Листа со функции

Илустрација

Сензор за целосна слика со задно осветлување и 24,2 MP

Сензорот за целосна слика Exmor R™ CMOS од 35 мм се одликува со резолуција од 24,2 милиони точки0, задно осветлување и дизајн без простор помеѓу чипот и леќите за извонредна чувствителност и динамички опсег. Бакарните жици и предниот LSI-процесор овозможуваат двапати побрзо1 исчитување податоци.
Илустрација

Подобрен систем за обработка на слика

Комбинацијата од нова генерација на систем за обработка на слики и нов сензор го подобрува квалитетот на сликата за 1,5 чекори0. Големиот опсег на чувствителност до ISO 51200 е стандарден, а при мала чувствителност може да добиете динамички опсег до прибл. 15 чекори1. Подобрената репродукција на детали и намалувањето на шумот во одредени површини го намалуваат шумот и овозможуваат висока резолуција. Значително е подобрена и репродукцијата на бои, особено на кожата и во сцените со природа. Исто така, M6 1B6 поддржува снимање во 14-битен RAW-форматt2 дури и при бесшумно/континуирано фотографирање3.
Слика од користење

Пошироко, побрзо и постабилно автоматско фокусирање

Подобрениот систем за обработка на слика и алгоритамите за AF од фотоапаратот α9 што се оптимизирани за α7 III ги подобруваат брзината, прецизноста и перформансите за следење на AF. 693-те точки за AF со откривање на фаза и 425-те точки за AF со откривање на контраст нудат широка покриеност со густа распределеност. Двојно0 поголемата брзина на AF и попрецизните перформанси за AF со следење ви овозможуваат да доловувате и фокусирате објекти што се движат брзо и непредвидливо. α7 III, исто така, нуди сигурно автоматско фокусирање со мала осветленост до EV-31.
Слика од производот

AF со откривање на фаза во фокусната површина поддржува објективи со A-приклучок

AF со откривање на фаза може да се користи и кога на α7 III е прикачен објектив со A-приклучок0 преку адаптерот LA-EA3. AF-системот со откривање на фаза во фокусната површина со 693 точки нуди голема покриеност, брз одзив и следење со високи перформанси.
Слика за пример

Секогаш задржете ги очите во фокусот

AF на очи го поддржува режимот AF-C со поголема прецизност што значително го подобрува снимањето портрети, а поголемата брзина на AF овозможува полесно снимање портрети од објект во движење, дури и ако објектот гледа надолу и во различна насока од фотоапаратот или, пак, лицето е осветлено одзади и делумно е во темнина. α7 III поддржува AF на очи со објективите со A-приклучок0 кога се прикачени со адаптер.
Слика од производот

Копче AF-ON и копче за избирање

Новото копче AF-ON го активира автоматското фокусирање без половично притиснување на копчето за да фокусирате, за да можете да се концентрирате на моментот во кој сакате да се активира блендата и веднаш да го доловите моментот. Копчето за избор овозможува брзо и ефикасно поместување на точката за фокусирање. Избирањето и поместувањето на точката за фокусирање е интуитивно за да не ги пропуштите одличните прилики за доловување на подвижните објекти.
Слика од користење

Обемен и практичен AF

Чувствителноста за следење на AF кога фотографирате се прилагодува во пет чекори за објекти што се движат надвор од фокусната површина. Точките и површините за автоматско фокусирање остануваат непроменети или се менуваат при промена од хоризонтална во вертикална положба или обратно, во зависност од ситуацијата за фотографирање. Регистрацијата на AF-површина ви овозможува да ги меморирате често користените поставки за фокусните точки и да ги доделите на прилагодливо копче за брзо и практично користење со еден допир, во секое време.
Илустрација

Брзина до 10 fps со AF/AE со следење

Благодарение на новите подобрувања на блендата и системот за обработка на слика, α7 III може да фотографира континуирано со 10 fps и AF/AE со следење1 (до 8 fps1 со минимално доцнење на приказот во режимот за континуирано фотографирање со прегледување во живо) за да овозможи лесно и стабилно фотографирање дури и на објекти што се движат постојано. Во една континуирана серија2 може да се снимат приближно 177 JPEG-слики (стандардни) со максимална резолуција, 89 компресирани RAW-слики или 40 некомпресирани RAW-слики. Електронската бленда овозможува фотографирање диви животни и други чувствителни ситуации без шум и вибрации, кога дури и најтивкиот шум може да уништи прилика за идеална снимка.
Илустрација

Подобро ракување за континуирано фотографирање

Сликите снимени во режим на континуирано фотографирање може да се прикажат како група, а таквите групи може да се избришат или заштитат со практична функција. Освен тоа, благодарение на поголемиот капацитет за секвенцијално фотографирање и компатибилноста со UHS-II-медиуми, фотоапаратот значително го олеснува процесот на запишување податоци во мемориските картички. Копчето Fn и копчето за мени се користат за итно менување на поставките по континуираното фотографирање, додека сè уште трае запишувањето на податоците0.
Слика за пример

Фотографирање без треперење

Треперењето од флуоресцентната и другите видови на вештачка светлина се открива автоматски, а активирањето на блендата се темпира за минимизирање на ефектот на треперење кај фотографиите. На овој начин се намалуваат аномалиите во експозицијата и боите во горниот и долниот дел на сликите снимени со голема брзина на блендата, како и недоследностите во експозицијата и боите помеѓу континуираните снимки, за да снимате подобри слики во затворени простории.
Илустрација

Јасни, природни и реалистични 4K-видеоснимки

4K-видеоснимки0 со целосна слика, висока резолуција и обработка на сите точки без соединување на точките што овозможува намалување од приближно 2,4 пати1 на податоците потребни за 4K-видеоснимки (QFHD: 3840 x 2160) и резултира со минимално заматување. Напредната обработка на слика овозможува снимање 4K-видеоснимки со целосна слика и извонреден квалитет со среден до висок опсег на ISO, за да извлечете максимум од уникатниот потенцијал на 4K-форматот за видео во секоја снимка. Може да го изберете режимот Super 35 мм наместо режимот за целосна слика, во зависност од потребата.
Илустрација

Наменет за различни потреби при снимањето HDR видео

α7 III задоволува најразлични потреби за снимање во HDR и нуди S-Log3 и S-Log2-криви на гамата за детално прилагодување на сликите со голема флексибилност и по ваша желба, преку градација на тонови при обработката по снимањето [1], а нуди и нов профил за слики HLG (Hybrid Log-Gamma)0 за моментални HDR работни процеси. Меѓутоа, градацијата на боите не е потребна за да уживате во моментална репродукција на висококвалитетни и реалистични слики [2] без блокирани сенки или премногу осветлени површини на телевизор компатибилен со HDR (HLG).

Разновидни функции за снимање видеоснимки

α7 III нуди многубројни функции за олеснување на работните процеси на професионалните сниматели, вклучувајќи излезен сигнал преку HDMI, временски код / кориснички информации (TC/UB), контрола на снимањето, поставување/приказ на маркер, функција за црни и бели ленти, бавни и брзи движења0, истовремено снимање на видео преку прокси сервер, вадење и одделно складирање на слики од видео и функција за помош за приказ на гамата.
Слика за пример

Подобрен брз хибриден AF за снимање видеоснимки

Ефикасната комбинација од AF за откривање на фаза во фокусната површина и AF со откривање на контраст прецизно ги фокусира дури и објектите што се движат брзо, а потоа ги следи рамномерно додека снимате видеоснимки. Покриеноста на AF за видеоснимки опфаќа широка површина што е приближно иста со површината за AF за фотографии, па затоа штом густо распределениот AF систем фокусира некој објект во видеоснимката, фотоапаратот ќе продолжи да го следи стабилно и непрекинато. Трите поставки за брзина на AF ви овозможуваат да користите ефекти на бавно фокусирање додека снимате видеоснимки.
Слика од користење

Мое мени и нов интерфејс на менито

Моето мени ви овозможува да регистрирате и подредите најмногу 30 елементи од менито според фреквенција на користење, за да можете веднаш да ги активирате, а елементите што не ги користите може да ги избришете. Може да направите прилагодено мени што ќе одговара на специфични потреби за фотографирање. Примарните менија на α7 III се реорганизирани за полесно пребарување, а имињата на групите и броевите на страниците се прикажуваат во горниот дел.
Слика од користење

Функцијата за оценување е практична за подредување веднаш по снимањето

Фотографиите може да се оценуваат со оценка од 1 до 5 ѕвезди што ќе се пренесе при увезување на сликите во PlayMemories Home или во новиот софтверски пакет Imaging Edge од Sony за компјутер. Оваа функција и функцијата за заштита што спречува ненамерно бришење слики може да се доделат на прилагодено копче (C3 за заштита според зададените поставки). Оценките и заштитата може да се применат при прегледувањето, а може да прегледувате, заштитувате и бришете континуирани групи веднаш по снимањето или додека патувате.
Илустрација

Брзо прилагодување

Регистрирајте ги поставките на фотоапаратот (најмногу две во фотоапаратот и четири на мемориската картичка) за брз пристап преку вртливото копче за режими. Може да доделите најмногу 81 функција на 11 прилагодливи копчиња, а може да доделувате и групи на прилагодени функции за фотографии, видеоснимки и репродукција. Функцијата за повикување прилагодени поставки при задршка на копче е практична за привремено повикување на поставките за фотографирање доделени на прилагодените копчиња додека тие копчиња се притиснати.
Илустрација

XGA OLED Tru-Finder™ со висока резолуција и голем контраст

Овој XGA OLED Tru-Finder со прибл. 2359K точки ги нуди сите предности на OLED-визирите, како висока резолуција и контраст, одлична градација и репродукција на бои, за реалистичен приказ на сликите со јасна видливост низ целата површина на сликата. Зголемување од 0,78x (прибл. 38,5° дијагонално видно поле). T*-слојот од ZEISS значително ја намалува рефлектираната светлина во леќата на окуларот. Активирањето е приближно 40% побрзо во споредба со α7 II, кога фотоапаратот е вклучен. Освен тоа, режимот за приказ може да се постави на „Високо“ за да се прикажуваат повеќе и поприродни детали и да се искористат максималните придобивки од податоците што ги чита сензорот со 24,2 ефективни милиони точки.
Слика од користење

LCD-екран на допир за лесно и моментално ракување со фокусот

LCD-екранот од тип 3,0 со 922K точки нуди ракување преку екран на допир и светол, јасен и детален приказ дури и надвор. Користете го фокусирањето на допир за моментално фокусирање во точката што ја допирате на екранот и подлогата на допир за повлекување на кадарот за фокусирање со помош на вашиот прст по LCD-екранот додека ја следите снимката преку визирот. Овој LCD-екран се закосува нагоре до 107° и надолу до 41° за да овозможи флексибилно и практично држење на фотоапаратот и следење на снимките. 
Илустрација

Вградена стабилизација на слика со 5 оски и поголема брзина на блендата до 5,0 чекори

Овој сеопфатен систем врши компензација на пет вида тресење на фотоапаратот што предизвикуваат заматување на сликите: тресење при движење/вртење кога фотографирате со големи фокусни должини; тресење по X/Y оската при фотографирање одблиску (вклучувајќи и макро); и тресење при ротирање кога снимате видеоснимки и фотографии во темнина. Тој ефикасно ја зголемува брзината на блендата за 5,0 чекори0 за да може α7 III максимално да ги искористи своите можности за висококвалитетна обработка на слика и перформанси за прегледување во живо. Освен тоа, може да користи објективи со A-приклучок преку адаптер за монтирање објективи, но и објективи со E-приклучок.
Илустрација

Врска за информации за локацијата преку Bluetooth®

Фотоапаратот може да го впарите со апликацијата Imaging Edge Mobile0 инсталирана на компатибилен мобилен телефон или таблет-уред за да добивате податоци за локацијата, да ги вметнете тие податоци во фотографиите и да ги коригирате поставките за датум/време и локација на фотоапаратот.
Слика од користење

Непречено поврзување со компјутер преку USB 3.1 Gen 1 приклучок

Приклучокот USB Type-C™0 поддржува USB 3.1 Gen 1 за брз далечински пренос на големи RAW-датотеки во компјутер, за да можете брзо да прегледувате слики на компјутер и да продолжите да фотографирате без да чекате. Исто така, опцијата за пренос само на JPEG датотеки во компјутерот овозможува уште побрзо прегледување на сликите на компјутер по континуираното фотографирање бидејќи фотоапаратот не мора да испраќа големи количини на RAW податоци.
Слика од производот

Поголема издржливост на батеријата, како за професионално фотографирање

Батеријата NP-FZ100, што овозможува сигурно фотографирање во долги периоди, има приближно 2,2 пати поголем капацитет од батеријата NP-FW50 за да можете да снимите приближно 710 фотографии0 со едно целосно полнење, а во изборниот вертикален држач VG-C3EM може да ставите две батерии. USB Type-C™ и повеќенаменскиот/микро USB приклучок овозможуваат напојување на фотоапаратот со надворешни преносливи батерии за подолго снимање. За попрактична употреба, може да користите галантерија како што е далечинскиот управувач преку повеќенаменскиот/микро USB приклучок и да го напојувате фотоапаратот преку приклучокот USB Type-C™. Изборниот полнач за батерии BC-QZ1 нуди побрзо полнење отколку преку USB.
Слика од производот

Два отвори со компатибилност за UHS-II

Овој фотоапарат има два отвори за медиуми, односно за SD-картичка (компатибилна со UHS-II за брзо запишување податоци) и SD-картичка/Memory Stick. Двете картички во отворите може да се користат за истовремено снимање или снимање со пренасочување податоци; одвојте ги RAW податоците од JPEG податоците или фотографиите од видеоснимките; и копирајте податоци од една во друга картичка. Капакот за мемориските картички се заклучува за да спречи ненамерно отворање.
Илустрација

Врвна издржливост и ракување во лоши услови

α7 III функционира сигурно во опкружувања со лоши услови. Неговото куќиште е зацврстено со горен и преден капак и внатрешна конструкција изработени од лесна легура од магнезиум со голема цврстина. За поголема издржливост се користат шест завртки за приклучокот за објективи. Важните копчиња и вртливите копчиња се заштитени. Целото куќиште е заштитено за да се минимизира навлегувањето на прав и влага0.
Илустрација

Далечински управувач со еден допир и споделување со еден допир

Далечинскиот управувач со еден допир ги претвора паметните телефони или таблет-уреди во визир/далечински управувач. Споделувањето со еден допир овозможува пренос на фотографиите/видеоснимките во вашиот уред за споделување на социјалните мрежи. Инсталирајте ја апликацијата Imaging Edge Mobile0 преку Wi-Fi во вашиот уред со Android што поддржува NFC, а потоа допрете го уредот до фотоапаратот за да ги поврзете. Ако немате NFC, користете ја компатибилноста со QR кодови за да ги впарите уредите.
Слика од користење

Функции Remote, Viewer и Edit на Imaging Edge™

Подобрете ги вашите фотографии со компјутерските апликации Imaging Edge. Користете „Remote“ за контрола и следење на фотографирањето во живо преку компјутерот; „Viewer“ за брзо прегледување, оценување и избирање фотографии од големи колекции на слики; и „Edit“ за претворање RAW-податоци во висококвалитетни фотографии. Извлечете максимум од RAW-датотеките на Sony и управувајте со снимените материјали поефикасно.0
Слика од производот

Контрола на надворешен блиц преку фотоапаратот

Со ажурирање на софтверот на фотоапаратот, блицот и безжичниот управувач со радиосигнали добивате функција за поставување надворешен блиц што ќе ви овозможи да ги конфигурирате поставките на прикачениот блиц или безжичниот управувач со радиосигнали (и двата уреди се продаваат посебно) преку фотоапаратот. Повеќето поставки, вклучувајќи ја и јачината на светлината, ќе бидат достапни во менито на фотоапаратот и промените ќе се прикажуваат на екранот на блицот.