Врвна резолуција со компактен примарен објектив од 35 мм
Дизајнот G Master со два XA-елементи ги искористува придобивките од малото растојание до сензорот за да обезбеди врвен контраст и резолуција. Врвниот оптички квалитет на објективот е дополнително подобрен со елемент од ED-стакло (исклучително мала дисперзија) што ја намалува хроматската аберација и со анти-рефлективен нано слој II од Sony што овозможува врвна острина на сликата во секакви услови на осветлување.
Лесен и компактен за одлично ракување и преносливост
Иако содржи два прецизни XA-елементи (екстремно асферични) и го нуди неверојатниот квалитет на G Master, овој компактен објектив може лесно да го држите во рака и тежи само 524 гр. (18,5 oz). FE 35 мм F1,4 GM нуди одлично ракување и преносливост во најразлични опкружувања и ситуации за фотографирање.
Подобрено дефокусирање и разновидни опции со G Master
XA-елементите го намалуваат прстенестиот ефект на дефокусирање, механизмот со решетка со 11 ливчиња создава приближно кружна решетка, а врвната контрола на сферичната аберација уште во фазите на дизајнирање и производство овозможува прекрасни ефекти на дефокусирање при F1,4. Подобрувањата во дизајнот и производството овозможуваат минимално фокусно растојание од 27 см (0,89 ft) и максимално зголемување од 0,23x.
XD-линеарни мотори за брз, прецизен и тивок AF со следење
Двата линеарни мотори XD од Sony нудат висока ефикасност каква што е потребна за брз, прецизен и тивок AF со следење за максимално да ги искористат придобивките од системот со E-приклучок. Најсовремените алгоритми за контрола создадени специјално за линеарните мотори XD ги минимизираат вибрациите и шумот, а MF со линеарен одзив од Sony овозможува директно и линеарно рачно фокусирање.
Професионална контрола и сигурност
Копчето за задржување на фокусот, прстенот за фокусирање и другите контроли придонесуваат за рамномерно и ефикасно ракување. На копчето за задржување на фокусот може да доделите многу други функции преку менито на фотоапаратот. Слојот со флуор на предниот елемент на објективот и дизајнот што е отпорен на прав и влага0 овозможуваат сигурно користење во опкружувања со лоши услови.
Предности на објективите од Sony за снимање видео
Дознајте ги четирите уникатни предности на објективите со E-приклучок од Sony за снимање видео. Комбинацијата од објективи и фотоапарати од Sony ќе ви овозможи подобро доживување при снимањето видео.