект на нашите најнови производи за автомобил е дизајниран за неверојатно прецизен звук. Дознајте повеќе за секој производ подолу.
Новиот RSX-GS9 нуди спој од неверојатен звук и прекрасен дизајн кои создаваат возбудливо доживување во автомобилот.
RSX-GS9 нуди комбинација од врвни компоненти со извонредни технологии за звук, вклучувајќи ја и првата стандардна репродукција на DSD во светот, за да можете да уживате во најдоброто доживување во звукот во автомобилот.
Засилете ги омилените песни со нашиот нов 4-канален стерео засилувач XM-GS4.
Подобрете го звукот во вашиот автомобил со нашиот засилувач XM-GS4. Неговиот извонредно широк фреквентен опсег достигнува 100 kHz поради што е совршен за сите музички извори, вклучувајќи ги и фајловите со звук со висока резолуција.
Благодарение на револуционерниот дизајн за поставување на контролната табла, нашите нови и неверојатни супер високотонци XS-GS1 ви овозможуваат да го исполните целиот автомобил со извонреден звук.
Сега, за прв пат, може да уживате во истиот звук со неверојатен квалитет во секој дел од вашиот живот. Без разлика дали сте во автомобилот, патувате или одморате во домот, секогаш ќе ја слушате музиката така како што ја замислил изведувачот.
Запознајте се со одличните производи за во автомобил кои ја збогатуваат нашата нова серија GS на аудио уреди со висока резолуција.