Усогласен комплет од преносливи примарни објективи
Ова е еден од нашите примарни G-објективи што нуди различни фокусни должини, дијаметар за филтри од 49 мм и компактен дизајн и распоред. Доволно се компактни за да ги носите одеднаш и да бидете подготвени за снимање одлични слики од различни сцени и субјекти, а нивната слична тежина придонесува за лесно балансирање со механизмите за стабилизација.
Интуитивен и метален дизајн и јасна оптика
Метална (алуминиумска) завршна обработка на објективот и сенилото, како и гравирани ознаки за фокусната должина и решетката што го нагласуваат врвниот квалитет на изработка. Извонредно компактниот и лесен дизајн, високиот квалитет на слика на G-објективите, прстенот за решетката и MF со линеарен одзив овозможуваат интуитивно ракување што претставува задоволство при фотографирањето.
Компактен и лесен за постојано носење и удобно фотографирање
Механичкиот дизајн максимално ги користи придобивките од најсовремената оптика со три ефикасно распоредени асферични елементи на објективот и малото растојание до сензорот што е уникатно за фотоапаратите без огледало, за да овозможи компактна форма и тежина од само 162 гр. (5,8 oz). Објективот е идеален за фотографирање сцени или секојдневни слики, за фотографирање со механизам за стабилизација или за снимање автопортрети со широк агол на гледање. Преносливоста е резултат на компактниот дизајн што одговара и на куќишта за целосна слика и на APS-C-куќишта.
Висок квалитет на слика низ целата површина со најсовремена оптика
Високиот квалитет на слика е резултат на најсовремената оптика со три асферични елементи и еден елемент од ED-стакло (исклучително мала дисперзија) која создава висока резолуција и го намалува мешањето на боите во сите делови на сликата. Асферичните елементи компензираат различни аберации за да овозможат висока резолуција низ целата површина на сликата, дури и при најширока решетка со мала длабочина на полето. Елементот на ED-стакло ја елиминира хроматската аберација и ефикасно го намалува мешањето на боите што е поверојатно да се појави во периферните делови на сликата.
Прекрасно и природно дефокусирање
Решетката е кружна, има 7 ливчиња и нуди прецизна контрола на сферичната аберација што влијае врз дефокусирањето за да добиете прекрасно и природно дефокусирање што е карактеристично за G-објективите.
Два линеарни мотори за брз, прецизен и тивок AF
Линеарните мотори нудат брз и прецизен AF со врвни перформанси за следење што овозможуваат максимални перформанси кај фотоапаратот за снимање на важните моменти и многу повеќе. Брзиот, прецизен и тивок AF со врвни перформанси за следење е идеален и за снимање и за фотографирање.
Одлични перформанси за снимање одблиску
Минималното фокусно растојание од 24 см (0,79 ft) (AF) / 18 см (0,59 ft) (MF) нуди одлични перформанси за снимање одблиску. Фотографирањето одблиску ви овозможува да го истакнете субјектот наспроти заматена заднина. Објективот со широк агол на гледање од 24 мм е идеален и за снимање автопортрети со прикачен механизам за стабилизација или држач.
Високо ниво на ракување и сигурност со компактен дизајн
Компактниот објектив има копче за задржување на фокусот, преклопник за режими на фокусирање, прстен за решетката, преклопник за звук на решетката и MF со линеарен одзив. Металната (алуминиумска) надворешна завршна обработка на објективот и сенилото ја зголемуваат сигурноста преку зголемување на цврстината и издржливоста. Исто така, дизајнот е отпорен на прав и влага0 за да овозможи сигурност во лоши надворешни услови за фотографирање.
Дознајте ги четирите уникатни предности на објективите со E-приклучок од Sony за снимање видео. Комбинацијата од објективи и фотоапарати од Sony ќе ви овозможи подобро доживување при снимањето видео.