Главни карактеристики

Широка перспектива од 20 мм, врвна резолуција со F1,8

Двата AA-елементи (напредни асферични) од иновативниот оптички дизајн ја минимизираат аберацијата за да добиете неверојатна резолуција низ целата површина на сликата со најшироката решетка F1,8 на објективот.
Широка перспектива од 20 мм, врвна резолуција со F1,8

Компактен и лесен, за подобро ракување и преносливост

Напреден оптички дизајн со два AA-елементи и подобрен механички систем вградени во G-објектив од само 373 гр. (13,2 oz.). Малите димензии и тежина ја зголемуваат преносливоста кога се користи со куќишта со E-приклучок и ќе добиете балансиран систем што е идеален за користење со механизми за стабилизација или дополнителни држачи. FE 20 мм F1,8 G е повеќенаменски објектив за различни прилики за фотографирање и снимање.
Компактен и лесен, за подобро ракување и преносливост

Рамномерен ефект на дефокусирање со природен изглед

Освен контрола на сферичната аберација што влијае врз квалитетот на дефокусирањето, FE 20 мм F1,8 G нуди и кружна решетка со 9 ливчиња што придонесува за рамномерен ефект на дефокусирање и природен изглед на светлите тонови - препознатливи особини на G-објективите.
Рамномерен ефект на дефокусирање со природен изглед

Реалистичен приказ на точкести извори на светлина

Двата AA-елементи (напредни асферични) и трите елементи од ED-стакло (исклучително мала дисперзија) овозможуваат минимално изобличување на светлината заради прецизен приказ на точкестите извори на светлина, без размачкување на боите.
Реалистичен приказ на точкести извори на светлина

XD-мотори за AF со максимална брзина, прецизност и следење

Двата линеарни мотори XD се справуваат со големите брзини на најнапредните фотоапарати и ги искористуваат нивните брзини за AF, прецизност и потенцијал за следење за да можете да ги доловите дури и најбрзите субјекти. Новите алгоритми за контрола овозможуваат рамномерно движење на групата елементи за фокусирање на објективот без доцнење за да добиете брз и тивок автоматски фокус со малку вибрации.
XD-мотори за AF со максимална брзина, прецизност и следење

Одлични перформанси за снимање одблиску, дури и автопортрети

Покрај фокусна должина од 20 мм што е одлична за автопортрети, објективот нуди минимално фокусно растојание од само 0,19 метри (0,63 ft) во режимот AF и уште помало минимално фокусно растојание од 0,18 метри (0,59 ft) при рачно фокусирање. Тој е одличен за користење во комбинација со механизми за стабилизација/држачи, независно кого фотографирате
Одлични перформанси за снимање одблиску, дури и автопортрети

Компактен објектив што нуди практично ракување и сигурност

Копчето за задржување на фокусот, преклопникот за режим на фокусирање, прстенот за решетката и другите контроли се дизајнирани и позиционирани за лесно ракување и непречена работа. На копчето за задржување на фокусот може да се доделат други функции, преку поставките на фотоапаратот. Предниот елемент на објективот е обложен со флуор за отпорност на вода и нечистотии, а објективот е отпорен на прав и влага0за да ја добиете потребната сигурност за надворешна употреба во лоши услови.
Компактен објектив што нуди практично ракување и сигурност

Предности на објективите од Sony при снимање видео

Дознајте ги четирите уникатни придобивки од користењето објективи со E-приклучок од Sony за снимање видео. Комбинацијата од објективи и камери од Sony ќе го подобрат вашето доживување при снимање видео.
Фотографија одблиску од FX6 додека се користи за снимање