Нашите најнови картички CFexpress Type A максимално ги искористуваат перформансите на фотоапаратите од Sony и најновите процесори за обработка на слика кои ги користат. Овие компактни картички се неопходни за креатори на содржини на кои им се потребни повисоки нивоа на перформанси, сигурност и креативен потенцијал.
Серијата G на картичките CFexpress Type A нуди капацитет до 1920 GB, за долго снимање видео и секвенцијално фотографирање со голема брзина. Картичките од 1920 GB (CEA-G1920T), 960 GB (CEA-G960T), 480 GB (CEA-G480T) и 240 GB (CEA-G240T) го поддржуваат стандардот CFexpress 4 со брзини на читање до 1800 MB/s и брзини на запишување до 1700 MB/s. Тие се дизајнирани да бидат издржливи при професионална употреба и нудат 5x поголема отпорност на паѓање и 10x поголема отпорност на виткање од стандардот CFexpress Type A, како и отпорност на прав и влага.
Картичките од 1920 GB (CEA-G1920T), 960 GB (CEA-G960T), 480 GB (CEA-G480T) и 240 GB (CEA-G240T) користат технологија за напредна контрола на флеш меморијата за да постигнат брзини на запишување до 1700 MB/s и брзини на читање до 1800 MB/s, и го намалуваат времето на чекање за пренос на податоци доколку се користат со изборниот читач за картички MRW-G3.
Картичките CFexpress Type A од Sony се оптимизирани за континуирано запишување податоци со голем опсег на проток, па затоа се идеални за професионално снимање видео со висока бит-стапка, како снимање во 4K со 120p, каде што сигурноста е најважна. Исто така, тие имаат сертификат VPG (Video Performance Guarantee) 400 за поголема сигурност и стабилност при снимањето видео.
Оптимизиран за мемориски картички CFexpress Type A од Sony, изборниот читач за картички MRW-G3 ви овозможува пренос на податоци преку USB-интерфејс со 40 Gbps, правење резервни копии со големи брзини и поефикасни работни процеси.
Благодарение на уникатните спецификации на TOUGH од Sony, нашите картички CFexpress Type A нудат над десет пати поголема отпорност на виткање од стандардните картички CFexpress. Тие се дизајнирани за апсолутна сигурност и нивната цврстина е тестирана со сила од 150 њутни, за да ги заштитат вашите податоци во картичките при паѓање од висина до 7,5 метри - пет пати повеќе од тоа што го наложува стандардот CFexpress Type A.
Бидете сигурни дека мемориските картички CFexpress Type A од Sony ќе работат беспрекорно при екстремни температури, во лоши електростатички опкружувања и под силна UV-светлина и рендгенски зраци. Благодарение на заштитата од навлегување прав и влага со ознака IP57, вашите податоци ќе бидат безбедни дури и при паѓање на плажа или случајно ставање во машината за перење.
Дури и во случај на проблем, избегнете катастрофа со преземање софтвер наменет за сопственици на мемориски картички од Sony кој овозможува обновување на случајно избришани датотеки и оштетени фотографии и видеоснимки во различни формати.