Активниот режим ги користи модулот за стабилизација на слика, жироскопите и софистицираните алгоритми за да овозможи ефикасна оптичка стабилизација на слика при снимање видео. Моќниот процесор за обработка прецизно ја открива потребната количина на компензација и врши рамномерна стабилизација во сите формати, вклучувајќи и 4K, без да влијае негативно врз компактната големина и преносливоста на α7 IV. А бидејќи при снимањето видео се снимаат и податоците од жироскопот, може да примените уште поефикасна стабилизација при обработката по снимањето, со помош на софтверот Catalyst Prepare™/Prepare Plugin™, за да добиете неверојатно јасни видеоснимки.