4K АКЦИОНА КАМЕРА FDR-X3000 СО WI-FI® И GPS

Сите спецификации и функции

FDR-X3000R

Големина и тежина

Димензии (Ш x В x Д)
Прибл. 29,4 x 47,0 x 83,0 мм (прибл. 1 3/16 x 1 7/8 x 3 3/8 инчи)
Тежина
Прибл. 114 гр. (вклучувајќи ја испорачаната батерија), прибл. 4,1 oz. (вклучувајќи ја испорачаната батерија)

Сензор

Тип на сензор
„Exmor R®“ CMOS сензор со задно осветлување од 7,20 мм (тип 1/2,5)
Ефективни точки (видео)
Прибл. 8,2 милиони точки
Ефективни точки (фотографија)
Прибл. 8,2 милиони точки
Прибл. 8,57 милиони точки

Објектив

Вид на објектив
Tessar од ZEISS®
F-број (максимална решетка)
F2,8
Фокусна должина (35мм) (видео)
f= 17 мм (ШИРОКО), f= 23 мм (СРЕДНО), f= 32 мм (ТЕСНО)
Фокусна должина (35мм)(фотографија)
f= 17 мм (ШИРОКО), f= 23 мм (СРЕДНО), f= 32 мм (ТЕСНО)
Минимално фокусно растојание
Прибл. 50 см (Прибл. 19 3/4 инчи)

Стабилизација на слика

Steadyshot
Балансиран оптички SteadyShot со активен режим

Експозиција

Режим на експозиција
Повеќе сегменти
Минимална осветленост
6 лукси (1/30 брзина на бленда)

Баланс на белата боја

Режими на балансот на белата боја
АВТОМАТСКИ/температура на бои/прилагодено

Бленда

Брзина на блендата
1/30 – 1/10.000 (30 fps)

Снимање

Процесор на слика
BIONZ X™ процесор на слика
Други функции за снимање
Повторено снимање, подвижна снимка LE, секвенцијално фотографирање, снимање забрзани снимки во 4K, проследување во живо
Отпорност на вода
До 60 м со испорачаното куќиште за под вода (MPK-UWH1)
Отпорност на прав
Со испорачано куќиште за под вода (MPK-UWH1)
Отпорност на удари
Со испорачано куќиште за под вода (MPK-UWH1)

Снимање

Формат за снимање (видео)
MP4: MPEG-4 AVC/H.264, XAVC S формат: MPEG-4 AVC/H.264
Формат за снимање (фотографија)
Компатибилност со DCF вер. 2.0, компатибилност со Exif вер. 2.3, компатибилност со MPF Baseline
Видео резолуција
MP4 PS: 1920 x 1080 60p/50p, MP4 HQ: 1920 x 1080 30p/25p, MP4 STD: 1280 x 720 30p/25p, MP4 HS120 (HS100): 1280 x 720 120p/100p, MP4 HS240(HS200): 800 x 480 240p/200p, XAVC S: 3840 x 2160 30p/25p/24p, 1920 x 1080 120p/100p, 1280 x 720 240p/200p, 1920 x 1080 60p/50p/30p/25p/24p
Стапка на снимање видео (ABR / VBR)
MP4 PS: Прибл. 28 Mbps/HQ: Прибл. 16 Mbps/STD: Прибл. 6 Mbps/HS120 (HS100): Прибл. 28 Mbps/HS240 (HS200): Прибл. 28 Mbps, XAVC S 3840 x 2160 30p/25p/24p: Прибл. 100 Mbps/60 Mbps, 1920 x 1080 120p/100p: 100 Mbps/60 Mbps, 1280 x 720 240p/200p: 100 Mbps/60 Mbps, 1920 x 1080 60p/50p/30p/25p/24p Прибл. 50 Mbps
Големина на слика (режим на слики)
Прибл. 12,0 милиони точки 16:9 (4608 x 2592)

Медиуми за снимање

Компатибилни медиуми за снимање
Компатибилен со Memory Stick Micro™ и Micro SD/SDHC/SDXC

Аудио

Формат за снимање на звук
MP4/MPEG-4 AAC-LC 2-кан., XAVC S: LPCM 2-кан.
Микрофон
Вграден стерео микрофон
Звучник
Моно звучник

Интерфејс

Влезни и излезни приклучоци
Микро HDMI излез, Отвор за мемориска картичка, Повеќе/микро USB приклучок, Стерео мини приклучок

Моќност

Енергетски потреби
3,6 V (комплет батерии)
Тип на батерија
NP-BX1

Континуирано време на снимање (со целосно наполнета испорачана батерија) (прибл.)

WI-FI® НА ФОТОАПАРАТОТ Е ВКЛУЧЕН
XAVC S: 3840 × 2160 30p 60Mbps (4K) 50 мин., MP4: 1920 x 1080 30p (HQ) 125 мин.
WI-FI® НА ФОТОАПАРАТОТ Е ИСКЛУЧЕН
XAVC S: 3840 × 2160 30p 60Mbps (4K) 60 мин., MP4: 1920 x 1080 30p (HQ) 135 мин.

Далечински управувач со прегледување во живо

ИМЕ НА МОДЕЛ
RM-LVR3
ДИМЕНЗИИ (ШxВxД)
47,8 x 52,6 x 19,0 мм
ТЕЖИНА
46 гр. (само куќиште)
ВЕК НА ТРАЕЊЕ НА БАТЕРИЈАТА
155 мин. (се прикажува слика во живо)
ПОВРЗУВАЊЕ
Wi-Fi®, Bluetooth® V4.1

Што има во пакетот

  • Комплет батерии на полнење (NP-BX1)
  • Микро USB кабел
  • Водич за запознавање
  • Куќиште за под вода (MPK-UWH1)
  • Тока за прикачување
  • Далечинскиот управувач за прегледување во живо (RM-LVR3) содржи ремен за околу рачен зглоб, адаптер за монтирање и држач
Placeholder

Функции

Потполно нова димензија за снимање видеоснимки

Акционата камера нуди комбинација од извонредна 4K слика и напредна компензација за тресењето на камерата со балансираниот оптички SteadyShot. Преку контролирање на целата оптичка патека како една лебдечка единица, балансираниот оптички SteadyShot е значително поефикасен во елиминирањето на ефектите од тресењето на камерата. Овој напреден систем за стабилизација го олеснува снимањето со јасни и стабилни слики за време на патувањата, возењето велосипед и други активни дејства .

Далечински управувач за прегледување во живо за лесна контрола

Совршено впарување за успешно снимање. Далечинскиот управувач за прегледување во живо нуди целосна контрола врз поставките за фотографирање, а отсега и вклучување/исклучување на напојувањето. Тие го имаат и истиот практичен кориснички интерфејс за беспрекорна тимска работа. Затоа, без разлика како фотографирате и каде одите, камерата и далечинскиот управувач се синхронизирани и подготвени за авантура.

Далечински управувач со прегледување во живо за лесна и целосна контрола

Паметно користење со практичен кориснички интерфејс

Избирањето и менувањето на функциите никогаш не било полесно со новиот и интуитивен кориснички интерфејс. Сите менија се лесно достапни. Уживајте во беспрекорно поставување на камерата и пронајдете ги совршените поставки за вашите потребите при фотографирањето. Камерата може да се вклучува/исклучува и преку паметен телефон со Imaging Edge Mobile.

Далечински управувач за прегледување во живо и флексибилно прикачување

Далечински управувач за прегледување во живо и флексибилно прикачување

Овој нов компактен далечински управувач, освен што може да се користи како галантерија за на рака, може да се користи и како монтажен управувач во комбинација со адаптер за монтирање и друга монтажна галантерија. Преземете целосна контрола преку Wi-Fi® врска и вклучувајте/исклучувајте ја камерата преку новиот Bluetooth® за да зачувате енергија во батеријата.

Exmor R® CMOS сензор со поголема чувствителност

Спуштање со велосипед по планини со огромна брзина на зајдисонце? Кајакарење во зори? Вашиот снимен материјал ќе изгледа прекрасно, благодарение на чувствителноста при слаба осветленост, подобрената јасност на слика и значителното намалување на зрнестата текстура кои ги нуди Exmor R® CMOS сензорот од Sony.

Exmor R® CMOS сензор со подобрена чувствителност

BIONZ X™ за врвни детали и текстура

Процесорот за обработка на слика од Sony реалистично ја репродуцира текстурата и деталите, исто како што ги гледа човечкото око, преку обработката со извонредно голема брзина. Заедно со предниот LSI (интеграција во голем размер), кој ја забрзува обработката, BIONZ X™ ви нуди поприродни детали, пореалистични слики, градација со побогати тонови и помал шум, без разлика дали снимате фотографии или видеоснимки.

BIONZ™ X за извонредни детали и текстура

Остар Tessar® објектив со извонредно широк агол од ZEISS®

Снимајте неверојатни слики со широк агол со објективот Tessar од ZEISS® или изберете стандарден, но сепак впечатлив приказ. И во двата режима, секогаш ќе можете да снимате прекрасни слики од скијачките патеки, планинските патеки, брзите реки или, пак, асфалтираните патеки во вашиот локален парк.

Остар и извонредно широкоаголен објектив Vario-Tessar од ZEISS®

Прилагодливо видно поле и слобода при зумирањето

Уживајте во поголема флексибилност за разновидност при снимањето за да добиете врвни ефекти и поголема возбуда. На пример, аголот на гледање може да се менува помеѓу „Широко“, „Средно“ или „Тесно“. Освен тоа, режимот за зумирање кој можете беспрекорно да го прилагодувате овозможува промена на зумот при снимањето.

Функција за прилагодување на аголот на гледање

Вградениот стерео микрофон снима квалитетен звук

Направете ги добрите видеоснимки уште подобри со одличниот звук. Вградениот стерео микрофон ви овозможува да ги доловите звуците од вашата авантура со стерео и природен звук. Јасниот звук со намален шум ќе ги надополни најсофистицираните видеоснимки што можете да ги снимите.

Вградениот стерео микрофон снима квалитетен звук

Снимање забрзани снимки во 4K

Снимањето забрзани снимки ви овозможува да снимате видеоснимки со забрзани движења на едноставен начин преку снимање висококвалитетни 4K-фотографии на определени интервали. PlayMemories™ Home ќе ги претвори овие слики во импресивна видеоснимка со забрзани движења.

Снимање забрзани снимки во 4K

Highlight Movie Maker со откривање на лице

Дознајте на колку едноставен начин Highlight Movie Maker ја користи функцијата за откривање на лице при автоматското уредување во самата камера. Исто така, Highlight Movie Maker поддржува голем број на сцени - не само спортски случувања, туку и секојдневни ситуации и патувања - и автоматски ги избира најдобрите моменти од снимката за да создаде видеоснимка со најдобри моменти и музика во заднина. Можете веднаш да ги споделувате вашите дела преку паметен телефон.

Highlight Movie Maker со откривање на лице

Рачна контрола за софистициран стил на снимање

Откријте ги софистицираните функции за снимање видеоснимки со возбудливи случувања кои со гордост ќе ги споделите со семејството, пријателите и фановите. Користете ги напредните рачни поставувања како баланс на белата боја и AE поместување, и оптимизирајте ја осветленоста и нијансите за да одговараат на сликите од другите видеокамери за полесно уредување на снимките. Покажете ја вашата вештина и стил како режисер и филмска ѕвезда.

Проследување во живо преку Ustream (во моментот IBM Cloud Video)

Споделувајте ги трчањата со скии, големите бранови и нивното совладување во реално време. Проследувајте ги сцените во моментот кога се случуваат со висококвалитетна слика и звук.

Проследување во живо преку Ustream®

120 fps во Full HD резолуција за забавени видеоснимки

Погледнете го секој детаљ од динамичните случувања со рамномерни забавени движења, благодарение на снимањето со висока стапка на слики од 120 fps во Full HD резолуција.

120 fps во HD резолуција за забавени видеоснимки

Секвенцијално фотографирање

Снимајте динамични сцени со секвенцијално фотографирање. Тоа ви овозможува да доловите најмногу осум висококвалитетни слики од некој трик или премин, поради што е совршена функција за оние кои сакаат да го анализираат својот стил. Поставките се 10 fps, 5 fps и 2 fps.

Секвенцијално фотографирање

Подвижна снимка LE

Снимете цела динамична сцена во една слика. Оваа функција создава композитна слика од објектот во движење, со различни поставки за различни брзини за последователно снимање, кои се: 10 fps, 5 fps и 2 fps.

Подвижна снимка LE

Контрола на повеќе камери

Користете до пет камери за да добиете возбудливи снимки од површината нагоре или одозгора надолу. Контролирајте ги на едноставен начин со далечинскиот управувач за прегледување во живо или со паметен телефон преку апликацијата Imaging Edge Mobile.

Временски код / кориснички податоци за уредување во професионален стил

Временскиот код и корисничките податоци (TC/UB) се значајни податочни елементи за напредно уредување. Функцијата за временски код ги зачувува часовите/минутите/секундите/сликите во податоците за сликата, за прецизно и напредно уредување на видеоснимките. Функцијата за кориснички податоци зачувува датум/време/број на сцена итн. во броеви со осум цифри и е практична за уредување видеоснимки од две или повеќе камери.

PlayMemories™ Home за лесно и креативно уредување

Подобрете ги видеоснимките со PlayMemories™ Home. Снимајте и уредувајте видеоснимки на брз и едноставен начин благодарение на големиот број функции, како снимање забрзани снимки во 4K и забавени видеоснимки. Исто така, може да ги ротирате видеоснимките во правец на стрелките на часовникот или во спротивна насока за 90˚ со функцијата за ротирање видеоснимки или, пак, користете приказ на повеќе видеоснимки за да споите до четири сегменти со видео - снимени истовремено со различни камери - што ќе ги прикажете истовремено во различен дел од екранот.

Практично повторено снимање

Практично повторено снимање

Не грижете се да не го пропуштите совршениот момент со повтореното снимање. Можете да изберете снимање со повторно презапишување со времетраење од 5, 20, 60 или 120 минути или „неограничено“. Користете го за да го снимите клучниот момент без да се грижите заради недоволниот простор.

Подводно куќиште како стандардна опрема

Подводно куќиште како стандардна опрема

Нуркајте со акционата камера до 60 м/197 ft користејќи го испорачаното куќиште за под вода —нема потреба да купувате изборна опрема. Куќиштето е опремено со рамен панел и ви овозможува да ги користите сите копчиња на камерата на едноставен начин. Згора на тоа, ја заштитува камерата и од удари, влага, 'рѓа, прав и песок. Уживајте во безгрижни подводни авантури и истражувајте терени со лоши услови.

Цврстото куќиште може да издржи во лоши услови

Самото куќиште на акционата камера е отпорно на прскање и мраз, а испорачаното водоотпорно куќиште е отпорно на прав, удари и вода на длабочина до 60 м/197 ft. Затоа, без разлика дали планинарите на дождлив ден, скијате или сурфате на снег, снимате мотокрос, сурфате на бранови или го истражувате морското дно, акционата камера ви нуди дизајн што е отпорен во сите услови.

Зголемена практичност

Зголемена практичност

Вградениот приклучок за статив значи дека можете брзо да ја прикачите вашата акциона камера на статив за стабилно снимање. USB приклучоците сега се сместени на задната страна на камерата за полесно приклучување на галантерија.

Отвор за Memory Stick Duo / SD

Отвор за Memory Stick Duo / SD

Отворот за мемориска картичка поддржува Memory Stick Micro™ (M2) и микро SD / SDHC / SDXC мемориска картичка5 (класа 4 или повисока). Изберете ја картичката која најмногу одговара на вашите потреби за снимање и е компатибилна со вашиот компјутер. (Мемориските картички не се испорачани.)

Дополнителни светлосни индикатори за лесно препознавање на статусот на камерата

Дополнителни светлосни индикатори за лесно препознавање на статусот на камерата

Оваа акциона камера има три светлосни индикатори на предната, горната и задната страна. Сега можете лесно да го проверувате статусот на снимање од различни насоки, како и да го слушате звукот на практичниот звучен потсетник.

Прикажете ја рутата од вашата акциона камера

Достапен е вграден GPS-уред како и кај претходните модели. Следењето на локацијата и брзинометарот се прикажуваат на видеоснимката кога користите PlayMemories™ Home . Исто така, функцијата за приказ на GPS-податоци врз видеоснимките ги чита податоците за брзината и создава друга видеодатотека која ги прикажува информациите за брзината на движење, итн.

Слика од 4K акциона камера FDR-X3000 со Wi-Fi® и GPS

Се користи со iMovie и Final Cut Pro X

Овој производ е компатибилен со Final Cut Pro X и iMovie.