Фотографија од готвење во тенџере Фотографија од готвење во тенџере

Голем сензор за слики

Големиот сензор прави разлика во квалитетот

Импресивните слики на ZV-E10 се резултат на сензорот за слика со APS-C-големина на фотоапаратот - истиот тип што е вграден и во професионалните кинематографски модели. Сензорот е над десет пати поголем0 од сензорите што се вградуваат во стандардните паметни телефони, па затоа собира многу повеќе светлина и податоци за сликата и создава прекрасни слики и извонредни ефекти на дефокусирање.
[1] APS-C [2] Тип 1,0 [3] Тип 1/2,3-1/3,4
Слика на која се споредуваат големини на сензори кај ZV-E10, компактен фотоапарат со сензор од еден инч и паметен телефон со сензор од 1/2,3 инчи

Ефект на дефокусирање со професионален изглед

Фотоапаратот ZV-E10 овозможува едноставно снимање на импресивни слики со благо заматена заднина каква што гледате на филмовите. Големиот сензор на фотоапаратот ви овозможува да снимате извонредни фотографии на кои субјектот навистина се истакнува наспроти заднината.
Сликата е снимена со ZV-E10 со помош на објектив со фиксна фокусна должина

Импресивни 4K-видеоснимки0

Снимањето 4K-видеоснимки со висока резолуција3 се врши со копчето MOVIE (ВИДЕО)1, додека големиот сензор за слика на ZV-E10 нуди широк опсег на бои. За максимални детали, сензорот снима 2,4x2 повеќе од податоците потребни за 4K3, а потоа ги компресира за да ја произведе крајната снимка.
Слика во која е прикажана 4K-видеоснимка со импресивни бои

Јасни снимки во услови со недоволно осветлување

ZV-E10 создава слики со прекрасни детали и минимален шум кога фотографирате во услови со недоволно осветлување. Тоа се должи на големиот сензор за слика што максимално ја собира светлината. Како резултат се добиваат јасни и чисти слики кога фотографирате во затворен простор со недоволно осветлување или на отворено навечер.
Слика е снимена во темни услови