Сигурен и брз автоматски фокус

Фотографија на која автоматскиот фокус овозможува јасно фокусирање на човек кој учествува во брзи спортски активности Фотографија на која автоматскиот фокус овозможува јасно фокусирање на човек кој учествува во брзи спортски активности

Сигурен и брз автоматски фокус

Фотографија од човек кој спортува, врз која се прикажани точки за AF што ја прекриваат целата површина на сликата

Еволуција на брзиот и хибриден AF

Системот со брз и хибриден AF еволуираше уште повеќе за да понуди поголема брзина, прецизност и перформанси за следење. Благодарение на 4D FOCUS од Sony, широката и густа површина за AF со 759 AF-точки за откривање на фаза покрива приближно 94% од површината на сликата на фотографиите и видеоснимките.
Десет континуирано снимени слики од човек кој учествува во динамичка спортска активност

Континуирано фотографирање до 10 слики во секунда0 

И механичката и електронската бленда ви овозможуваат да снимите повеќе од 800 слики & со брзина од 10 fps и AF/AE со следење, благодарение на меѓумеморијата, брзиот процесор BIONZ XR и големата брзина на запишување на мемориските картички на α7 IV.

AF на очи и следење во реално време врз основа на AI од Sony0

Алгоритамот за препознавање субјекти од Sony користи податоци за бои, шеми (светлина) и оддалеченост на субјектот (длабочина) за обработка на информациите во реално време. AI се користи за прецизно откривање и следење на очите и лицето на субјектот (човек, животно или птица). Изберете субјект и препуштете му сè на фотоапаратот. 
Фотографија на која е прикажано следење во реално време, со рамка за AF што прикажува фокус врз субјект кој се движи брзо

Подобар AF на очи во реално време 

Окото ќе биде во фокус за да може да се концентрирате на композицијата 

Најновиот процесор значително ги зголемува перформансите за AF на очи во реално време, дури и ако субјектот гледа нагоре, надолу или странично. Може да користите и следење со допир за да активирате следење во реално време на субјект во кадарот, а во исто време ќе се активира и AF на очи во реално време доколку функцијата открие око - треба само да допрете на екранот. 
Фотографија на која е прикажана употребата на AF на очи во реално време, со рамка за AF што го прикажува фокусот на окото на субјектот

Фотографии од домашни миленичиња на едноставен начин 

Брз и прецизен фокус за тешки снимки од животни0

Ако изберете „Животно“ како тип на субјект за откривање, ќе можете автоматски да откривате и следите очи на животни0 и поуспешно ќе снимате видеоснимки и фотографии од диви животни и од вашите домашни миленичиња. Откривањето очи на животни е подобрено и нуди сигурно следење и прецизен фокус дури и кога лицето на животното е свртено наопаку.
Фотографија на која е прикажана употребата на AF на очи во реално време за животни, со фокус на окото на кучето

AF на очи во реално време за птици0

Откривањето очи на птици е достапно и за фотографии и за видеоснимки

За прв пат во серијата α, откривањето очи на птици е достапно и за фотографии и за видеоснимки - само изберете ја опцијата „птица“ како субјект. Неверојатната брзина и прецизност на фотоапаратот овозможуваат автоматско следење на одредени птици0, независно дали стојат или летаат, со стабилно фокусирање на очите и покрај нивните брзи и непредвидливи движења.