Листа со функции

Жена чекори по напуштена песочна плажа

G-објектив со голема решетка F1,4 и зум од 15 мм

Одликувајќи се со неверојатна слика карактеристична за G-објективите и одличен ефект на дефокусирање со F1,4, овој примарен објектив со широк агол од 15 мм за APS-C-фотоапарати нуди динамички перспективи и изразување. Со овој компактен објектив што тежи само 219 грама (7,8 oz.) добивате неверојатна резолуција низ целата слика, со минимални промени во фокусната должина0 при снимање видеоснимки.
Слика од карпесто крајбрежје

Технологијата за објективи на Sony ја поништува аберацијата

Иновативниот оптички дизајн со три асферични елементи го коригира искривувањето на полето и аберацијата за да обезбеди неверојатна резолуција низ целото широко видно поле од 15 мм на објективот. Еден елемент од ED-стакло (исклучително мала дисперзија) и еден елемент од супер ED-стакло дополнително ја намалуваат хроматската аберација и го намалуваат периферното мешање на боите.
Слика од жолти цветови

Воодушевувачки ефект на дефокусирање одблиску

Минималното растојание за рачен фокус од 0,17 м (0,2 м при користење AF) и максималното зголемување од 0,15x (0,12x при користење AF) на овој објектив ќе ви овозможат да се доближите до субјектот и да создадете прекрасен ефект на дефокусирање. Фотографирајте субјекти одблиску наспроти длабоко дефокусирана заднина за да добиете слики за паметење. Импресивните перформанси за снимање одблиску нудат придобивки и за видеоснимките и за фотографиите.
Слика од маж што носи фотоапарат во рака

Компактен и лесен дизајн

Дизајн што нуди максимални придобивки од асферичните елементи и мало растојание до сензорот кај фотоапаратите без огледало што овозможува неверојатни оптички перформанси - овој објектив од APS-C-формат има димензии од 66,6 x 69,5 мм (2-5/8 x 2-3/4 инчи) и тежи само 219 гр. (7,8 oz.). Одличен избор за широкоаголни пејзажи, архитектура, ентериери и општо фотографирање.
Слика од производот E 15 мм F1,4 G

Природен и линеарен одзив на рачниот фокус

За да овозможи професионално рачно фокусирање, MF со линеарен одзив му овозможува на прстенот за фокусирање да реагира директно и линеарно на дискретните промени при рачна контрола. Ротацијата на прстенот за фокусирање директно врши соодветни промени на фокусот, за да се добие чувство на брза и прецизна контрола при фотографирање и снимање.
Илустрација од линеарни мотори

Два линеарни мотори за неверојатен AF

Двата линеарни мотори нудат брз и прецизен AF со врвни перформанси за следење, што овозможуваат максимални перформанси кај фотоапаратот, за снимање на одлучувачките моменти на улиците и слични субјекти. Брз, прецизен и тивок AF со врвни перформанси што нуди огромни придобивки и за снимање и за фотографирање.
Слика од маж кој вози автомобил

Стабилни видеоснимки со минимални промени во фокусната должина

Најсовремената технологија за објективи вградена во овој неверојатен објектив со голема решетка и извонредно широк агол ги намалува промените во фокусната должина0 и аголот на гледање при фокусирање за да овозможи снимање висококвалитетно видео со јасна и подобра слика.
Слика од производот E 15 мм F1,4 G

Прилагодливо копче за задржување на фокусот

Копчето за задржување на фокусот се приспособува во менито на фотоапаратот. Доделете му функција што ја користите често, како зголемување на фокусот, за да можете да го држите стабилно фотоапаратот со прстите на десната рака, а со палецот на левата рака да го вклучувате или исклучувате зголемувањето на фокусот.
Слика од производот E 15 мм F1,4 G

Избор на звучни сигнали за избирање чекори на решетката

Прстенот за решетката нуди интуитивна контрола и брз одзив за професионална примена. Вграден е и преклопник што го вклучува и исклучува звукот на чекорите на решетката: ВКЛУЧЕTE за да добивате повратен ефект на допир при фотографирање или ИСКЛУЧЕTE за непречена и бесшумна контрола при снимање видеоснимки.
Слика од производот E 15 мм F1,4 G

Лесно избирање помеѓу рачен и автоматски фокус

Преклопникот за рачен/автоматски режим на фокусирање овозможува моментално избирање помеѓу рачниот и автоматскиот режим на фокусирање, овозможувајќи моментална реакција согласно променливата ситуација за фотографирање и потребите за фокусирање.
Слика од дизајнот што е отпорен на прав и влага

Дизајн кој е отпорен на прав и влага

Дизајнот што е отпорен на прав и влага0 ви нуди поголема сигурност за надворешна употреба во лоши услови.
Слика од маж кој снима видео

Непречено ракување при снимање видео

Благодарение на подобрениот внатрешен механизам за фокусирање, должината на објективот не се менува при фокусирање, овозможувајќи идеална рамнотежа и ракување. Доследната рамнотежа и малите димензии и тежина овозможуваат лесно балансирање со механизам за стабилизација.