Извонредна графика. Реални звуци. Играјте игри.

Бидете во центарот на случувањата со BRAVIA XR™. Раскошни сцени, амбиентален звук и нови ексклузивни функции внесуваат реалистичност во вашите омилени игри како никогаш досега.

Лого за сертификатот PEGI 18 прикажано врз сцена од God of War: Ragnarok каде што се ракуваат два воини
Телевизор BRAVIA што прикажува сцена од Horizon Forbidden West™, десно има конзола PS5 и контролор, а на задната лева страна има лого PEGI 16 Телевизор BRAVIA што прикажува сцена од Horizon Forbidden West™, десно има конзола PS5 и контролор, а на задната лева страна има лого PEGI 16

Совршен за PlayStation®5

Автоматски HDR со мапирање на тонови 

Автоматскиот HDR со мапирање на тонови веднаш ги оптимизира поставките за HDR при почетното поставување на вашата конзола PS5™. Дури и во тенките сенки и во премногу светлите површини, ќе гледате врвни детали и реални бои.01
Сертификат PEGI 3
Две слики од игра со возење автомобили што прикажуваат разлика помеѓу вклучен и исклучен автоматски HDR со мапирање на тонови

Режим на слика со автоматски жанр

BRAVIA XR™ автоматски преминува во режимот за игри кога е приклучен PS5™ за да го минимизира доцнењето и да го максимизира одзивот. Се враќа во стандарден режим кога гледате филмови за да прикаже пораскошни сцени.01
Два телевизори BRAVIA и PS5™. Режимот за игри е ВКЛУЧЕН на левиот телевизор. Режимот за игри е ИСКЛУЧЕН на десниот телевизор.

Проследувајте игри од PlayStation® кон вашиот телевизор BRAVIA

Со PS Remote Play може да ја контролирате далечински вашата конзола PlayStation® од друга локација. Ви треба само компатибилен уред, како одредени телевизори BRAVIA, и интернет врска со голема брзина. Со апликацијата PS Remote Play може да ги проследувате вашите игри за PS5® или PS4™ кон телевизор BRAVIA и да ги играте во друга соба од куќата или на друга далечна локација.0 1
[11:58] Aktin, Ali Слика на која е прикажана конзола PlayStation® што проследува игра кон телевизори во различни простории, и уште еден телевизор на друга далечна локација.

Едно место за сите поставки за игри

Никогаш не било полесно да го прилагодите статусот на вашата игра, поставките и помошните функции. Сите неопходни поставки ви се лесно достапни за уште поголема практичност и удобност.012
Слика од God of War: Ragnarok на која има два воини, подолу се гледаат поставките за играта и помошните функции

Приказ на повеќе слики,
револуционерна функција

Замислете си да можете да играте игра на едната страна на екранот и да гледате видео за играта од YouTube на другата страна. Функцијата за приказ на повеќе слики ќе ви го овозможи токму тоа, без да ви биде потребен дополнителен монитор. 0
Два екрани, на едниот се прикажани два воини од сцена од God of War: Ragnarok, а на другиот е прикажана слика од видеозаписи за игри од YouTube

Dolby Vision® за игри. Поддржано.

Еве како треба да изгледа светот на вашите игри. Неверојатно живописни бои, реален контраст во светли и темни површини, интензивна светлина. Со Dolby Vision®, играњето игри достигнува потполно ново ниво на длабочина и реалност.
Две слики на екранот што прикажуваат две градски сцени, на левата се прикажани живописните бои и реалниот контраст на Dolby Vision, а на десната се прикажува отсуството на Dolby Vision
Слика од кабел приклучен на задната страна на телевизор BRAVIA Слика од кабел приклучен на задната страна на телевизор BRAVIA

Различни функции на HDMI 2.1

Со 4K/120 fps, променлива стапка на освежување и автоматски режим со мало доцнење, нашите телевизори ви нудат рамномерни и јасни движења за брз одзив при играњето игри.
Слика што ги прикажува дополнителните кадри во сцените со 4k / 120 fps наспроти сцените со 4K / 60 fps

4K / 120 fps

Две слики: едната прикажува како настануваат „прекини“ во сликите без VRR-режим, а другата прикажува дека сликите се јасни

Променлива стапка на освежување (VRR)

Две слики од игра со автомобили, едната со автомобил надвор од патеката со ИСКЛУЧЕН режим за игри, а другата со автомобил на патеката со ВКЛУЧЕН режим за игри

Автоматски режим со мало доцнење (ALLM)