Најширока палета на бои

Нашите најсветли и најбројни нијанси и тонови прикажани на QD-OLED-екран, благодарение на Cognitive Processor XR™.

Детали од телевизиски екран што прикажува црвени, портокалови, зелени и сини кристали, со логото Sony XR во преден план

Контраст. Ненадминат.

Чистите црни тонови ги истакнуваат извонредните детали и длабочината. Cognitive Processor XR™ овозможува максимално искористување на моќта за изразување на QD-OLED.

Детали од работ на телевизор што прикажува слика од небула во разни бои

Звучник во екранот,
звук како во кино

Додека приказната се одвива пред вашите очи, ќе слушате звук што е прецизно усогласен со случувањата. Исто како во кино.

Звучни бранови се распространуваат во концентрични прстени од две места на екранот на телевизорот што има звучник во екранот

Најдоброто место за седење. На секое место. Во секое време.

Вашето омилено место за седење е фотелјата во аголот, но дали тоа треба да го намали вашето доживување при гледањето? BRAVIA CAM™ препознава каде седите и ги оптимизира поставките соодветно.01
 

BRAVIA CAM препознава каде се наоѓате во просторијата и колку сте оддалечени од телевизорот, а потоа соодветно ги прилагодува поставките за звукот и сликата. Со BRAVIA CAM ќе добиете многу нови и забавни доживувања преку телевизорот, како контрола со гестикулации, видеоразговори и многу повеќе.

Време е за игри. Бидете непобедливи.

Нашите телевизори BRAVIA XR™ прецизно ја репродуцираат извонредната графика и звучните ефекти на денешните игри. Сакате повеќе? Поврзете конзола PlayStation®️5 за максимално уживање.01
Телевизор BRAVIA што прикажува слика од God of War: Ragnarok на која има чамец на река и мост во заднина, со конзола PS5™, контролор и лого за PS5™ на десната страна на телевизорот

Време е за игри. Бидете непобедливи.

Нашите телевизори BRAVIA XR™ прецизно ја репродуцираат извонредната графика и звучните ефекти на денешните игри. Сакате повеќе? Поврзете конзола PlayStation®️5 за максимално уживање.01
Телевизор BRAVIA што прикажува слика од God of War: Ragnarok на која има чамец на река и мост во заднина, со конзола PS5™, контролор и лого за PS5™ на десната страна на телевизорот

Заштедете енергија со BRAVIA XR

Серијата A95L има до 45% поголема енергетска ефикасност при гледање HDR-содржини во споредба со телевизорите од двата главни конкуренти, на пазарот за OLED-телевизори0
Приказ од предна страна на телевизорот BRAVIA од серијата A95L на држач, опремен со BRAVIA CAM

ДИМЕНЗИИ

КОМПОНЕНТИ

Еко порака

Дизајн со кој се води грижа за животната средина

ДОЗНАЈТЕ ПОВЕЌЕ ЗА SONY И ЖИВОТНАТА СРЕДИНА

Компанијата Sony не само што е посветена да ви обезбеди производи, услуги и содржини кои нудат возбудливи доживувања, туку работи и кон исполнување на целта да постигне искористување на животната средина еднакво на нула преку своите деловни активности.

ЕКОЛОШКИ КАРАКТЕРИСТИКИ НА ОВОЈ ПРОИЗВОД
  • Контролата на динамичкото задно осветлување, или контрола на осветлување на ниво на точки, ја подобрува енергетската ефикасност преку прилагодување на светлината на екранот според промените на содржината на сликата
  • Режимот за заштеда на енергија заштедува енергија преку прилагодување на светлината на екранот
  • Режимот за исклучување на екранот заштедува енергија преку исклучување на сликата на екранот без потреба да го активирате режимот на подготвеност на телевизорот, а сепак да уживате во звукот