Навистина реален звук од екранот

Екранот вибрира и го претвора секој негов дел во звучник за да создаде моќна акустика што е совршено усогласена со сликата.

Звучни бранови се распространуваат во концентрични прстени од две места на екранот на телевизорот што има звучник во екранот

Таму каде што е акцијата, таму е и звукот

Со Acoustic Surface Audio +™, звукот се репродуцира од соодветното место во сцената. Така добивате многу пореално доживување за разлика од стандардните телевизори што репродуцираат звук под екранот.
Две слики од гитарист, на левата слика е прикажано како стандарден телевизор емитува звук под екранот, на десната слика е прикажано како телевизор BRAVIA со Acoustic Surface Audio+ емитува звук од гитаристот заради пореално доживување

Сета ваша забава надградена со 3D-опкружувачки звук

XR Surround создава виртуелен опкружувачки звук користејќи ги звучниците на телевизорот за да добиете 3D-звук без да вградувате звучници на таванот или звучници насочени нагоре. Нашите телевизори BRAVIA XR™ се компатибилни и со Dolby Atmos®.
Жена на кревет гледа телевизија со нацртани звучни бранови во сина боја што го претставуваат опкружувачкиот звук, се гледа лого за Dolby Atmos

Јасен глас.
Прецизен дијалог.

Voice Zoom 2™ ги открива гласовите, ги анализира и ги прави појасни. Со користење на напредно филтрирање, амбиенталните елементи се придушуваат за да можете јасно да ги слушнете дури и тивките дијалози.
Жена во автомобил со нацртани звучни бранови во сина боја што ги претставуваат јасните гласови што се добиваат од Voice Zoom 2

BRAVIA и звук од Sony - тим од соништата

Подобрете ја забавата со поврзување на вашиот телевизор BRAVIA XR™ со аудиоопрема од Sony. Ќе добиете неспоредливо аудиовизуелно доживување со неверојатен XR-квалитет на слика и звук. 

Acoustic Center Sync

Вашиот компатибилен телевизор BRAVIA и звучник во вид на лента може да се претворат во централен звучник со Acoustic Center Sync. Прецизното усогласување на звукот што го слушате и случувањата што ги гледате на екранот ќе ви понуди уште пореална забава во вашиот дом.0
Слика од семејство во дневна соба кое гледа кон телевизор BRAVIA со нацртани звучни бранови во сина боја што претставуваат Acoustic Center Sync

Поддршка за 360 Spatial Sound Personalizer

Приспособете го доживувањето со Dolby Atmos® преку спојување на нашиот пренослив звучник SRS-NS7 и BRAVIA XR™ за да добиете простран опкружувачки звук. Со некои слушалки од Sony може да уживате и во симулиран опкружувачки звук 360 Spatial Sound.0
Слика од маж во дневна соба со нацртани звучни бранови во сина боја што претставуваат 360 Spatial Sound

Контролирајте го звукот од Sony без напор

Благодарение на вградениот кориснички интерфејс, поставките за звучникот во вид на лента се појавуваат автоматски во менито за брзо поставување на BRAVIA. Функциите, како што се звучното поле и јачината на звукот, може лесно да ги контролирате преку далечинскиот управувач на телевизорот, без потреба да го користите далечинскиот управувач на аудиоопремата.012
Слика од екран на кој се прикажува менито за брзо поставување на BRAVIA

BRAVIA CAM

Идеално звучно доживување од секое место

BRAVIA CAM ја следи вашата положба и го прилагодува балансот на левиот и десниот звук за да добиете оптимална акустика. Независно каде седите, ќе слушате звук со ист квалитет како да седите пред телевизорот.0
Две слики на екранот на кои е прикажан човек кој гледа телевизија од различни положби: седи директно пред телевизорот и седи странично од телевизорот

Слушајте јасни гласови,
независно каде се наоѓате

BRAVIA CAM открива на која оддалеченост гледате и автоматски го прилагодува зумот на гласовите за да слушате јасни дијалози. Јачината на звукот се зголемува кога се оддалечувате од телевизорот и се намалува кога се доближувате.0
Две слики на екранот на кои е прикажан човек кој гледа телевизија од различни положби: седи блиску пред телевизорот и седи на поголемо растојание од телевизорот