Листа со функции

Најширок објектив со зум од 12-24 мм и фиксна решетка F2,8 во светот

Извонредно широк објектив со зум од 12-24 мм и F2,8

Извонредно широкиот агол на гледање од 12 мм, што го нуди овој повеќенаменски објектив, овозможува истакнување на оддалеченоста и создавање динамички перспективи што не може да ги перципира човечкото око. Зумот од 12-24 мм и фиксната максимална решетка F2,8 се идеални за фотографирање ноќни сцени, ѕвездено небо и други субјекти при слаба осветленост со мала чувствителност и без потреба од користење екстремно мали брзини на блендата.
Нова оптика со најголемиот XA-елемент

Нова оптика со најголемиот XA-елемент

Трите XA-елементи (екстремно асферични), вклучувајќи го и најголемиот што досега е направен за фотоапаратите α, заедно со уште еден асферичен елемент сочинуваат иновативен оптички дизајн што нуди резолуција од класата на G Master низ целата површина на сликата.
Минималната аберација ја зголемува острината

Минималната аберација ја зголемува острината

Двата елементи од Super ED-стакло (исклучително мала дисперзија) и трите елементи од ED-стакло ја намалуваат хроматската аберација што може да ја намали резолуцијата кај ваквиот вид на објективи со голема решетка, а притоа спречуваат разлевање на боите низ целата површина на сликата за да добиете максимална острина.
Изненадувачки мал и лесен

Изненадувачки мал и лесен

Иновативниот оптички дизајн со четири асферични елементи, вклучувајќи три елементи од тип XA, како и механички дизајн со XD-линеарни мотори со високи перформанси, е сместен во компактен објектив со зум од 12-24 мм, фиксна решетка F2,8 и тежина од само 847 грама. Овој објектив е идеален за пејзажи, ноќни сцени и архитектура и им нуди поголема преносливост на фотографите за спорт кои сакаат да користат извонредно широки агли.
Слика на која е објаснета структурата на антирефлективниот нано слој II

Остри слики при недоволна светлина

Новиот анти-рефлективен нано слој II, што може да се нанесе рамномерно на големите елементи во објективот или заоблените површини на елементите, е создаден за да ги намали внатрешните рефлектирања што предизвикуваат одблесоци и отсјај за да добиете јасни и остри слики. И покрај широкиот агол на гледање на објективот, анти-рефлективниот нано слој II овозможува голем степен на острина и контраст низ целата површина на сликата, дури и при недоволна светлина. ([A] Стандарден слој [B] Анти-рефлективен нано слој II  [1] Стандарден слој [2] Анти-рефлективен нано слој II [3] Стакло [4] Многу заоблена стаклена површина [5] Рефлектирана светлина)
Екстремно високата прецизност на површината на XA-елементите во објективот ефикасно го намалуваат прстенестиот ефект на дефокусирање, а деталното прилагодување на нивните карактеристики за сферична аберација при дизајнот и производството, како и кружната решетка со 9 сечила, придонесуваат за неверојатно рамномерно и меко дефокусирање во стилот на G Master.  Дознајте повеќе

Прекрасен ефект на дефокусирање со G Master

Екстремно високата прецизност на површината на XA-елементите во објективот ефикасно го намалуваат прстенестиот ефект на дефокусирање, а деталното прилагодување на нивните карактеристики за сферична аберација при дизајнот и производството, како и кружната решетка со 9 сечила, придонесуваат за неверојатно рамномерно и меко дефокусирање во стил на G Master.
Дизајн кој е отпорен на прав и влага

Дизајн кој е отпорен на прав и влага

Дизајнот што е отпорен на прав и влага0 ви ја нуди потребната сигурност за надворешна употреба во лоши услови.
Фиксна максимална решетка F2,8 за флексибилно снимање видео

Фиксна максимална решетка F2,8 за флексибилно снимање видео

Фиксната максимална решетка F2,8 ќе остане иста при сите фокусни должини и нема да се промени кога ќе зумирате, овозможувајќи експозицијата, брзината на блендата и чувствителноста ISO да останат непроменети при снимање видео. Ако го користите објективот со APS-C-куќиште или со агол на гледање од типот Super 35, тогаш максималната широкоаголна вредност од опсегот на зумирање ќе стане иста како фокусната должина од 18 мм кај куќиштата за целосна слика, што е многу практичен опсег на зумирање за снимање видео.
Лебдечкиот механизам овозможува одлична резолуција од бесконечност до мало фокусно растојание

Лебдечкиот механизам овозможува одлична резолуција од бесконечност до мало фокусно растојание

Лебдечкиот механизам за фокусирање што ги дели елементите за фокусирање на објективот во две независно контролирани групи е екстремно ефикасен во минимизирање на аберацијата што е променлива во зависност од фокусното растојание. Ќе добиете врвни перформанси од бесконечност па сè до мало фокусно растојание, низ целиот опсег на зумот. Лебдечкиот механизам не само што придонесува за извонредни перформанси при фотографирање одблиску, туку и за неверојатна острина кај субјектите независно од оддалеченоста.
Преден елемент со слој со флуор

Преден елемент со слој со флуор

Предниот елемент на објективот има слој со флуор што е отпорен на вода, масло и други нечистотии, а овозможува и полесно бришење на сите нечистотии или отпечатоци од прсти што се акумулираат на површината на објективот.
Природен и линеарен одзив на рачниот фокус

Природен и линеарен одзив на рачниот фокус

MF со линеарен одзив му овозможува на прстенот за фокусирање да реагира директно и линеарно за дискретна контрола при рачното фокусирање. Ротацијата на прстенот за фокусирање директно се претвора во соодветна промена на фокусот, за да се добие чувство на брза и прецизна контрола.
Брзо и прецизно автоматско фокусирање со следење

Брзо и прецизно автоматско фокусирање со следење

Вкупно четири XD-линеарни мотори, по два за секоја група елементи за фокусирање на објективот, придонесуваат за брз и прецизен автоматски фокус и следење што ги подобруваат многубројните предности што ги нудат стандардните објективи од Sony. Овој напреден систем максимално го искористува потенцијалот за брзина на фотоапаратите со високи перформанси, при што го олеснува снимањето важни моменти во најдинамичките спортови или други видови движења. Функционирањето на AF е тивко и со минимални вибрации.
Заден држач за филтер

Заден држач за филтер

Во задниот држач за филтри на објективот може да ставите стандарден ND-филтер од фолија, филтер за корекција на бои и други филтри за уште покреативни можности за изразување. Со производот се испорачува и шаблон за сечење фолии за филтри.
Лесно избирање помеѓу рачен и автоматски фокус

Лесно избирање помеѓу рачен и автоматски фокус

Преклопникот за режим на фокусирање, што овозможува моментално избирање помеѓу автоматски и рачен фокус, може многу да ви помогне при фотографирање објекти и ситуации за кои е потребно прецизно рачно прилагодување на фокусот.
Прилагодливо копче за задржување на фокусот

Прилагодливо копче за задржување на фокусот

Практично поставеното копче за задржување на фокусот нуди лесна контрола за задржување на фокусот, но може и да му доделите други функции од менито што се отвора преку куќиштето на фотоапаратот.
Составно сенило за објективот со наменско капаче за објективот

Составно сенило за објективот со наменско капаче за објективот

Вграденото сенило на објективот ефикасно ја блокира светлината што навлегува под неправилен агол и предизвикува одблесоци и отсјај. Испорачаното капаче за објективот го покрива сенилото, се прикачува лесно и се прицврстува за сенилото под секаков агол.