ПРОСЛЕДУВАЊЕ

Комуницирајте со вашата публика преку видеоснимки и звук со беспрекорен квалитет

ОСОБИНИ

Кои функции кај фотоапаратите
се потребни за проследување?

Еве што треба да барате кога ќе го избирате најдобриот фотоапарат за проследување во живо.

Висок квалитет на слика

Висок квалитет на слика

Детали
Сигурен автоматски фокус (AF)

Сигурен автоматски фокус (AF)

Детали
Професионална контрола

Професионална контрола

Детали
Подобрени опции за звук

Подобрени опции за звук

Детали
Лесно поставување

Лесно поставување

Детали

ФОТОАПАРАТИ

Кој е најдобриот фотоапарат за проследување?

Sony има палета на фотоапарати за проследување кои ќе ја подобрат вашата опрема, независно дали сте почетник или професионалец.

ZV-1 II
Лесен за користење и компактен

Нудејќи совршен спој од преносливост и професионални функции, овој фотоапарат со сензор од 1 инч нуди остри и детални видеоснимки, збогатени со заматена заднина која ќе ги разубави содржините кои ги проследувате на интернет. Независно какво е опкружувањето, може да преминете од снимање со широк агол до снимање одблиску со приспособливиот објектив со зум од 18-50 мм, а вградениот микрофон со насочување снима јасен звук - без потреба од дополнителна опрема! Компактниот дизајн овозможува лесно поставување на секоја локација, а функциите како екран на преклопување и AF на очи во реално време овозможуваат совршено обликување на кадарот и фокусирање, за безгрижно проследување на интернет.

ZV-1 II
ZV-E10 II

ZV-E10 II
Усовршете го проследувањето

ZV-E10 II е моќна алатка за креаторите кои проследуваат, која нуди комбинација од флексибилноста на заменливите објективи и напредните функции за проследување. Неговиот голем APS-C-сензор нуди извонреден квалитет на слика, со богати детали и импресивни перформанси при слаба светлина, поради што содржините кои се проследуваат изгледаат остри и професионални. Брзиот и сигурен автоматски фокус опфаќа AF на очи, па затоа сè е во фокус, дури и при движење. Исто така, фотоапаратот поддржува надворешни микрофони за звук со подобар квалитет, а екранот на преклопување овозможува лесно следење при снимање во живо. Може да генерира излезен сигнал FHD 60p и 4K30p преку USB-C.

ZV-E1
За професионални креатори кои проследуваат

Ако сакате да добиете филмски изглед со минимален напор, тука е ZV-E1. Тој има сензор за целосна слика кој нуди неверојатен квалитет на слика, исклучителни перформанси при слаба светлина и прекрасен ефект на дефокусирање на заднината, со кои сите содржини кои ги проследувате ќе изгледаат извонредно. Опремен со нашиот нов чип за AI, фотоапаратот сега може да следи различни делови од телото, па дури и да го приспособува кадарот според вашата локација. На пример, може да се движите наоколу додека играте игри или презентирате производи, а фотоапаратот ќе ја следи вашата глава и ќе ја зумира по потреба, за да внесе динамика во вашите содржини.

ZV-E1

ГАЛАНТЕРИЈА ЗА ФОТОАПАРАТИ НАМЕНЕТИ ЗА ПРОСЛЕДУВАЊЕ

Подобрете го вашето доживување при снимањето.

Микрофон за проследување ECM-S1

Микрофон за проследување ECM-S1

КОМПАТИБИЛНОСТ: ZV-E10, ZV-E1

Овој микрофон е создаден за креаторите кои проследуваат и нуди звук со извонредна острина, а кога е впарен со фотоапарат од Sony, може да се користи без кабел! Тој нуди шема на снимање која овозможува остро снимање на вашиот глас и го минимизира шумот во заднина, па затоа секое проследување ќе звучи професионално и совршено.

Држач за снимање GP-VPT2BT

Држач за снимање GP-VPT3 со безжичен далечински управувач

КОМПАТИБИЛНОСТ: СИТЕ

Добриот држач ќе го подобри вашиот систем за проследување, овозможувајќи стабилна поддршка и практична безжична контрола. GP-VPT3 нуди сигурно и удобно ракување, како и интуитивни контроли за зумот, блендата и започнување/запирање на снимањето, овозможувајќи ви лесно да управувате со фотоапаратот додека сте во живо. За креаторите кои проследуваат, вградениот статив е особено корисен бидејќи овозможува стабилен систем за долги сесии на проследување без користење на рацете, додека отстранливиот далечински управувач со Bluetooth ви овозможува да го прилагодите или користите фотоапаратот без да го прекинувате проследувањето - овозможувајќи јасни и професионални содржини во живо, без пречки.

Компактен безжичен микрофон ECM-G1

Компактен безжичен микрофон ECM-G1

КОМПАТИБИЛНОСТ: СИТЕ

Создаден околу капсула со голем дијаметар (14,6 мм), ECM-G1 нуди висококвалитетен звук сличен на звукот од врвните снимачи за звук и снима јасни и остри звуци со ефикасно намалување на шумот.

СПОРЕДБА

Споредба на фотоапаратите од Sony:
Сеопфатен водич

ZV-1 II ZV-E10 II ZV-E1
Sensor Големина на сензорот
Lens Леќа
Live video quality over USB-C Квалитет на видео во живо преку USB-C
Frame tracking Следење на кадарот
Compatibility UVC/Creators' App Компатибилност со UVC/Creators' App
Hotshoe compatibility Компатибилност со приклучокот за галантерија

ZV-1 II

Едноставно проследување
1 инч 1 инч
Фиксно
(еквивалент на 18-50 мм)
HD 720p 30p
Не
Да / Да
Приклучок за галантерија со ограничена компатибилност за микрофони

ZV-E10 II

Креативно проследување
APS-C APS-C
Заменливи
70+ достапни објективи
4K30p / FHD 60p
Не
Да / Да
Приклучок за галантерија со голема компатибилност за микрофони

ZV-E1

Професионално проследување
Целосна слика Целосна слика
Заменливи
70+ достапни објективи
4K30p / FHD 60p
Функција за автоматско обликување на кадарот
Да / Да
Приклучок за галантерија со голема компатибилност за микрофони