Листа со функции

Слика од FE 20 мм F1,8 G

Објектив со висока резолуција, 20 мм и F1,8

Најновата оптичка технологија на Sony нуди импресивна резолуција низ целата површина на сликата преку примарниот и широкоаголен објектив со максимална решетка од F1,8. Тој е извонредно компактен. Во комбинација со куќиште со E-приклучок, пак, формира пренослив систем со разновидни опции, неверојатни перформанси за AF, контрола и сигурност во најразлични прилики за фотографирање.
Слика од FE 20 мм F1,8 G

Врвна резолуција низ целата површина на сликата со F1,8

Двата AA-елементи (напредни асферични) од иновативниот оптички дизајн ја минимизираат аберацијата за да добиете неверојатна резолуција низ целата површина на сликата со најшироката решетка F1,8 на објективот.
Слика од FE 20 мм F1,8 G

Рамномерен ефект на дефокусирање со природен изглед

Освен контрола на сферичната аберација што влијае врз квалитетот на дефокусирањето, FE 20 мм F1,8 G нуди и кружна решетка со 9 ливчиња што придонесува за рамномерен ефект на дефокусирање и природен изглед на светлите тонови - препознатливи особини на G-објективите.
Слика од FE 20 мм F1,8 G

Компактен и лесен, за подобро ракување и преносливост

Напреден оптички дизајн со два AA-елементи и подобрен механички систем вградени во G-објектив од само 373 гр. (13,2 oz.). Малите димензии и тежина ја зголемуваат преносливоста кога се користи со куќишта со E-приклучок и ќе добиете балансиран систем што е идеален за користење со механизми за стабилизација или дополнителни држачи. FE 20 мм F1,8 G е повеќенаменски објектив за различни прилики за фотографирање и снимање.
Слика од FE 20 мм F1,8 G

Реалистичен приказ на точкести извори на светлина

Двата AA-елементи (напредни асферични) и трите елементи од ED-стакло (исклучително мала дисперзија) овозможуваат минимално изобличување на светлината заради прецизен приказ на точкестите извори на светлина, без размачкување на боите.
Слика од FE 20 мм F1,8 G

AF со одлична брзина, прецизност и следење

Двата линеарни мотори XD (екстремно динамички) лесно се справуваат со големите брзини на фотоапаратите од Sony и максимално ја искористуваат нивната брзина за AF, прецизноста и потенцијалот за следење. Новите алгоритми за контрола овозможуваат рамномерно движење на групата елементи за фокусирање на објективот без доцнење за да добиете брз и тивок автоматски фокус со малку вибрации.
Слика од FE 20 мм F1,8 G

Отпорност на прав и влага

Дизајнот што е отпорен на прав и влага0  ви нуди поголема сигурност за надворешна употреба во лоши услови.
Слика од FE 20 мм F1,8 G

Одлични перформанси за снимање одблиску, дури и автопортрети

Покрај фокусна должина од 20 мм што е одлична за автопортрети, објективот нуди минимално фокусно растојание од само 0,19 метри (0,63 ft) во режимот AF и уште помало минимално фокусно растојание од 0,18 метри (0,59 ft) при рачно фокусирање. Тој е одличен за користење во комбинација со механизми за стабилизација/држачи, независно кого фотографирате
Слика од FE 20 мм F1,8 G

Анти-рефлективен нано слој за остар контраст

Оригиналниот анти-рефлективен нано слој од Sony создава прецизна нано структура врз површините на објективот која не го попречува пропуштањето на светлината и која го намалува рефлектирањето на светлината што може да предизвика одблесоци и отсјај. Внатрешното рефлектирање на светлината е апсолутно минимално за да добиете неверојатна острина и контраст. (1. Анти-рефлективен нано слој / 2. Стакло / 3. Пропуштена светлина)
Слика од FE 20 мм F1,8 G

Прилагодливо копче за задржување на фокусот

Практично поставеното копче за задржување на фокусот нуди лесна контрола за задржување на фокусот, но може и да му доделите други функции од менито што се отвора преку куќиштето на фотоапаратот.
Слика од FE 20 мм F1,8 G

Природен и линеарен одзив на рачниот фокус

MF со линеарен одзив му овозможува на прстенот за фокусирање да реагира директно и линеарно за дискретна контрола при рачното фокусирање. Ротацијата на прстенот за фокусирање директно се претвора во соодветна промена на фокусот, за да се добие чувство на брза и прецизна контрола.
Слика од FE 20 мм F1,8 G

Преден елемент со слој со флуор

Предниот елемент на објективот има слој со флуор што е отпорен на вода, масло и други нечистотии, а овозможува и полесно бришење на сите нечистотии или отпечатоци од прсти што се акумулираат на површината на објективот.
Слика од FE 20 мм F1,8 G

Избор на звучни сигнали за избирање чекори на решетката

Освен тоа што нуди брз одзив каков што е потребен за професионална работа, прстенот за решетката има преклопник што ги вклучува и исклучува звучните сигнали за избор на чекори: ВКЛУЧЕНО за повратен ефект на допир при фотографирање или ИСКЛУЧЕНО за непречена и бесшумна контрола при снимање видео.
Слика од FE 20 мм F1,8 G

Лесно избирање помеѓу рачен и автоматски фокус

Преклопникот за режим на фокусирање, што овозможува моментално избирање помеѓу автоматски и рачен фокус, може многу да ви помогне при фотографирање објекти и ситуации за кои е потребно прецизно рачно прилагодување на фокусот.
Слика од FE 20 мм F1,8 G

Еквивалент од 30 мм со APS-C-фотоапарати

Овој објектив, во комбинација со фотоапарати од APS-C-формат, нуди многу практична фокусна должина со широк агол од 30 мм (еквивалент на формат за целосна слика). 30 мм е одлична должина за снимање слики низ градот, снимање сцени додека пешачите или планинарите и многу повеќе. SEL20F18G се препорачува за корисници на APS-C, како и за корисници на моделите за целосна слика.

Поддржува различни филтри

За разлика од многу други извонредно широкоаголни објективи, овој објектив може да се користи со кружни поларизирачки филтри за пејзажи, ND-филтри за видео и други видови на филтри со кои корисникот ќе добие максимална креативна контрола.
Слика од FE 20 мм F1,8 G

Технологијата за видео на Sony поддржува напредно снимање

Во предностите за снимање спаѓа брз и прецизен AF преку линеарните мотори XD на објективот, извонредно широк агол на гледање од 20 мм со куќишта за целосна слика (30 мм со APS-C-куќишта или со поставување агол на гледање Super 35), светла максимална решетка F1,8, компактен и лесен дизајн, одлични перформанси за снимање одблиску и многу повеќе. Покрај малите димензии и тежина на објективот, неговиот внатрешен дизајн овозможува практично користење во комбинација со компактни механизми за стабилизација или држачи за снимање видеоблогови и други апликации.