Листа со функции

Слика одблиску од суво цвеќе

Извонредно широка решетка F1,8 за фотографии и видеоснимки

Одликувајќи се со фокусна должина од 11 мм (еквивалент на формат за целосна слика од 35 мм: 16,5 мм) за динамички слики и голема решетка F1,8 за длабоко дефокусирање, овој објектив со APS-C-формат и тежина од 181 грам (6,4 oz.) ви ја нуди потребната преносливост за да снимате прекрасни фотографии и видеоснимки насекаде. Опремен е и со два линеарни мотори за брз и прецизен AF, наменети и за фотографирање и за снимање.
Ноќна слика

Длабоко, прекрасно дефокусирање

Големата максимална решетка F1,8 нуди прекрасно дефокусирање во длабоки и импресивни слики. Минималното фокусно растојание од 0,12 метри (0,4 ft) и максималното зголемување од 0,2x0 ќе ви овозможат да се доближите до субјектот и да создадете прекрасно дефокусирани заднини. Прецизно контролираната сферична аберација и кружната решетка со 7 ливчиња значително го подобруваат прекрасниот ефект на дефокусирање на овој објектив.
3 луѓе снимаат автопортрет заедно

Динамички пејзажи со агол од 11 мм

Извонредно широкиот агол на гледање од 11 мм на овој повеќенаменски објектив е одличен за пејзажи, архитектура, ентериери, па дури и видеоблогови. Тој нуди уникатни перспективи за многубројни субјекти и ситуации.
Модел вади фотоапарат од чанта

Компактен и лесен, за слобода при користењето

Овој компактен и лесен објектив е совршен додаток за фотоапарати со APS-C-сензор и нуди лесно ракување што е одлично за долги сесии во кои фотоапаратот го држите за прикачениот држач или во рака. Комбинацијата од сферични и асферични елементи нуди неверојатни оптички перформанси од објектив со димензии од 66 x 57,5 мм (2-5/8 x 2-3/8 инчи) и тежина од само 181 гр. (6,4 oz.) 
Илустрација од линеарни мотори

Напредниот AF извлекува максимум од брзината на куќиштето

Двата линеарни мотора на овој објектив со голема решетка нудат импресивна брзина, прецизен автоматски фокус и следење за фотографирање и снимање. AF и следењето имаат одличен одзив со кој максимално го искористуваат потенцијалот за брзина на фотоапаратот, за да можете сигурно да ги доловите дури и брзите или непредвидливи субјекти.
Слика на спирални скали

Одлична и извонредно широка резолуција

Иновативната оптика нуди висока резолуција дури до рабовите на сликата. Оптималното поставување на трите асферични елементи идеално го коригира искривувањето на полето за да обезбеди одлична резолуција низ целата површина на сликата. Трите елементи од ED-стакло (исклучително мала дисперзија) ефикасно ја намалуваат хроматската аберација и мешањето на боите за да обезбедат врвен квалитет на слика.
Слика од заматени предмети во преден план и човек во фокус во заднина

Подобри видеоснимки со минимални промени во фокусната должина

Најсовремената технологија за објективи вградена во овој неверојатен објектив со голема решетка и извонредно широк агол ги намалува несаканите промени во фокусната должина и аголот на гледање при фокусирање за да овозможи снимање висококвалитетно видео со јасна и подобра слика.0
Слика од производот што го прикажува MF со линеарен одзив

Природен и линеарен одзив на рачниот фокус

За да овозможи професионално рачно фокусирање, MF со линеарен одзив му овозможува на прстенот за фокусирање да реагира директно и линеарно на дискретните промени при рачна контрола. Ротацијата на прстенот за фокусирање директно врши соодветни промени на фокусот, за да се добие чувство на брза и прецизна контрола при фотографирање и снимање.
Човек снима видео со механизам за стабилизација

Разновидна алатка за филмски израз

Видното поле од 11 мм и големата решетка F1,8 овозможуваат лесно фотографирање субјекти наспроти пространи заднини со прекрасен ефект на дефокусирање. Поради тоа, овој објектив е идеален за снимање видеоблогови. За разлика од многу други извонредно широки дизајни со голема решетка, овој уникатен дизајн овозможува користење предни филтри заради поголема креативна флексибилност во различни ситуации за фотографирање.
Човек држи фотоапарат

Доследна рамнотежа за лесно ракување

Благодарение на подобрениот внатрешен механизам за фокусирање, должината на објективот не се менува при фокусирање, овозможувајќи идеална рамнотежа и ракување. Доближете се до субјектот, дури до минималното фокусно растојание на објективот, а потоа снимајте или фотографирајте без потреба од менување на објективот поради неговата должина.
Слика од производот што го прикажува преклопникот за режими на фокусирање

Лесно избирање помеѓу рачен и автоматски фокус

Преклопникот за рачен/автоматски режим на фокусирање овозможува моментално избирање помеѓу рачниот и автоматскиот режим на фокусирање, овозможувајќи моментална реакција согласно променливата ситуација за фотографирање и потребите за фокусирање.
Слика од производот што го прикажува копчето за задржување на фокусот

Прилагодливо копче за задржување на фокусот

Приспособливото копче за задржување на фокусот нуди лесен пристап и практична контрола. На копчето за задржување на фокусот може да му се додели друга функција од менијата на куќиштето. На копчето за задржување на фокусот може, на пример, да му ја доделите функцијата за зголемување на фокусот, за да имате директен пристап до неа додека снимате.
Слика од дизајнот отпорен на прав и влага

Дизајн кој е отпорен на прав и влага

Дизајнот што е отпорен на прав и влага0 ви нуди поголема сигурност за надворешна употреба во лоши услови.