FDR-X3000R
Погледнете како акционата камера нуди нова спектакуларна слика со извонреден 4K квалитет и стабилни движења. Доловете ги вашите најдобри потези во незаборавни 4K видеоснимки.
FDR-X3000R
Погледнете како акционата камера нуди нова спектакуларна слика со извонреден 4K квалитет и стабилни движења. Доловете ги вашите најдобри потези во незаборавни 4K видеоснимки.
Куќиште + комплет со далечински управувач за прегледување во живо
Намалено тресење со балансираниот оптички SteadyShot
Снимајте видеоснимки од лична перспектива на ново ниво со 4K резолуција. Снимајте стабилни слики како никогаш досега со балансираниот оптички SteadyShot. Снимајте насекаде со издржливиот дизајн на акционата камера.
ИЗВЕСТУВАЊЕ
При употреба во близина на вибрирачки мотори може да дојде до намалување на квалитетот на сликата или дефокусирање. Добиените слики можат да се подобрат ако ја користите акционата камера со изборниот уред за апсорпција на вибрации од мотори за X3000/AS300 (AKA-MVA)
Фотографирајте во темнина при малку светлина врз овој најсовремен сензор.
Снимајте брзи движења и јасни случувања во 4K со 100 Mbps.
Снимајте пејзажи со помало изобличување.
Снимајте од зори до самрак и во затемнети простории
Прилагодливо видно поле и слобода при зумирањето
Овој нов компактен далечински управувач е повеќе од обичен додаток за на рака и може да се користи како практичен монтажен управувач за многубројна изборна галантерија, вклучувајќи го и држачот за снимање.
Подобрете ја комуникацијата помеѓу акционата камера и управувачот преку идентични интерфејси. Контролирајте го вклучувањето/исклучувањето на камерата за да зачувате енергија. Камерата може да се вклучува/исклучува преку Imaging Edge Mobile.
За снимање неограничено колку вашата имагинација
Подгответе се за снимање со соодветна заштита. Самото куќиште на акционата камера е отпорно на прскање и мраз, а испорачаното куќиштето за под вода е отпорно на прав, удари и вода на длабочина до 60 м/197 ft.
Набавете ја соодветната галантерија за зголемување на можностите за снимање. На пример, изберете го новиот држач за прсти (AKA-FGP1) или MC заштитникот (AKA-MCP1) за подобро снимање и подобрување на висококвалитетните резултати.
Прикачете ја и поврзете ја акционата камера со далечинскиот управувач со прегледување во живо за да го проверите кадарот и да снимате додека одите.
Го заштитува објективот од нечистотии и гребнатини без употреба на испорачаното куќиште за под вода. AR слојот ги елиминира одблесоците.
Дознајте како да гледате, зачувувате и уредувате 4K видеоснимките снимени со вашата 4K Handycam® или акциона камера.
Што има во пакетот
Комплет батерии на полнење (NP-BX1), Микро USB кабел, Водич за запознавање, Куќиште за под вода (MPK-UWH1), Тока за прикачување