Јасна слика,
независно што гледате

Резолуцијата на сликите снимени во 2K, па дури и во HD, ќе се зголеми приближно до 4K. Нашиот 4K X-Reality™ PRO користи уникатна 4K-база на податоци за да ги изостри и подобри сликите во реално време, а притоа да открие повеќе детали.0
Огромен, раскошен ентериер на стара зграда со стаклен покрив

Сите слики
се реални и имаат живописни бои

Live Color ги подобрува боите на сликите колку што дозволуваат можностите за репродукција на телевизорот, па така сите содржини што ги гледате изгледаат живописни и реални.
Слика поделена на два дела каде што се прикажани разнобојни балони, на десната страна е прикажано подобрувањето во светлината и контрастот

Дури и брзите движења изгледаат јасни и остри

Motionflow™ XR создава и вметнува дополнителни кадри помеѓу оригиналните кадри. Благодарение на поголемиот број слики што се прикажуваат секоја секунда, случувањата изгледаат порамномерно и поостро.
Две слики од истиот снимен материјал, сцена со брзи движења во која јавач на коњ прескокнува ограда

Оптимизирана светлина,
приспособена на вашата просторија

Сензорот за осветленост ја оптимизира светлината според условите во собата, односно ја зголемува во светли соби и ја намалува во темни соби, за секогаш да добивате соодветна слика. 
Слика поделена на два дела каде што е прикажана двојка која гледа телевизија - левата страна е потемна од десната