Освен нова опција за снимање неверојатни 4K-видеоснимки0 со 2,4 пати1 поголемо семплирање, фотоапаратот нуди и нов профил за слика HLG (Hybrid Log-Gamma)2 што поддржува моментални HDR-работни процеси.
Обработка на сите точки за 4K-видеоснимки со висока резолуција0
Обработката на сите точки без соединување во режим за целосна слика од 35 мм ви овозможува да компресирате 2,4 пати0 повеќе податоци отколку што е потребно за 4K-видеоснимките (QFHD: 3840x2160). Според потребата, може да изберете режим за целосна слика или режим Super 35 мм. За снимање во 4K1 се користи XAVC S со бит-стапка до 100 Mbps.
Подобри перформанси за автоматско фокусирање
Подобрен брз хибриден AF за снимање видеоснимки
Брзиот хибриден автоматски фокус, со AF со откривање на фаза и AF со откривање на контраст, ги фокусира објектите во движење и рамномерно ги следи. За снимање видео е достапна широка површина за AF. Намалената брзина на AF нуди понагласени ефекти за бавно фокусирање. Добијте поголема слобода за усогласување на одзивот на фокусот со специфични сцени.
HLG (Hybrid Log-Gamma)0& за моментални HDR процеси
Профилот за слики HLG поддржува моментални HDR-работни процеси. Видеоснимките снимени со HLG ќе изгледаат реално и со минимален број на премногу затемнети или осветлени површини што можат да ја намалат градацијата и деталите.0
[1] Флексибилност за детално прилагодување на сликите (потребна е градација на бои) [2] Моментално снимање на висококвалитетни слики (не е потребна градација на бои)
Поддршка за S-Log3 и за забавени и брзи движења0
S-Log3 ја подобрува градацијата од сенките до средните тонови и го зголемува динамичкиот опсег до 14 чекори. Исто така, може да изберете стапка на слики од 1 до 120/100 fps0 за забрзано движење до 60x и забавено движење до 5x.
Предности на објективите од Sony за снимање видео
Дознајте ги четирите уникатни предности на објективите со E-приклучок од Sony за снимање видео. Комбинацијата од објективи и фотоапарати од Sony ќе ви овозможи подобро доживување при снимањето видео.