Еве што треба да барате кога ќе го купувате следниот фотоапарат.
Без разлика дали сте на почетокот од вашата креативна авантура или веќе сте професионалец, фотоапаратите од Sony се изборот на режисерите.
ZV-E10 II е создаден за амбициозни раскажувачи на приказни, опремен е со извонредно брз APS-C-сензор кој снима неверојатно детални 6K-видеоснимки со намалување на семплирањето во 4K, може да снима видеоматеријали со 10 бита и 4:2:2 за поголема флексибилност во обработката по снимањето, а 4K-резолуцијата е достапна за забавени движења со брзина од 60 слики во секунда. Неверојатно удобниот држач, кој овозможува долги периоди на снимање, има моќна батерија Z која ќе трае со часови.
Благодарение на сензорот за целосна слика, ZV-E1 нуди неверојатен квалитет на слика, доловува врвни детали и создава прекрасна длабочина на поле која ја подобрува секоја сцена. Наследувајќи ги функциите од нашата палета Cinema Line, тој може да снима во 4K со брзина до 120 слики во секунда, создавајќи неверојатно детални забавени движења. Неговата компактна големина го прави соодветен за различна примена, што е совршено за снимање во движење или во мали простории, без намалување на перформансите. Интуитивниот интерфејс на фотоапаратот, заедно со функции како нашиот докажан автоматски фокус, технологијата на бои S-Cinetone и напредната стабилизација, ви овозможува да добиете резултати со професионален квалитет без напор.
Како дел од нашата професионална палета Cinema Line, камерата FX30 е дизајнирана за режисери, опремена е со APS-C-сензор со 26 MP кој нуди филмски квалитет на слика со импресивни перформанси при слаба светлина и динамички опсег. Неговиот цврст и приспособлив дизајн го прави идеален за рачно снимање, механизми за стабилизација или дронови, а опремен е и со моќни функции како снимање во 4K со 120 слики во секунда, две основни вредности за ISO и напреден автоматски фокус. Фотоапаратот поддржува снимање во 16-битен RAW-формат, за обемна флексибилност во обработката по снимањето, и е опремен со вграден вентилатор кој спречува прегревање при долги периоди на снимање.
Најмалиот и најлесниот широкоаголен објектив во светот со фиксна решетка F4, моторизиран зум и APS-C-сензор нуди одлична преносливост и врвен квалитет на слика. Добијте максимална контрола за обликување на кадарот директно преку рачката за зумирање на фотоапаратот, благодарение на нашата технологија Power Zoom - идеална за динамички и извонредно широки перспективи во вашите снимки.
Малите димензии и тежина го прават овој објектив совршен избор за компактните фотоапарати. Исто така, големата решетка F1,4 овозможува создавање прекрасен ефект на дефокусирање кој ќе го издвои вашиот субјект од заднината и ќе го истакне.
Овој G Lens нуди неверојатни филмски слики со флексибилноста на моторизираниот зум до 6x! Максималната решетка F4 е фиксна, почнувајќи од широк агол од 18 мм до среден телефото опсег од 105 мм, со одлична резолуција и контраст низ целата површина. Рачката и прстенот на цилиндарот на објективот овозможуваат непречено приспособување на брзината на зумот, како и стабилно и сигурно држење.
Овој компактен и лесен објектив создава остри и квалитетни слики со опсег на извонредно широкоаголни до широкоаголни фокусни должини и широка фиксна решетка f/4. Покрај рамномерниот и повеќенаменски моторизиран зум, објективот ги минимизира промените во аголот на гледање кои може да настанат при фокусирање или зумирање, за лесно снимање стабилни и висококвалитетни видеоснимки.
Прецизниот и тивок AF и решетката F2,8, вградени во компактен и лесен објектив со зум, нудат придобивки за снимање видеоснимки. Минималните промени во центарот на гравитација го прават објективот одличен за поставување во механизам за стабилизација или на дрон, а во комбинација со вградената стабилизација со активен режим, тој нуди стабилно рачно снимање при широки агли додека одите.
Фокусната должина од 20 мм нуди пространо видно поле кое е совршено за снимање прекрасни пејзажи, динамички сцени или тесни ентериери, а притоа ја задржува острината низ целиот кадар. Неговата решетка F1,8 нуди одлични перформанси во услови со слаба осветленост, а притоа ги збогатува снимените материјали со прекрасна длабочина на поле и рамномерен ефект на дефокусирање. Тој е компактен и лесен и може да го користите за рачно снимање или снимање со механизам за стабилизација.
Малите димензии и тежина го прават овој објектив идеален за снимање на терен. Со големата решетка F1,4, минималниот фокус на 0,17 метри и максималното зголемување од 0,15x, може да се доближите до вашиот субјект и да создадете длабок ефект на дефокусирање на заднината со кој ќе оставите извонреден впечаток.
Повеќенаменскиот опсег на зумирање опфаќа секакви фотографии, почнувајќи од широк агол до среден телефото опсег, а фиксната решетка F2,8 нуди доследна експозиција и прекрасна длабочина на поле. Овој објектив е создаден за креативно раскажување приказни и нуди остри и детални слики со минимално изобличување - дури и во услови со недоволно осветлување.
Овој професионален објектив во APS-C-формат има моторизиран зум и нуди врвен квалитет на слика, како и практично и тивко функционирање кое ги подобрува ефикасноста и работниот процес во опкружувањата за сериозни филмски продукции. Од широк агол од 18 мм до телефото од 110 мм (6,1x), овој објектив го покрива најчесто користениот опсег за продукции во APS-C-формат, со фиксна максимална решетка F4 низ целиот опсег на зумирање.
Нашата технологија за AF е револуционерна доколку сакате да создавате филмски содржини. Таа овозможува брзо и прецизно следење на субјектите, за да се фокусирате на креативните аспекти на вашиот занает, без да го изгубите фокусот врз субјектот - дури и во сцените со многу или брзи движења. Функцијата за AF на очи ги фокусира очите на ликовите, внесувајќи емотивна длабочина и поврзаност со нарацијата. Важно е дека работи во реално време, нуди јасни транзиции и го задржува фокусот во услови со лошо осветлување, за да имате слобода да истражувате динамички снимки, а воедно и да добивате резултати со професионален квалитет.
Нашите најнови фотоапарати имаат и функција за препознавање делови од човечкото тело со помош на AI, а тоа им овозможува да ги предвидуваат движењата пред да се случат и да одредат каде треба да биде фокусот.
За да снимате видеоматеријали со забавени движења и врвни детали, потребна е висока стапка на слики со 4K-резолуција. Снимањето со стапки на слики до 120 fps во 4K-резолуција (или 240 fps во Full HD-резолуција) рамномерно ги забавува сцените за да откриете интересни движења и емоции кои може да не се забележат при нормална брзина. Тоа значи дека може да ги истакнете важните моменти во вашата приказна со зголемено чувство на визуелно задоволство, внесувајќи возбуда и реалистичност во вашите видеоснимки.
Сите фотоапарати имаат различни стапки на слики, па затоа не заборавајте да ги погледнете спецификациите.
Сите фотоапарати од Sony снимаат видео со поголема длабочина на бои и поголема бит-стапка, што на режисерите им овозможува поголема слобода при уредувањето, преку зачувување на реалните детали за прецизна градација на боите.
За оние кои сакаат одлични резултати директно од фотоапаратот или за оние кои сакаат брзо да ги испорачаат своите содржини, нашата технологија на бои S-Cinetone и филмските филтери нудат филмски изглед со природни тонови на кожата и меки светли тонови, за да се намали потребата од обемна обработка по снимањето.
Не дозволувајте темното опкружување да ве спречи да раскажете прекрасни приказни. Нашите фотоапарати се одлични во ситуации со слабо осветлување, благодарение на напредните сензори и високите перформанси за ISO. Овие функции ви овозможуваат да снимате јасни и детални материјали со минимален шум, дури и при слаба светлина. Фотоапарат со широк динамички опсег ќе ги зачувува сенките и најсветлите тонови, при што сцените снимени во услови со лошо осветлување ќе ги задржат длабочината и деталите.
Секоја фотоапарат има свој сензор и реагира различно во ситуации со слаба светлина, па затоа размислете за местото каде што ќе снимате.
Вашата опрема треба да може да еволуира паралелно со вашите содржини. Со системот од Sony може да усогласувате профили за слики од различни фотоапарати заради доследност, да користите исти објективи на различни куќишта и да ги користите надворешните приклучоци за да поврзете надворешни монитори, аудиосистеми и многу повеќе. Ви нудиме решение за секоја нова креативна идеја!
Погрижете се сите зборови од вашата приказна да бидат слушнати. Фотоапаратите, како што се оние од нашата серија ZV, имаат подобрени внатрешни микрофони со насочување - или искористете го максимално нашиот интерфејс за дигитален звук со прикачување микрофон со приклучок за повеќе интерфејси од Sony. Независно дали снимате документарно интервју или драма на отворено во ветровити услови, ние ви нудиме компатибилен микрофон кој ќе ги задоволи вашите потреби за звук.