Балансиран оптички SteadyShot™

Вграден ротирачки механизам

Балансираниот оптички SteadyShot™ на Sony е уникатен стабилизатор со ротирачки механизам што е 13 пати поефикасен од другите оптички системи. Снимајте јасни слики со професионален изглед при максимален зум или кога трчате - без потреба да користите ротирачки механизми.

Што е балансиран оптички SteadyShot?

За разлика од стандардната оптичка стабилизација на слика за еден елемент на објективот, балансираниот оптички SteadyShot на Sony истовремено манипулира со целиот објектив и сензорот за слика - ефикасно за корекција при голем зум и силно тресење на фотоапаратот.

Слика од Стандарден оптички систем за стабилизација на слика
Стандарден оптички систем за стабилизирање слики

Стандардните оптички системи за стабилизација поместуваат само еден елемент на објективот и недоволно го компензираат заматувањето при зумирање, одење и трчање. Тие ги снимаат сликите во периферните делови на објективот со што се намалува квалитетот.

Слика од Балансиран оптички SteadyShot
Балансиран оптички SteadyShot

Ротирачкиот механизам на балансираниот оптички SteadyShot го поместува целиот објектив и сензорот. Со 13 пати поголема ефикасност, тој снима стабилни слики при телефото или при одење - секогаш преку најјасната централна површина на објективот.

Ве молиме прифатете ги колачињата на Youtube за да го погледнете видеото

Отворете ги опциите за колачиња подолу и вклучете ги колачињата на Youtube во делот „Functional“ (Функционални).

Вградена генијалност

Балансираниот оптички SteadyShot создаден од Sony се одликува со уникатен ротирачки механизам и алгоритам за елиминирање на тресењето на фотоапаратот преку манипулација на целиот објектив и сензорот за слика за да се добијат неверојатно стабилни слики.

Ве молиме прифатете ги колачињата на Youtube за да го погледнете видеото

Отворете ги опциите за колачиња подолу и вклучете ги колачињата на Youtube во делот „Functional“ (Функционални).

Механичка структура

Движење на вградениот објектив и сензорот за слика

Sony создаде моќен и тивок механизам за балансираниот оптички SteadyShot. Два компактни и енергетски ефикасни мотори ги движат целиот објектив и сензорот за слика, за врвна корекција на заматувањето предизвикано од тресење при закосување и вртење, а софистицираниот алгоритам го компензира заматувањето предизвикано од тресење при ротација.

Слика од механичката структура

[1] Вртење [2] Закосување

Слика од Овозможено со интелигентен алгоритам
Овозможено со интелигентен алгоритам

Разликува помеѓу тресење на фотоапаратот и вашето движење на фотоапаратот

Алгоритамот на Sony разликува помеѓу несакано тресење (коригирано) и намерно движење (дозволено). Кога сензорот за аголна брзина на фотоапаратот ќе открие тресење на фотоапаратот, овој систем ги анализира вибрациите во реално време. Потоа ненамерното тресење се издвојува од намерното движење за помало доцнење во следењето на намерните движења.

Интелигентен активен режим

Дополнителна поддршка за балансираниот оптички SteadyShot

Интелигентниот активен режим на Sony ги анализа кадрите за да ја подобри стабилизацијата, вршејќи компензација за тресењето во 5 оски заради поефикасна стабилизација при одење и трчање.
[1] Реален кадар [2] Реално тресење на фотоапаратот [3] Компензиран кадар

Слика од Интелигентен активен режим

Балансиран оптички SteadyShot за камера

Нашиот иновативен балансиран оптички SteadyShot, што е создаден и оптимизиран за Handycam®, сега е достапен и кај акционите камери.

* Симулирано

Оптимизиран за акциона камера

Јасни и стабилни видеоснимки во движење

Добијте врвна корекција за тресењето на фотоапаратот за да снимате висококвалитетни видеоснимки со акционите камери дури и во најлоши услови. Приспособениот систем со балансиран оптички SteadyShot содржи фиксен преден објектив за ефикасна отпорност на прскање и извонредно компактен ротирачки механизам за објективот и сензорот за слика со кои ќе снимате неверојатни и остри динамични снимки.
[1] Стандарден модел [2] Балансиран оптички SteadyShot

Снимајте стабилизирани видеоснимки со акциона камера

Нестабилните видеоснимки се минато благодарение на балансираниот оптички SteadyShot. Обликувајте го кадарот и акционата камера ќе се погрижи за стабилноста и острината потребни за висококвалитетни видеоснимки - за да се фокусирате на убавите моменти.

Ве молиме прифатете ги колачињата на Youtube за да го погледнете видеото

Отворете ги опциите за колачиња подолу и вклучете ги колачињата на Youtube во делот „Functional“ (Функционални).