Импресивно филмско доживување

Слика од користење Слика од користење

Импресивно филмско доживување

Слика за пример

Доловете го невозможното со зголемена чувствителност

Снимајте употребливи слики во потполна темнина со импресивно проширениот опсег на ISO до 409600. Сензорот за целосна слика и иновативното собирање светлина нудат неограничени можности при снимањето.
Слика за пример

Прекрасен ефект на дефокусирање и креативност

Снимајте прекрасни 4K-слики со креативна слобода благодарение на сензорот за целосна слика. Доловете ги сите детали од сцената со мала длабочина на полето и прекрасни ефекти на дефокусирање за да добиете филмски изглед.

Наука за филмски бои со S-Cinetone™

Стандардот S-Cinetone, создаден за докажаната камера FX9 од Sony, е зададениот изглед кај камерата FX6. Прецизно прилагоден за да ги задоволи потребите на денешните креатори на содржини, S-Cinetone нуди богати бои и природни тонови на кожата, создава свежи и живописни слики директно во камерата без градација на боите, а притоа нуди многу можности за обработка по снимањето.
 
Слика за пример

Големите точки нудат висока чувствителност и мал шум

Exmor R™ CMOS-сензорот за целосна слика со 10,2 милиони точки и задно осветлување нуди импресивни перформанси за собирање светлина. Големата брзина на читање и динамичкиот опсег со 15+ чекори нудат врвен квалитет на слика со голема чувствителност и мал шум.
Слика за пример

Моќен процесор за слика BIONZ XRTM 

BIONZ XR се усогласува со брзината на читање на сензорот благодарение на неговата моќ за обработка. Неговата архитектура е подготвена за иднината, поради што брзо создава висококвалитетни слики и го подобрува одзивот на интерфејсот на камерата.

Импресивен динамички опсег за неограничено изразување

Со минимална чувствителност ISO8001, FX6 нуди оптимален динамички опсег за снимање во добро осветлени простории и документарци на отворено. Подобрената чувствителност ISO 128001 е дизајнирана за снимање при слаба осветленост, наутро и навечер. FX6 нуди извонреден динамички опсег со 15+ чекори2, што ја надминуваат перцепцијата на човечкото око во многу услови, овозможувајќи неограничена креативна слобода за градација на бои и уредување по снимањето. 
Илустрација