Брз хибриден автоматски фокус за прецизност и истрајност
AF со голема покриеност користи интелигентно следење и сензор со откривање на фаза што го опфаќа најголемиот дел од сликата. Заедно со висококвалитетни објективи со E-приклучок, добивате неверојатно прецизни и истрајни перформанси на AF, дури и при снимање објекти во движење со мала длабочина на полето во 4K и со стапка на слики од 120p0.
Моќна контрола на фокусот за сниматели
Со можност за бирање 7 нивоа на брзина на премин на AF, како и 5 нивоа на чувствителност на поместување на објектот, може подобро да се изразите кога менувате објекти или кога менувате фокус. Еден допир може привремено да го активира AF дури и при рачно ракување со фокусот.
Ве молиме прифатете ги колачињата на Youtube за да го погледнете видеото
Отворете ги опциите за колачиња подолу и вклучете ги колачињата на Youtube во делот „Functional“ (Функционални).
AF на очи во реално време користи AI за прецизно фокусирање за очите, сега подобрено за 30%0 за профили или делумно видливи ликови. Континуираното следење на очите овозможува да се сконцентрирате на композицијата и при мала длабочина на фокусот.
Следење во реално време со ракување на допир
Следењето во реално време ги анализира информациите за боите, шемата, длабочината и лицето на објектот за да го следи објектот. Следењето со допир интуитивно и автоматски го следи објектот којшто ќе го допрете на LCD-екранот.
Вградена стабилизација на слика со 5 оски
Единицата за стабилизација на сликата со голема прецизност и жироскопот нудат оптичка стабилизација на слика со 5 оски.
[1] Странично вртење [2] Ротирање [3] Вртење нагоре или надолу
Активен режим за рачно снимање
Новиот активен режим02 овозможува подобрена стабилизација при снимањето. За да го зачува квалитетот на сликата, процесорот BIONZ XR прецизно го мери тресењето на камерата и врши оптичка компензација. Ова овозможува снимање стабилни видеоснимки во 4K-резолуција2, дури и при рачно снимање без механизми за стабилизација или при чекорење.
Ве молиме прифатете ги колачињата на Youtube за да го погледнете видеото
Отворете ги опциите за колачиња подолу и вклучете ги колачињата на Youtube во делот „Functional“ (Функционални).
Дознајте ги четирите уникатни предности на објективите со E-приклучок од Sony за снимање видео. Комбинацијата од објективи и фотоапарати од Sony ќе ви овозможи подобро доживување при снимањето видео.
Дигиталниот аудио интерфејс додаден на приклучокот за повеќе интерфејси (MI) овозможува директен 24-битен влез. Достапните поставки се 48 kHz/16-бита 2-кан., а со користење на изборниот адаптер XLR-K3M, 48 kHz/24-бита 2-кан. и 48 kHz/24-бита 4-кан.
Уникатно ослободување топлина за сигурно снимање
Уникатниот графитен ладилник во форма на Σ (сигма) од Sony е вграден во модулот за стабилизација на сликата. Тој ослободува топлина 5x поефикасно0 за подолго време на снимање, без попречувања во стабилизацијата на сликата.
Лесно снимање видеоснимки
Како одговор на барањата од професионалните корисници, копчето за ВИДЕО е преместено на горната страна за подобрено ракување при секој агол на снимање. Распоредот на копчињата за режимите и брзината на менувањето се исто така подобрени.