Светла максимална решетка од F2,8 со зум од 12 мм до 24 мм
Широкиот агол на гледање од 12 мм кај овој повеќенаменски објектив овозможува истакнување на оддалеченоста и создавање динамички перспективи што не може да ги перцепира човечкото око. Збогатете го вашето уметничко портфолио со прекрасни слики.
Оптика со најголемиот XA-елемент досега кај α-објективите
Трите XA-елементи (екстремно асферични) и асферичниот елемент сочинуваат иновативен оптички дизајн што нуди резолуција од класата на G Master. Двата елементи од Super ED-стакло (исклучително мала дисперзија) и трите елементи од ED-стакло ја намалуваат хроматската аберација, а новиот анти-рефлективниот нано слој II ги минимизира одблесоците и отсјајот за да добиете јасни и остри слики.
Фиксна решетка F2,8
Зумот од 12-24 мм и фиксната максимална решетка F2,8 се идеални за фотографирање ноќни сцени, ѕвездено небо и други субјекти при слаба осветленост со мала чувствителност и без потреба од користење екстремно мали брзини на блендата.
Широки агли и голема решетка во мал и лесен објектив со зум
Напредниот оптички дизајн со четири асферични елементи, вклучувајќи три елементи од тип XA, како и механички дизајн со оригинални XD-линеарни мотори од Sony, е вграден во компактен и лесен објектив со зум од 12-24 мм и фиксна решетка F2,8 што нуди врвен квалитет на слика. Идеален е за пејзажи, ноќни сцени, архитектура и им нуди поголема преносливост на фотографите за спорт кои фотографираат со широки агли.
XD-линеарни мотори за брз и прецизен AF со сигурно следење
Четирите XD-линеарни мотори придонесуваат за брз и прецизен автоматски фокус и следење што максимално го искористуваат потенцијалот за брзина на фотоапаратите α со високи перформанси. Новите алгоритми за контрола овозможуваат максимален одзив на системот со XD-линеарни мотори и беспрекорна синхронизација помеѓу групите елементи за фокусирање. Ракувањето е тивко, со минимални вибрации.
Контрола и сигурност за професионална примена
Копчето за задржување на фокусот, преклопникот за режим на фокусирање, прстенот за зумирање, прстенот за фокусирање и другите контроли се дизајнирани и позиционирани за лесно ракување. На копчето за задржување на фокусот може да се доделат други функции преку поставките на фотоапаратот. Слојот со флуор на предниот елемент на објективот и дизајнот отпорен на прав и влага овозможуваат сигурно користење во лоши услови.0
Предности на објективите од Sony за снимање видео
Дознајте ги четирите уникатни предности на објективите со E-приклучок од Sony за снимање видео. Комбинацијата од објективи и фотоапарати од Sony ќе ви овозможи подобро доживување при снимањето видео.