Добијте го изгледот на филмските продукции без напор. Користете однапред поставени параметри, како S-Cinetone, ITU709, 709tone, HLG Live, HLG Mild и HLG Natural, а потоа приспособете ги црната боја, матрицата и другите параметри по ваша желба. Усогласете ги лесно боите на вашите снимени материјал со боите на содржините снимени со други фотоапарати Cinema Line од Sony.
Датотеката за сцената може да се носи како една датотека со основен изглед. При користење на приспособениот режим, поставките на елементите, кои подлежат на функциите за складирање/повикување во датотеката за сцената, може да се зачуваат (извезување) во мемориски медиум и да се вчитаат (увезување) во FX6.
Профилот за слика HLG (Hybrid Log-Gamma) HDR, заедно со широката палета на бои BT.2020, може да се користи за директна репродукција во HDR (HLG) на компатибилни телевизори. Како резултат се добиваат неверојатно реалистични слики, слично како што гледа и човечкото око, со детални сенки и осветлени делови, помало избледување и затемнување, без потреба од градација на боите. Конкретно, 10-битните снимки нудат рамномерна градација и детали за извонредна реалистичност.
[1] Голема флексибилност за детално прилагодување на сликите (потребна е градација на бои)[2] Моментално снимање на висококвалитетни слики (не е потребна градација на бои)
Освен со компресија на повеќе кадри Long-GOP, поддржано е и внатрешно снимање со компресија на тековен кадар (All-Intra)0. Снимањето во XAVC 4K со компресија на тековен кадар врши компресија на сите кадри поединечно со висока бит-стапка, до 600 Mbps, па затоа е идеална за снимање сложени движења и овозможува максимална флексибилност и перформанси за репродукција по снимањето.
[1] All-Intra (All-I) [2] Long-GOP [3] Група слики
Софтверите Catalyst Browse и Prepare на Sony се идеални партнери за продукција за FX6. FX6 снима пет вида на метаподатоци: стабилизација на слика, ознаки за видеозаписи, ротација на камерата, компензација на промените во фокусната должина и компензација на изобличувањето. Тие може да се искористат при прегледувањето и подготовката за уредување во бесплатниот софтвер Catalyst Browse или во евтиниот софтвер Catalyst Prepare од Sony0.
[1] Сними [2] Уреди