Создавање подобри слики.
Нова дефиниција за острина. 

Дури и вашите омилени содржини со 2K-резолуција и HD-резолуција се подобруваат приближно до 4K-квалитет, благодарение на 4K X-Reality™ PRO.

Огромен, раскошен ентериер на стара зграда со стаклен покрив

Звук со одличен бас

X-Balanced Speaker™ беше создаден за да одговара на тенкиот дизајн на телевизорите и да внесе моќен и јасен звук во филмовите и музиката.

Слика одблиску од рака на музичар која свири на жиците на контрабас

Возбудливо и реално доживување како во кино

Повеќе возбуда, пореална слика. Dolby Vision™ внесува реалистичност во сцените, а Dolby Atmos™ ја исполнува вашата просторија со пространа акустика.

Четиричлено семејство седи на кревет и задлабочено гледа во телевизорот

Забавата што ја сакате.
Со помош од Google.

Google TV ви ги нуди филмовите, сериите и другите содржини од вашите апликации и претплати и ги организира специјално за вас.012
Лого за Google TV
Дневна соба со телевизор BRAVIA поставен на ѕид, на екранот повеќе апликации за забава и услуги за проследување

Пренесете го киното во домот и уживајте во филмовите што ги добивате со BRAVIA™

Погледнете кои се денешните најдобри филмови, веднаш. Со BRAVIA CORE™ може да добиете најмногу 5 филмови и да проследувате најмногу 12 месеци. Нашата ексклузивна услуга за филмови со Pure Stream™ и IMAX® Enhanced нуди неверојатни слики и извонреден звук.012
Телевизиски екран што го прикажува филмот SPIDER-MAN No Way Home, а Спајдермен излегува од екранот

Префинет изглед 

Дизајниран со тенка рамка за да ви го задржи вниманието врз сликата. Префинет изглед што се вклопува хармонично во модерни опкружувања.
Слика одблиску од рамката на телевизорот BRAVIA од серијата X75WL

Погледнете зошто овој телевизор е специјален

ДИМЕНЗИИ

КОМПОНЕНТИ

Еко порака

Дизајн со кој се води грижа за животната средина

ДОЗНАЈТЕ ПОВЕЌЕ ЗА SONY И ЖИВОТНАТА СРЕДИНА

Компанијата Sony не само што е посветена да ви обезбеди производи, услуги и содржини кои нудат возбудливи доживувања, туку работи и кон исполнување на целта да постигне искористување на животната средина еднакво на нула преку своите деловни активности.

ЕКОЛОШКИ КАРАКТЕРИСТИКИ НА ОВОЈ ПРОИЗВОД
  • Контролата на динамичкото задно осветлување, или контрола на осветлување на ниво на точки, ја подобрува енергетската ефикасност преку прилагодување на светлината на екранот според промените на содржината на сликата
  • Режимот за заштеда на енергија заштедува енергија преку прилагодување на светлината на екранот
  • Режимот за исклучување на екранот заштедува енергија преку исклучување на сликата на екранот без потреба да го активирате режимот на подготвеност на телевизорот, а сепак да уживате во звукот