Главни карактеристики

Неверојатна резолуција на G-објективот при целосна решетка

Иновативниот оптички дизајн со три асферични елементи ги коригира кривата на полето и аберацијата и нуди извонредна резолуција низ широкото видно поле од 15 мм на објективот, дури и при целосна решетка F1,4. Еден елемент од ED-стакло (исклучително мала дисперзија) и еден елемент од супер ED-стакло дополнително ја намалуваат хроматската аберација и го намалуваат периферното мешање на боите.
Слика од карпесто крајбрежје

Прекрасен ефект на дефокусирање при F1,4

Големата решетка од F1,4 нуди прекрасно дефокусирање кое е подобрено од прецизно контролираната сферична аберација и кружната решетка со 7 ливчиња. Минималното фокусно растојание од 0,17 метри и максималното зголемување од 0,15x0 овозможуваат да му се приближите на објектот, а притоа создаваат длабок заднински ефект на дефокусирање. Неверојатни можности за снимање одблиску.
Слика од жолти цветови

Компактен и лесен за нова слобода при фотографирањето

Малите димензии и тежина го прават овој објектив одличен избор за фотоапаратите со компактни APS-C-куќишта. Дизајн што извлекува максимум од асферичните елементи и малото растојание до сензорот за да понуди неверојатни перформанси во објектив со димензии од само 66,6 x 69,5 мм (2-5/8 x 2-3/4 in.) и тежина од 219 гр. (7,8 oz.). Одличен за фотографирање широкоаголни пејзажи, архитектура, ентериери и обични фотографии.
Слика од маж што носи фотоапарат во рака

Напредниот AF целосно го искористува потенцијалот за брзина на куќиштето

Двата линеарни мотора на овој објектив со голема решетка нудат импресивна брзина, прецизен автоматски фокус и следење за фотографирање и снимање. AF и следењето имаат одличен одзив и нудат целосно користење на брзината на куќиштето, така што може тивко и сигурно да ги доловите и брзите или непредвидливи објекти.
Илустрација од линеарни мотори

Алатка за филмски израз

Внатрешниот механизам за фокусирање ја одржува константноста на вкупната должина на објективот при фокусирање, така што со овој објектив лесно се ракува во голем број ситуации. Конзистентниот центар на гравитација овозможува полесно балансирање на механизмите за стабилизација. Малите димензии и ниската тежина нудат и важни предности при ракувањето. Напредниот оптички дизајн ги минимизира промените во фокусот0 и ги намалува несаканите промени во аголот на гледање при снимањето видеоснимки.

Извонредно ракување и сигурност

Прстенот за фокусирање се одликува со MF со линеарен одзив за директен рачен фокус со одзив како механички фокус. Има и прстен за решетка со преклопник за вклучување/исклучување звук на чекорите на решетката, копче за задржување на фокусот и преклопник за режими на фокусирање за дополнителна контрола. За максимална сигурност во лоши надворешни услови, овој издржлив објектив е отпорен на прав и влага.0
Слики од десната и левата страна на производот E 15 мм F1,4 G