Постојан напредок на обработката на видео

Фотографија од снимател кој ја користи вградената стабилизација на слика со активен режим, без дополнителна опрема Фотографија од снимател кој ја користи вградената стабилизација на слика со активен режим, без дополнителна опрема

Постојан напредок на обработката на видео

Портрет од жена снимен со висока резолуција 4K со 60p

Видеоснимки во 4K со 60p0 и јасен и природен изглед

Сега може да снимате видеоснимки во 4K со 60p и обработка на сите точки без нивно соединување, благодарение на новиот сензор за слика на α7 IV и широкиот динамички опсег што создаваат јасни слики од субјектите кои се движат брзо.
Слика што прикажува како се користи прекумерно семплирање во 7K за генерирање 4K-видеоснимки

Прекумерно семплирање во 7K0 за прекрасни слики со богати детали 

Прекумерното семплирање во 7K за целосна слика е можно при снимање 4K-видео со максимум 30p, а како резултат добивате содржини со висока резолуција 4K и врвни детали. Изберете го најсоодветниот режим за вашата цел и препуштете сè на фотоапаратот.
Портрет од жена што ја прикажува прекрасната репродукција на бои од снимањето со 10 бита и 4:2:2

Поквалитетна слика и снимање со 10 бита и 4:2:2 

Снимајте видеозаписи со неверојатна длабочина од 10 бита и семплирање на бои од 4:2:2, со кодирање слики со Long GOP или All-Intra, за поголема флексибилност при градации, обработка по снимањето и спојување на сликите.
Лево: слика од HEVC/H.265 и поделба на сложен дел од видеозаписот во помали сегменти заради обработка; Десно: слика од AVC/H.264 и еднаква поделба на целиот видеозапис заради обработка

Поддржано е кодирање со Long GOP и со All-Intra

Снимањето со All-Intra ги кодира сите слики независно, со бит-стапки до 600 Mbps, овозможувајќи снимање сложени движења со поголема прецизност и поефикасни работни процеси за уредување.    

[1] All-Intra (All-I) [2] Long GOP [3] Група слики
Лево: слика од HEVC/H.265 и поделба на сложен дел од видеозаписот во помали сегменти заради обработка; Десно: слика од AVC/H.264 и еднаква поделба на целиот видеозапис заради обработка

Врвен квалитет и помали датотеки со XAVC HS

Формат за снимање XAVC HS користи кодирање HEVC/H.265 за да постигне двојно поголема ефикасност за компресирање од кодирањето AVC/H.264, овозможувајќи врвен квалитет на слика и помали датотеки што заштедуваат простор.

Изберете изглед по ваша желба за покреативни видеоснимки

Поддршка за S-Cinetone™, креативен изглед и S-Log3

Матрицата на бои S-Cinetone, основана врз технологија стекната преку развој на камерите CineAlta како што е VENICE, создава импресивен изглед со прекрасни тонови на кожата без потреба од уредување по снимањето. Однапред поставените опции за креативен изглед создаваат други интересни режими за визуелен амбиент, а може да ја користите и гамата S-Log3 за да пристапите до целосниот динамички опсег на фотоапаратот (над 15 чекори0) за полесни работни процеси по снимањето.

Нова компензација за промени во фокусната должина0

a7 IV ги користи нашите технологии за објективи и фотоапарати за да овозможи иновативна компензација за промени во фокусната должина, што е ексклузивна за објективите со E-приклучок од Sony. Со минимизирање на можните промени во аголот на гледање кога снимате видео, ако извршите поместување на фокусот со одредени објективи, може да добиете импресивни резултати - за нови креативни можности со различни објективи со E-приклучок од Sony.

Мапа на фокусот за визуализација на длабочината на полето

По барање на професионалните креатори на содржини, новата функција за мапа на фокусот ви овозможува прегледен приказ на длабочината на полето кога фотографирате0 . При користењето, информациите за фокусот (мапа на длабочина) се прикажуваат во реално време врз приказот во живо, за да имате преглед кои површини се во фокус.
Фотографија од снимател кој ја користи функцијата за помош при AF

Помош при AF0 за поместување на фокусот при користење AF

Пренесена од Cinema Line FX6, функцијата за помош при AF нуди избор помеѓу автоматски и рачен фокус. Поместување на фокусот се врши со ротирање на прстенот за фокусирање за да преминете во MF и да го поместите фокусот - AF продолжува штом престане ротацијата. 
Фотографија на која автоматскиот фокус се користи за прецизно фокусирање на главниот субјект

Прилагодување на фокусот за креативна слобода 

Функциите за прилагодено фокусирање, присутни и кај моделите од повисока класа како α1 и α7S III, нудат креативни опции за снимање видео како поместување на фокусот, брза промена на целта на AF и приспособлива чувствителност за следење субјекти.

Стабилизација со „активен режим“ и високи перформанси 

Сигурна поддршка за рачно снимање видео

Стабилизацијата со активен режим0 за снимање видео е основана врз прецизниот модул за стабилизација, жироскопите и софистицираните алгоритми на фотоапаратот. Таа прецизно ја открива потребната количина на компензација и врши стабилизација за да овозможи стабилно снимање 4K-видеоснимки1, без притоа да влијае негативно врз компактната големина и преносливоста на α7 IV. 

Предности на објективите од Sony за снимање видео

Дознајте ги четирите уникатни предности на објективите со E-приклучок од Sony за снимање видео. Комбинацијата од објективи и фотоапарати од Sony ќе ви овозможи подобро доживување при снимањето видео.
Слика што прикажува како датотеките за видео снимени со фотоапаратот се префрлуваат во Catalyst Browser или Catalyst Prepare

Прекрасни слики со подобра стабилизација на слика

α7 IV ги снима податоците од објективот и жироскопот како метаподатоци, поради што Catalyst Browse/Prepare овозможува дополнително елиминирање на тресењето на фотоапаратот и прилагодување на стабилизацијата на сликата дури и по фотографирањето. 
Фотографија од фотоапарат со прикачен микрофон со насочување што се продава посебно

Интерфејс за дигитален звук за поквалитетен звук

Приклучокот за повеќе интерфејси (MI) овозможува поврзување без кабли и директен трансфер на дигиталниот сигнал за звук за да добиете висококвалитетен звук без загуби, а може и да ги напојува микрофоните со што ги елиминира грижите за батерии. 
Слика одблиску од вградениот микрофон на фотоапаратот

Вградениот микрофон има заштита од ветер

Користејќи новосоздадена технологија за обработка на сигнали, кога намалувањето на шумот предизвикан од ветер е поставено на „Автоматски“ и уредот открие таков шум, шумот значително ќе се намали без да се променат другите звуци.