Големата максимална решетка F1,8 нуди прекрасно дефокусирање и создавање длабоки, впечатливи слики. Минималното фокусно растојание од 0,12 метри и максималното зголемување од 0,2x0 овозможуваат фотографирање одблиску со широкоаголни, рамномерно дефокусирани заднини. Прецизно контролираната сферична аберација и кружната решетка со 7 ливчиња значително го подобруваат дефокусирањето.
Висока резолуција низ извонредно широко видно поле од 11 мм
Врвната оптика нуди висока резолуција до самите рабови на сликата. Оптималното позиционирање на трите асферични елементи идеално ја коригира кривата на полето и обезбедува одлична резолуција низ целата слика, дури и при максимална решетка. Трите елементи од ED-стакло (исклучително мала дисперзија) ефикасно ја намалуваат хроматската аберација и мешањето на боите за извонреден квалитет на сликата.
Компактен и лесен за огромна слобода при фотографирањето
Компактноста и малата тежина на објективот го прават одличен избор за фотоапарати со APS-C-куќишта. Извонредната преносливост и лесното ракување се одлични за долги сесии на рачно фотографирање или користење држач. Комбинацијата на сферични и асферични елементи нуди одлични оптички перформанси во објектив со димензии од само 66 x 57,5 мм (2-5/8 x 2-3/8 in.) и тежина од 181 гр. (6,4 oz.)
Напредниот AF извлекува максимум од брзината на куќиштето
Двата линеарни мотора на овој објектив со голема решетка нудат импресивна брзина, прецизен автоматски фокус и следење за фотографирање и снимање. AF и следењето имаат одличен одзив и овозможуваат целосно користење на брзината на куќиштето, така што може тивко и сигурно да ги доловите и брзите или непредвидливи објекти.
Разновидна алатка за филмски израз
Благодарение на аголот на гледање од 11 мм и големата решетка од F1,8, лесно може да доловувате динамички перспективи на објектите пред впечатливи заднини со прекрасно дефокусирање. Напредниот оптички дизајн ги минимизира промените во фокусот0 и ги намалува несаканите промени во аголот на гледање при снимањето видеоснимки. Овој уникатен извонредно широкоаголен објектив овозможува и користење на предни филтри за дополнителна креативна флексибилност во голем број ситуации за фотографирање.
Ве молиме прифатете ги колачињата на Youtube за да го погледнете видеото
Отворете ги опциите за колачиња подолу и вклучете ги колачињата на Youtube во делот „Functional“ (Функционални).
Иако е мал, овој импресивен објектив нуди неверојатна контрола и сигурност. MF со линеарен одзив нуди моментално рачно фокусирање со природно чувство, а копчето за задржување на фокусот и преклопникот за режими на фокусирање нудат дополнителна контрола над фокусирањето. За максимална сигурност во лоши надворешни услови, тој се одликува со ефикасна отпорност на прав и влага0.