Слика од човек кој го користи ZV-E10 Слика од човек кој го користи ZV-E10

Споделете и поврзете се

Слика од човек кој ракува со режимот за проследување преку USB на ZV-E10

Едноставно далечинско поврзување со висококвалитетни слики

ZV-E10 може да се користи како онлајн алатка за комуникација, односно како камера за проследување во живо, користејќи ја предноста од неговиот голем сензор и вградениот микрофон. За да го користите ZV-E10 како надворешна камера, поврзете го со компјутер или со паметен телефон Xperia™ од Sony преку USB Type-C®-кабел.
Слика на која се гледа човек кој го користи софтверот Imaging Edge Mobile за да префрли видео кон паметен телефон

Снимајте и споделувајте веднаш

Споделувајте видеа со професионален квалитет на социјалните медиуми веднаш по снимањето. Бесплатниот софтвер Imaging Edge Mobile™ ви овозможува брзо да ги испраќате вашите видеа или слики од ZV-E10 кон вашиот паметен телефон.
Слика од човек кој снима видео вертикално

Вертикално снимање видеабез напор

Вертикално снимените видеа може да се репродуцираат и уредуваат со автоматско означување на нивната вертикална ориентација, за да можете да поставувате содржини кои се прилагодени за екраните на паметните телефони.
Слика на која се гледа човек кој го користи паметниот телефон за да уреди снимка

Лесно уредување на видеото на паметниот телефон

Дополнителната компонента Movie Edit го олеснува уредувањето на видеата на паметните телефони. Применете ја стабилизацијата на нестабилните снимки или отсечете го кадарот во сооднос што ќе одговара за популарните социјални медиуми.

Сигурно напојување

Нема потреба да се грижите за изворот на напојување кога го создавате вашиот видеоблог - ZV-E10 е опремен со повеќе опции за напојување за да обезбеди безгрижно снимање.

Слика на која е прикажана издржливоста на батеријата

Долготрајно напојување за надворешно снимање

Батеријата на ZV-E10 овозможува континуирано снимање видео до 125 минути или до 440 слики, така што ќе можете да снимате долготрајни сесии на отворено.
Слика од производот ZV-E10 додека се полни преку USB-C-кабел

Надворешни напојувања за долги сесии на снимање

За уште поголема флексибилност, фотоапаратот поддржува надворешно напојување преку приклучок USB Type-C®, така што можете да користите надворешни преносливи батерии за да го продолжите времето на снимање.
Слика од производот ZV-E10 додека се полни преку AC-PW20AM

Изборно AC-напојување за проследување во живо

Кога имате пристап до AC-напојување може да користите AC-адаптер како AC-PW20AM за да не се грижите дека батеријата ќе се испразни, што е особено практично кога проследувате во живо.