Усогласен комплет од преносливи примарни објективи
Ова е еден од нашите примарни G-објективи што нуди различни фокусни должини, дијаметар за филтри од 49 мм и компактен дизајн и распоред. Доволно се компактни за да ги носите одеднаш и да бидете подготвени за снимање одлични слики од различни сцени и субјекти, а нивната слична тежина придонесува за лесно балансирање со механизмите за стабилизација.
Интуитивен и метален дизајн и јасна оптика
Метална (алуминиумска) завршна обработка на објективот и сенилото, како и гравирани ознаки за фокусната должина и решетката што го нагласуваат врвниот квалитет на изработка. Извонредно компактниот и лесен дизајн, високиот квалитет на слика на G-објективите, прстенот за решетката и MF со линеарен одзив овозможуваат интуитивно ракување што претставува задоволство при фотографирањето.
Компактен и лесен за постојано носење и удобно фотографирање
Механичкиот дизајн максимално ги користи придобивките од најсовремената оптика со три ефикасно распоредени асферични елементи на објективот и малото растојание до сензорот што е уникатно за фотоапаратите без огледало, за да овозможи компактна форма и тежина од само 173 гр. (6,2 oz). Објективот е идеален за фотографирање низ градот или за снимање со механизам за стабилизација. Преносливоста е резултат на компактниот дизајн што одговара и на куќишта за целосна слика и на APS-C-куќишта.
Висок квалитет на слика низ целата површина со најсовремена оптика
Високиот квалитет на слика е резултат на најсовремената оптика со три асферични елементи која создава висока резолуција во сите делови на сликата. Асферичните елементи компензираат различни аберации за да овозможат висока резолуција низ целата површина на сликата, дури и при најширока решетка со мала длабочина на полето.
Прекрасно и природно дефокусирање
Решетката е кружна, има 7 ливчиња и нуди прецизна контрола на сферичната аберација што влијае врз дефокусирањето за да добиете прекрасно и природно дефокусирање што е карактеристично за G-објективите.
Два линеарни мотори за брз, прецизен и тивок AF
Линеарните мотори нудат брз и прецизен AF со врвни перформанси за следење што овозможуваат максимални перформанси кај фотоапаратот за снимање на важните моменти и многу повеќе. Брзиот, прецизен и тивок AF со врвни перформанси за следење е идеален и за снимање и за фотографирање.
Одлични перформанси за снимање одблиску
Минималното фокусно растојание од 28 см (0,92 ft) (AF)/25 см (0,82 ft) (MF) нуди одлични перформанси за снимање одблиску. Објективот е практичен во многу ситуации, како снимање слики одблиску од цвеќиња или мали предмети што може да ги најдете низ градот, со заматена заднина што го истакнува субјектот.
Високо ниво на ракување и сигурност со компактен дизајн
Компактниот објектив има копче за задржување на фокусот, преклопник за режими на фокусирање, прстен за решетката, преклопник за звук на решетката и MF со линеарен одзив. Металната (алуминиумска) надворешна завршна обработка на објективот и сенилото ја зголемуваат сигурноста преку зголемување на цврстината и издржливоста. Исто така, дизајнот е отпорен на прав и влага0 за да овозможи сигурност во лоши надворешни услови за фотографирање.
Дознајте ги четирите уникатни предности на објективите со E-приклучок од Sony за снимање видео. Комбинацијата од објективи и фотоапарати од Sony ќе ви овозможи подобро доживување при снимањето видео.