Прескокни до содржина

Гледајте 4K видео од камерата

Извлечете максимум од вашите 4K видеоснимки

Откријте многу начини за уживање во вашите видеоснимки со неверојатна 4K резолуција. Дознајте како да гледате, зачувувате и уредувате 4K видеоснимки снимени со вашата 4K Handycam® камера или акциона камера. Не чувајте ги 4K видеоснимките складирани, туку извлечете максимум од нив и уживајте во вашите ремек дела со семејството и пријателите.

Гледајте

Дознајте како да гледате 4K видеоснимки на 4K или HD телевизори и уреди.

П: Како да гледам 4K видеоснимки снимени со 4K Handycam® камера или акциона камера?

О: Гледајте ги видеоснимките од 4K Handycam® камера или акциона камера на компатибилни телевизори или компјутери. Има два начина за гледање видеоснимки во 4K: гледајте ги на 4K телевизор или користете софтвер за реперодукција во 4K за да ги гледате на компјутер.

Слика од гледање телевизија

Гледајте на 4K телевизор

Користете HDMI кабли (вер. 2.0 или понови) за да поврзете Handycam® камера, акциона камера или компјутер со поддршка за 4K во телевизор компатибилен со 4K.

Слика од гледање на компјутер

Гледајте на компјутер

Користете софтвер за репродукција во 4K за да гледате 4K видеоснимки на компјутер што поддржува 4K.

Дополнителни совети за гледање 4K видеоснимки

  • Поврзување
  • Компатибилност

П: Дали можам да гледам 4K видео на Full HD телевизор?

О: Да, може да гледате 4K видео со намалена резолуција во Full HD на HD телевизори. Треба само да ја поврзете вашата 4K Handycam® камера или 4K акциона камера со компатибилен Full HD телевизор за автоматски да ја претворите 4K видеоснимката во Full HD видеоснимка со извонредни детали.

*1 Се препорачува HDMI вер. 2.0 или понова верзија

Зачувување

Дознајте како да зачувате 4K видео во надворешна меморија

П: Каде можам да зачувам 4K видеоснимка?

О: Зачувувајте 4K видеоснимки во компјутери, надворешни хард дискови, USB мемориски уреди или SD мемориски картички. Користете бесплатен софтвер како PlayMemories Home™ или Action Cam Movie Creator кај компјутерите за лесно управување или репродукција на 4K видеоснимки. За да зачувате 4K видеоснимка на надворешен хард диск, ископирајте ја видеоснимката директно од Handycam® со опцијата за директно копирање (погледнете „Дополнителни совети за зачувување 4K видеоснимки“) или ископирајте ја преку компјутер. Копирајте 4K видеоснимки во USB мемориски уреди или SD мемориски картички преку компјутер.

Компатибилност по уред

Компјутер

Компјутер

Користете PlayMemories Home за едноставно управување и репродукција на 4K видеоснимки.

Надворешен хард диск

Надворешен хард диск

Директно копирање од 4K Handycam®. Формат: NTFS или exFAT

USB флеш меморија или SD мемориска картичка

USB флеш меморија или SD мемориска картичка

Формат: NTFS или exFAT

Префрлувајте 4K видеоснимки во преносливи уреди преку компјутер

PlayMemories Home

PlayMemories Home

Бесплатен софтвер што овозможува едноставно уредување и управување со фотографии и видеоснимки преку компјутер.

Акциона камера

Movie Creator за акциона камера

Претворете ги сите ваши изненадувања и неверојатни искуства снимени со вашата акциона камера во филмови за паметење.

Дополнителни совети за зачувување 4K видеоснимки

*1 Изборна галантерија. Достапноста зависи од земјата.

Совети: директно копирање

Направете резервна копија или зачувајте 4K видеоснимка во надворешен уред на едноставен начин. Поврзете хард диск со Handycam® камерата во која е снимена оригиналната видеоснимка преку USB кабел .

П: Дали можам да зачувам 4K видеоснимка на Blu-ray диск?

О: Иако Blu-ray и DVD дисковите не поддржуваат снимање 4K видеоснимки, можете да снимите 4K видеоснимка на Blu-ray диск откако ќе ја претворите во AVCHD. Бидејќи оригиналната видеоснимка е снимена во 4K, ќе добиете Full HD квалитет со исклучителни детали.

Слика од користење на PlayMemories Home за снимање диск

Користење на PlayMemories Home

Користете PlayMemories Home за едноставно претворување на 4K видеоснимките од вашата Handycam® камера или акциона камера во AVCHD формат и снимете ги на Blu-ray диск.

Слика од снимање диск со софтвер за уредување

Користење софтвер за уредување

Можете да користите Movie Studio Platinum или друг софтвер за уредување за да ја намалите резолуцијата на 4K XAVC S видеоснимките во AVCHD формат и да ги снимите на Blu-ray диск. Ве молиме проверете ја компатибилноста во спецификациите на софтверот.

Уредување

Дознајте како да ги уредувате 4K видеоснимките за друга намена

П: Кој софтвер за уредување е компатибилен со 4K XAVC S?

О: Користете го бесплатниот софтвер PlayMemories Home од Sony или софтвер од трети страни како Premiere Pro CC за уредување на вашите 4K видеоснимки.

Што можете да направите со софтвер за уредување видеоснимки

Слика од оригинална видеоснимка

Создавање оригинална видеоснимка

Со малку уредување можете да ги претворите вашите 4K видеоснимки во импресивни оригинални видеоснимки.

Слика од претворање формати за видео

Претворање формати за видео

Претворете ја видеоснимката од XAVC S (4K) во AVCHD (HD) формат за да зачувате слики со HD квалитет на Blu-ray диск.

Слика од снимање фотографии

Снимање фотографии од видеоснимки

Снимете 4K (8,29 милиони точки) фотографии од омилените сцени во 4K видеоснимките.

П: Како да гледам уредени 4K видеоснимки на телевизор?

О: За да гледате уредени 4K видеоснимки на телевизор, префрлете ги 4K видеоснимките на SD мемориска картичка или на камера и репродуцирајте ги преку камера што поддржува XAVC S. 

Со софтверот PlayMemories Home или Premiere Pro CC со Video Edit Components (изборен дополнителен софтвер) можете да претворате 4K видеоснимки во XAVC S формат што може да се репродуцира преку камери од Sony компатибилни со XAVC S. Откако ќе ги претворите видеоснимките во XAVC S формат, префрлете ги на SD мемориска картичка или во камера што поддржува XAVC S преку PlayMemories Home. Поврзете ја камерата со 4K телевизор преку HDMI кабел и гледајте ги уредените 4K видеоснимки.

Ако имате компјутер што поддржува 4K репродукција, тогаш репродуцирајте 4K видеоснимки преку тој компјутер откако ќе го поврзете со 4K телевизор преку HDMI кабел, без да конвертирате видео формати или да репродуцирате од камера.

Со камера

1. Уреди

1. Уредете/претворете видеоснимка во XAVC S формат

Уредувајте видеоснимки и конвертирајте ги во XAVC S формат преку PlayMemories Home или Premiere Pro CC со дополнителниот софтвер Video Edit Components.

2. Снимање

2. Снимање

Снимајте датотеки во SD мемориска картичка или камера преку PlayMemories Home.

3. Гледај

3. Гледај

Приклучете камера што поддржува XAVC S во 4K телевизор преку HDMI кабел и репродуцирајте од камерата.

Со компјутер

1. Уреди

1. Уредете/претворете видеоснимка во XAVC S формат

Уредете видеоснимка со софтвер компатибилен со XAVC S.

2. Гледај

2. Гледај

Приклучете компјутер со 4K излез во 4K телевизор преку HDMI кабел и репродуцирајте содржини од компјутерот.

4K формат

Дознајте за новиот 4K формат, XAVC S

П: Што е XAVC S формат?

О: Форматот XAVC S е создаден за снимање во 4K.

Бидејќи AVCHD, најчесто користен за стандардни видеокамери, не поддржува снимање 4K видео, врз основа на професионалниот XAVC 4K и HD формат беше создаден форматот XAVC S за снимање 4K и HD видеоснимки за широка потрошувачка. XAVC S го применува кодекот Long GOP (H.264/AVC) за компресија на видео датотеки за да го зголеми капацитетот за снимање 4K видеоснимки. Освен тоа, форматот MP4 овозможува попрактична примена на 4K видеоснимките. Тој поддржува и снимање со висока бит-стапка, за да можете да снимате видеоснимки со висока резолуција дури и кога снимате сцени со брзи движења.

Фајл формат

Систем на датотеки

Формат на контејнер

Ограничување за големината на датотеките изнесува 4 GB

Видео кодек

Аудио кодек

Максимална резолуција

Максимална бит-стапка

Максималната бит-стапка е различна во зависност од камерата.